- Член од
- 7 март 2009
- Мислења
- 1.127
- Поени од реакции
- 788
http://www.fluor.com/pages/default.aspx Пробај со овие,преку нив половина Куманово е отидено на "печалба".Ако пријателот твој навистина работи во кујна и лупи компири за американските маринци,тогаш од потврдени извори ти кажувам дека платата му е фиксно 2600 $,плус се му е обезбедено,храна,интернет итн.Базите се супер обезбедени со "тешка артилерија",едина опасност била ако те гаѓаат со минобацачи,тогаш имало некој радар кој ги ловел гранатите и имаш 15-20 секунди да истрчаш до подземниот бункер,така да рачунај ако си во клозет(на сред база е),може ќе ти се случи и да трчаш на гаќи до бункерот.Инаку,платата ти стига во банка и тоа во твојот матичен град,на посебна сметка.И тоа е проверено,така да мое мислење е ако не си женет,немаш др.можности за заработка, и си поприлично храбар и авантуристички тип,одма да се пријавиш,се исплаќа.Поздрав :smir:Здраво на сите. Ова е мојата прва тема на кајгана. Пред некој ден на оглас најдов број, контакт за работа во Авганистан. Имам еден пријател кој работи таму, како шеф на кујна. Ама се немам видено со него веќе 7месеци. Добро е платен па сакав повеќе да се информирам за таа работа, па се јавив на бројов. Човеков толку брзо зборуваше што збор не го разбрав. Пробав некако да се разбериме, но без успех. Се што разбрав е дека се ти е платено. Па им пишав на нивната емаил адреса. Се нарекуваат International Managing Corporation не најдов ни веб страна ни ништо. Прашав за информации. Но добив емаил дека треба CV да им пратам на англиски.
Мене ми требаат информации. Е сега ве прашувам вас, ако некој знае. Како е работава, што се е потребно за таму. Каде се работи и такви слични информации. А јас ќе пробувам некако да се разберам со чоеков Поздрав