Работа во АМЦ и СЕТЕК

Член од
28 септември 2018
Мислења
52
Поени од реакции
134
Дали некој знае колкави се платите на продавач во АМЦ и СЕТЕК?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570
За платите не знам, но можам да потврдам дека како и сите - или ај да не претерувам, па ќе речам речиси сите - компании од областа на информатичката технологија, вработуваат исклучиво свои луѓе преку семејни, пријателски или било какви други врски, што вообичаено не е проблем за нас купувачите.

Се` до моментот кога семејните, пријателските и другите видови на врски за вработување, почнат да носат секакви неписмењаци на продажни позиции, како што јас лично почувствував на своја кожа пред некоја недела, кога отидов во Сетек за да купам мрежен кабел, а госпоѓицата која работеше на касата ми кажа да го чекам колегата кој е специјализиран за таа област, бидејќи таа не знаела што е тоа што јас го барам.

Ова ептен почнува да потсетува на "Епл Генијалците" во продавниците на Епл, толкави генијалци се, што не знаат како да решат едноставни проблеми со Ајфон или Ајмек компјутер.

За жал, колку повеќе растат компаниите од типот на АМЦ, Сетек и сличните на нив, толку поголеми неписмени идиоти вработуваат.

Анхоч сеуште до некаде внимава на професионалните квалификации на своите вработени, иако и таму вработуваат со врски.

Но Анхоч има друг проблем - нивниот веб сајт дава едни податоци за достапност на производи на залиха, а во продавница кажуваат нешто тотално спротивно. Ова ми се има случено во повеќе наврати, ептен несериозни се` од гледна точка на веродостојноста на податоците кои ги објавуваат на нивниот веб сајт.
 
Член од
28 септември 2018
Мислења
52
Поени од реакции
134
Јасно ми е тоа, за жал така е. Се работи за мој роднина што сака да аплицира за работа во овие компании, но никако не можеме да разбереме колку се движи платата. Ако некој има информација однапред благодарам
 
Вообичаено платите се движат помеѓу 15.000 и 18.000 денари месечно, па нагоре.

Ништо нема да го чини твојот роднина ако аплицира, бидејќи можеби воопшто нема ни да го викнат на разговор.

А ако го викнат на разговор, барем ќе дознае од прва рака колкава би му била почетната плата - што не значи дека навистина ќе биде така, македонските работодавачи по навика ветуваат едно, а после нудат друго за своите работници кога ќе дојде време за потпишување на договор за вработување.

Исто така, доколку го викнат твојот роднина на разговор и доколку му го понудат работното место подоцна, тој сепак не мора да ја прифати работната позиција, слободно може да ги откачи, нема никаква обврска кон ниту еден работодавач само бидејќи бил на разговор за вработување.

Слободно нека аплицира, ништо нема да го чини.
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
Oд разговор со пријател кој е менаџер во една од овие компании, ми се пожали дека мака мачат да најдат кадар кој ќе има основно познавање.
Плата нуди 15000 денари со можност за покачување до 18000 денари после 2-3 месеци

Вели ако порано се пријавувале по 50 кандидати, сега има едвај 10-на и тие се ептен неупатени во работата и без никаква заинтересираност.
Многу младина избега надвор и стварно е голем проблем да се најде нормален работник.

Сетек кога сум одел порано, продавачиве си се викаа зете, куме. Мислев дека се зезаат прво, но потоа сватив дека е вистина. Комедија ми е фирмава.
 
GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.552
Поени од реакции
2.129

Па нека стават почетна плата 18к, не бараат келнери туку стручен кадар.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Па нека стават почетна плата 18к, не бараат келнери туку стручен кадар.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
За стручен треба 30+ да даваат. Нејсе, они не можат да најдат некој што знае да ти каже дали фенот има 2 или 3 брзини.

А Нептун се махери во нудење на Беко, бренд за се, затоа таму само треба Беко да знаеш да изговориш.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.644
Поени од реакции
38.835
Што е толку стручно во продавање на електронски гаџети и фенови?
Па секој продукт има спецификација и продавачот треба да ја знае, не можеш да најмиш дебили да ти продаваат што немаат грам интерес него луѓе што ги интересира тоа, дечкине што коментираат у темана за препораки на телефони имаат повеќе знаење од оние што работат тоа.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ама и кога ќе најдеш асален работник треба да го наградуваш постојано, покачување плата, бонуси, денови одмор, јавни пофалби пред сите итн., ретко која македонска фирма се труди да задржи работник. Кај неколку странски фирми имам видено дека ако на некој вработен на најниското скалило во фирмата (продавач) му фаќа црпката и е трудољубив, го збира и на канцелариска работа погоре во хиерархијата, унапредување ќе му дојде тоа.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
И на овие места се` уште има такви што имаат желба на работат.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Па секој продукт има спецификација и продавачот треба да ја знае, не можеш да најмиш дебили да ти продаваат што немаат грам интерес него луѓе што ги интересира тоа, дечкине што коментираат у темана за препораки на телефони имаат повеќе знаење од оние што работат тоа.
Секој млад човек што малку од малку се интересира за техника може да го работи ова, не ни мора факултет да има. За месец време има 90% од спецификациите да ги научи само од прашањата од купувачите кога ќе го гњават за тоа. Не викам дека е лесна работата, само не гледам потреба од некоја особена стручност да се работи, така да 300 евра е сосема прикладна плата.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.644
Поени од реакции
38.835
Секој млад човек што малку од малку се интересира за техника може да го работи ова, не ни мора факултет да има. За месец време има 90% од спецификациите да ги научи само од прашањата од купувачите кога ќе го гњават за тоа. Не викам дека е лесна работата, само не гледам потреба од некоја особена стручност да се работи, така да 300 евра е сосема прикладна плата.
Па не зборам за факултет. Сакам да кажам треба да вработиш луѓе што ги интересира тоа а не дебили, никој не знае спецификации за машини за перење нормално но ќе ги научи ако сака. А овие кај што сум идел некои освен ако не знаеш што ти треба благе везе нема што да ти препорача нешто да ти продаде. Нема никакви продавачки способности. Боље да имам двајца способни што знаат да продаваат и да ги плаќам по 500 евра него некои што не ги бива за 300.
 
Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.055
Поени од реакции
12.533
Секој млад човек што малку од малку се интересира за техника може да го работи ова, не ни мора факултет да има. За месец време има 90% од спецификациите да ги научи само од прашањата од купувачите кога ќе го гњават за тоа. Не викам дека е лесна работата, само не гледам потреба од некоја особена стручност да се работи, така да 300 евра е сосема прикладна плата.
Прикладна плата за во источна македонија - заборави да дополниш

Sent from my SM-G955F using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom