РК Еурофарм Работник

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Еурофарм Работник е четвртиот македонски претставник во СЕХА лигата и петти клуб од државава кој ќе игра во групна фаза во ЛШ. Формирани во 2011 под името ХЈК Работник од страна на неколку легенди на Пелистер, со финансиска инјекција од Битолскиот бизнисмен, Силјан Мицевски, клубот за кратко време го постигна тоа што неговиот братски ривал долго време тежнееше да го постигне. Откако минатата година играа во групите на купот на ЕХФ, во домашното првенство успеаа да го симнат Металург од второто место и тоа на убедлов начин.
Тимот под палката на Стефче Алушески, во иднина ќе претставува сериозна закана и за Вардар, иако во моментов се чини дека квалитетот е на страната на скопјани.
Со неколку повратници од репрезентацијата како Митревски и млади засилувања од Металург, како и неколку квалитетни странци, Работник ќе настапи во послабите групи на ЛШ.
Тимот засега е во финансиски стабилна позоција, приватен клуб е, па нема проблем со општинари и некои термити од навивачките групи кои само ги кочат своите клубови и пред се не е заглавен во долгови од кои тешко се наоѓа излез. Сепак, фактот што се нетрадиционален клуб без фанови, може да значи дека спонзорот ќе му здосади да инвестира и веднаш да пропаднат. Во последно време привлекуваат публика од Битола на сметка на Пелистер, особено оние кои се љубители на ракометот.
Имаа одлична маркетинг кампања во предсезонава, продаваа сезонски и издејствуваа да настапуваат во Битола.

Клубот има големи амбиции во иднина само да видиме дали ќе проработи битолскиот кабадајски ген и ќе успеат да изненадат во ЛШ.

Долго врене мислења за овој клуб се постираа во фан клубот на Пелистер, така што сега може да пишувате овде.

Подетални информации ќе најдете на нивниот сајт.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.071
Поени од реакции
22.112
Чекај ме збунивте сега... Која тема ќе се прекрсти во Еурофарм ПАлистер после „фузијата“ оваа или онаа на Пелистер? Дали таа ќе биде исто прекрстена во Еурофарм ПАлистер Јуниор подоцна?

Него ме интересира дали овие имаат или ќе добијат инстант навивачка група ко бутел? Ако направат може кабадајџии да се викаат... Јеби га не е застрашувачки како чкембари ама пак е оригинално и во традиција на битолскиот кабадајски дух :ROFLMAO:

Замислите каква кампања може да водат за да привлечат публика... И јас сум РАБОТНИК и тоа со сина, сино бела де крв :ROFLMAO:

Нека им е со среќа во ЛШ и СЕХА, ајде оваа година да гледаме Ф4 во Битола. Ако не се лажам нас ни е редот да организираме Ф4, одамна не бил во МКД, ако изиграат кабадајџииве како треба најголем кабадајлук ќе биде пехарот таму да го подигнеме
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
najgolemi navivaci mu ste sve da vi ebam be :D
Реално, ќе имаат интересни натпревари сезонава и ќе има љубители на ракометот кои ќе коментираат, а немаат соодветна тема. Никогаш не се знае, може ќе имаат највеќе навивачи наредниве години :D

Темата не треба да служи за препукување меѓу нас и вас, бидете он-топик :icon_mrgr:
Мене ме интересира како ќе се снајде Алушот сезонава. Кога беше кај вас не го сакав многу и иако имаше неколку добри натпревари, знам дека дел од натпреварите беа местенки. Да видиме дали е созреан да води тим во ЛШ.
 

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.484
Поени од реакции
9.909
Ајде оваа година нема да мораат битолчани да навиваат за Вардар :D
Шала на страна убаво е што најракометниот град во Македонија ќе добие конечно клуб како што доликува и после долго време Битола ќе гледа ЛШ. Можеби токму тие ќе бидат еден ден клубот што ќе не симне од тронот ама потребна е посилна конкуренција и во лигата. Клубот за сега одлично работи, паметно ги користат средствата верувам дека ќе освојат многу симпатии кај публиката. Многу млади деца ќе сакаат да заиграат за Еурофарм, може ќе излезе и некој талент за репката. Во секој случај ќе биде интересно како ќе се покажат сезонава, доста симпатичен клуб се, нека им е со среќа.

