Македонија си е Македонија, никој не сака да си ги остави родителите и не му е воопшто мило 2000км да биди од дома ама сите се бориме за подобро утре, сите си имаме некои цели за кои што нашава сегашна политика не ни дозволува да си ги оствариме, само не уназадуваат со секакви нешта, еве јас сум од село и ќе прочитам коментари како селата се празни, па нормално дека ќе биди така кога сите вложуваат во земјоделие и не им се враќа на никаков начин, буквално платата ти е како да работиш во некој fast-food за 15000денари, а си работел едно 100пати повеќе од него (Секоја чест секому, секоја работа е тешка на свој начин), но неспоредливо е да работиш цела година по 15-16 саати на ден, за на крај да земиш 3000евра годишно, да размислуваш за влогови, да испланираш да вработиш и ти луѓе кои што би ти помогнале во работата итн.
Па имаш ризици од суши, елементарни непогоди и триста чуда, додека кога си вработен кај некој друг, од толку до толку и си заминав јас.
Цела поента на муабетот погоре е дека нашата работа овде не е воопшто ценета, вие што зборувате дека не треба да си одиме итн итн. или не сте работеле каде што сте биле понижени или пак мило ми е ако е така, си имате наследство од родителите.
Во нашава држава сме најмногу понижени, јас незнам колку би можело повеќе од ова.