- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 30.433
- Поени од реакции
- 68.569
Еурофарм Работник е четвртиот македонски претставник во СЕХА лигата и петти клуб од државава кој ќе игра во групна фаза во ЛШ. Формирани во 2011 под името ХЈК Работник од страна на неколку легенди на Пелистер, со финансиска инјекција од Битолскиот бизнисмен, Силјан Мицевски, клубот за кратко време го постигна тоа што неговиот братски ривал долго време тежнееше да го постигне. Откако минатата година играа во групите на купот на ЕХФ, во домашното првенство успеаа да го симнат Металург од второто место и тоа на убедлов начин.
Тимот под палката на Стефче Алушески, во иднина ќе претставува сериозна закана и за Вардар, иако во моментов се чини дека квалитетот е на страната на скопјани.
Со неколку повратници од репрезентацијата како Митревски и млади засилувања од Металург, како и неколку квалитетни странци, Работник ќе настапи во послабите групи на ЛШ.
Тимот засега е во финансиски стабилна позоција, приватен клуб е, па нема проблем со општинари и некои термити од навивачките групи кои само ги кочат своите клубови и пред се не е заглавен во долгови од кои тешко се наоѓа излез. Сепак, фактот што се нетрадиционален клуб без фанови, може да значи дека спонзорот ќе му здосади да инвестира и веднаш да пропаднат. Во последно време привлекуваат публика од Битола на сметка на Пелистер, особено оние кои се љубители на ракометот.
Имаа одлична маркетинг кампања во предсезонава, продаваа сезонски и издејствуваа да настапуваат во Битола.
Клубот има големи амбиции во иднина само да видиме дали ќе проработи битолскиот кабадајски ген и ќе успеат да изненадат во ЛШ.
Долго врене мислења за овој клуб се постираа во фан клубот на Пелистер, така што сега може да пишувате овде.
Подетални информации ќе најдете на нивниот сајт.