Иначе и јас помислив за Ф4 во СЕХА, убаво би било да има еден спектакал во Битола, не верувам дека ќе бидат копачи овие да не пуштаат гостински навивачи. :D
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.708
Поени од реакции
12.482
Не ја пратев ситуацијата, пропадна договорот со пелистер? Иако ги заебававме, многу сакав повторно да се дигнат преку фузијата. Битола е ракометен град, сигурен сум дека салата ќе биде преполна ама сепак штета што не е пелистер. Така ќе имаше друг шмек.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Не ја пратев ситуацијата, пропадна договорот со пелистер? Иако ги заебававме, многу сакав повторно да се дигнат преку фузијата. Битола е ракометен град, сигурен сум дека салата ќе биде преполна ама сепак штета што не е пелистер. Така ќе имаше друг шмек.
Уште се отворени сите опции, таму не се знае кој јаде, кој пие. Сепак, поверојатно е дека нема да дојде до фузија.

Солидно тимче направија Работник, иако далеку се на пример и од составот на Металург во најдобрите години.
Враќањето на Митревски им е најголрм плус, а на голманска позиција ги имаат и Чане и Трајковски. Металург ги поеба за Танкоски, РФМ очекувано не му даде раскин на договор. Го имаат Ојлески, тука се браќата Маркоски, Маџовски и Велковски кои дојдоа летово, Чурлевски веќе трета година е таму итн.
Голем пех е повредата на Ратајац кој ќе отсутствува до јануари. Веројатнп најзвучни засилувања се Јотиќ и Вегар, кои се приклучија на сттанците кои ги имаа минатата година.
Стефче вика ќе атакувале на четврто место во групата во СЕХА, што реално и не е некој предизвик.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
На битолскиот портал "Гол" имаше пост за реновирањето на салата "Боро Чурлевски" и доле веќе имаш коментари од млади деца "Ова е Битола". Веќе се радуваат на тоа што ќе има СЕХА и ЛШ во нивниот град. А кој го носи тоа? Еурофарм Работник нормално. Ако не се смени нешо, тој тим низ годините ќе стане нов ракометен симбол на Битола, а Палистер ќе биде погребан колку и да не му се свиѓало тоа на некој.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.071
Поени од реакции
22.112
De be uste li ne sfativte sto e igrata? Pelister mora da propadne za fuzijata da bide izvedena kako sakaat. Pelister ke padne vo vtora liga sezonava i posle nikoj nema da se buni za fuzijata. Ke legnat site na brasnoto i ke prifatat se sto ke im se servira. Rabotnik ke go prekrstat vo Eurofarm Pelister a originalniot klub ke cmae godina dve vo vtora liga pod nekoe drugo ime i toa e toa...

Za zal del od planot e da go ponizat pelister i mkd za nekoja nedela vo EHF kupot koga koj i da im padne ima da go izbrise podot so niv.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Проценки за публика вечер? Ќе биде повеќе од пола полна салата?
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.198
Поени од реакции
4.896
Каков прост народ сте вие скопјани :pos:
Си отворија фан клуб и сите скопјани се коментираат овде :D Да играја во Скопје, ако не излезеше навивачка група Комити еурофарм еве на :D

Во ред е да си имаат на форумот фан клуб, али штета шо немаат фанови, па ќе треба вие скопјани да го одржувате фан клубот, кој можно е да пропадни како фан клубојте на РК Борец или РК Прилеп :cool::pivo2:

Незнам оти не сватите, дека овој клуб никогаш нема да ја добие поддршката во Битола, едино ќе се палат некои невести шо работат по аптеките ќе скокаат во првите редови со гага карти и нивните деца и евентуално некој роднини на ракометарите (кои како и да ги нема веќе, зошто ретко битолчани ќе има во екипата, се потпираат на странските ракометари).

Друго е да си фанатик и љубител на ракомет, друго е навивач на одреден клуб, овде во Битола и Мешков Брест со Загреб да играат ќе има 5000 публика и сите семки ќе јадат истото и со нив ќе е, макар шо знак прашалник е дали ќе се полни салата освен со Веспрем, Загреб и Мешков, и таму некоја поинтересна утакмица во ЛШ.

Паметни и разбрани битолчани, поддршка не даваат на овој клуб :ojeaa:
Околу публиката чист доказ ви се последните 2-3 сезони, каде на домашни утакмици во суперлигата Пелистер собираше повеќе публика околу 2-3000, за разлика од вас каде толку публика добивавте на севкупно 4 утакмици од СЕХА.

Јбг, ракометен град, но сега успех има другиот клуб од градот.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Солидна екипа се Работнициве,се што можеше Македонци собраа плус неколку странци.

Сигурен сум дека и на други екипи ќе им го земат скалпот во Битола,не само СЕХА и во ЛШ ќе бидат озбилна закана за сите екипи.

Иначе што се занесуваат овие од Пелистер немало публика да има,мртва атмосфера незнам што,салата скоро полна беше ако продолжат со добри резултати на натпреварите од ЛШ ќе нема игла кај да падне. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom