РК Еурофарм Работник

Член од
31 август 2019
Мислења
6
Поени од реакции
16
Бидејќи ова гледам дека е форум на РК Еурофарм Работник (сеуште), еве неколку информации за тие кој ја сакаат вистината.
Факт 1: РК Еурофарм Работник има свој пат на успехот во изминатите години на функционирање и веќе втора сезона е на второ место во нашата држава после РК Вардар - европски шампион.
Факт 2: РК Еурофарм Работник во своите редови има најголем број на македонски репрезентативци во споредба со било кој друг клуб.
Факт 3: РК Еурофарм Работник има најстабилен буџет во споредба со сите други ракометни екипи во нашата држава.
Факт 4: Во РК Еурофарм Работник во изминатите сезони само во 10% од одлуките за нови засилувања е направена грешка.
Факт 5: Во овој момент според потенцијалот на екипата од сите противници во групите во СЕХА и ЛШ само Веспрем е во улога на изразен фаворит во однос на РК Еурофарм Работник.
Факт 6: Во Битола во изминатите 25 години немало ракометна екипа со приближен квалитет на денешната на Еурофарм Работник.
Факт 7: РК Еурофарм Работник до денес нема добиено ништо од општина Битола. Во салата е инвестирано повеќе од 35000 евра во последните 2 месеци од страна на спомзорите на РК Еурофарм Работник само за да се игра ЛШ и СЕХА во Битола. Нема никаква врска дека салата е земена под концесија.
Факт 8: Играчите на РК Еурофарм Работник кој се позајмени во РК Пелистер се позајмени за да се овозможи колку е можно подобар настап на клубот во овие моменти. Инаку позајмените играчи се на платен список на РК Еурофарм Работник и без никакви облигации за РК Пелистер.
Факт 9: РК Еурофарм Работник направи и сеуште прави се што е можно за да се реализира платформата за ракометна Битола. Причината за тоа е единствена, само обединета ракометна Битола може да биде шампионска и ништо друго.
Факт 10: За досегашното нереализирање на платформата за ракометна Битола, РК Еурофарм Работник нема ни промил вина.
Факт 11: Клубот има јасно зацртана развојна политика која сега за сега успешно се реализира. Оваа сезона предизвиците се поголеми особено за периодот април - јуни 2020.
Факт 12: На првиот натпревар од СЕХА во салата имаше 1287 гледачи кој платија билет за да гледаат натпревар (во Битола за жал гратис за било што е најголем предизвик).
И уште многу други факти ама сега за сега мислам дека е доволно ....
 
Последно уредено:

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
6.630
Поени од реакции
6.990
Fakt 3- mislis za apple stanuva zbor . Kakov e toj stabilen budzet da ne pravat pari od rakometniot klub pa se samoodrzlivi?

Samo 10% od transferite utnale kazi mi ja formulava ziti se.

Vo moment koga Velkovski e reprezentativec ne e nesto wow da se palis deka imas najmnogu mk reprezentativci.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
- Стабилен буџет во ракомет значи да ги реализираш сите обврски кои си ги превзел, да не борџиш на играчи, тренери итн. Во ракометот нема ниту една екипа во светот која има самоиздржлив буџет.
- Формулата е многу јасна ако имаш доведено 20 играчи а само двајца не ги оправдале очекувањата тогаш имш утка од 10%
- Треба секогаш и секаде да се биде горд на македонските репрезентативци.
 
RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.228
Поени од реакции
1.885

Ova so formulava moze da ti pozavidi I Eden matematicar na forumov ke se javi Sam :) iskreno da ti kazam so mk igracive I nema nekoj efekt osven golmanive Dr se igra vtora postava ti pagja u Voda a uspat koga se bavis so presmetki vidi formulava kolku igraat nasive tamo..
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
6.630
Поени од реакции
6.990
od mk igraci LS kvalitet ti se Stole, Kire i Mirkulovski pred 3-4 god. Deki boj brka rabota ama ne vo Vardar drugo se mnozi so 0
И Жаре “ небрусениот дијамант” Пешевски во последниов период. Само не се за во исти тим со Столе пошто се буквално иста сорта.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
3.472
Поени од реакции
2.854
@SaseMaliO
Факт број 4, ептен боди очи и морам да те реплицирам, за другите точки не ни сакам да влезам во дискусија...
За оваа точка шо напиша, можам уште одма да утврдам дека Еурофарм ги следиш од оваа сезона !

Ги погодија трансферите последните 2 сезони со играчи од типот на: Џукиќ, Граџан, Остроушко и сега Јотиќ шо го зедоја, овие вредат да.....
Години нананад сигурно не ги знајш играчите од типот: Филиќи, Милиќи, разни балканци, тој голманот од Украина или каде беше шо неможеше да се наведни, па уште еден таков земјак имаја дрво и ред други шо не ми идат на памет сега, а земаја плати околу 4к евра, на Циле косата му паѓање ко ги гледаше на терен...
Последните година и пол, трансфер политиката му е подобрена, пред тоа му беше огромна 0, а не како шо пиша 10% само грешка при трансфери.
 
Член од
31 август 2019
Мислења
6
Поени од реакции
16
@SaseMaliO
Факт број 4, ептен боди очи и морам да те реплицирам, за другите точки не ни сакам да влезам во дискусија...
За оваа точка шо напиша, можам уште одма да утврдам дека Еурофарм ги следиш од оваа сезона
Ги погодија трансферите последните 2 сезони со играчи од типот на: Џукиќ, Граџан, Остроушко и сега Јотиќ шо го зедоја, овие вредат да.....
Години нананад сигурно не ги знајш играчите од типот: Филиќи, Милиќи, разни балканци, тој голманот од Украина или каде беше шо неможеше да се наведни, па уште еден таков земјак имаја дрво и ред други шо не ми идат на памет сега, а земаја плати околу 4к евра, на Циле косата му паѓање ко ги гледаше на терен...
Последните година и пол, трансфер политиката му е подобрена, пред тоа му беше огромна 0, а не како шо пиша 10% само грешка при трансфери.
Се согласувам, требаше да напоменам во последните две и пол години
 
Riddler

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
5.316
Поени од реакции
6.574
Најголема грешка на овие им е шо го пуштија Чирковиќ кој многу добро ја оформуваше екипата али виде со кој имат работа изгледа и си замина без размислување
 
Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
6.168
Поени од реакции
2.849
За џабе не си малиот како бе факт 6 најсилна екипа во последните 25 години шо збораш шо пишиш бе дете од кога гледаш ти ракомет во Битола од пред една две сезони?! Дај не се бламирај терајте си ја работата ама не се преценувајте оти како беше онаа имате пари немате слава...

Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
 
Јас ракомет во Битола гледам од времето кога беше императив на секој тогашен млад симпатизер и навивач да ги помине сите самопослуги на ЗИК Пелагонија и Прехрана во градот за да собере за на утакмица колку е можно повеќе искористени хартиени ленти од тогашните каси, од времето кога како деца најголема секојдневна разонода ни беше да одиме во сала и да гледаме тренинзи на ракометниот, кошаркарскиот клуб и куглање доколку не пуштеа во кугланата. Тоа беа времиња во кои на трибина на секој тренинг имаше по минимум 200 луѓе. Доколку знаеш за кои времиња зборам напиши го периодот. Доколу не си бил роден тогаш нема за што да прајме муабет. Доколку го знаеш периодот и си го изживеал истиот тогаш се надевам дека ќе ти разбидам убави спомени. Инаку мое лично убедување зад кое стојам целосно е дека моментално оваа екипа е најака во изминатите 25 год во Битола.
 
Последно уредено:

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
6.168
Поени од реакции
2.849
Не знам можи му велеше на чичковците да влезиш со нив за раче на утакмица за да гледаш или фаќаше пријател некој џандар за да влезиш а можи и тополите на фудбал ги памтиш и срчите на ѕидот ама ако е така како шо велиш нешто си преспал не видел па пишиш малку глупости дали нешто матиш во управа кај овие или како не знам ниту ме интересира ама да тврдиш дека ова е најдобриот тим во последните 25 е виц на неделата а ко си одел тогаш на времето можеш да се потсетиш на било која генерација на Пелистер и поединочно да ги споредуваш крила бекој голмани и се што сакаш па ќе ти речам едино сега шо чини е никучот и тро тој србинот а до глуждој не му се на поранашените играчи за да ги споредуваш но како и да е терај си го светот на бајките

Јас зборувам за екипа во даден момент. Не споредувам играчи. Како и да е начинот на дебатирање ти е многу празно кабадајски а тоа не е мој стил и затоа не би продолжил да дебатирам со тебе на оваа тема.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
2.327
Поени од реакции
930
Искрено, не очекував денес ни толку публика да има :) Вујин не игра за Спортинг, па колку-толку е некоја позитива за домаќините.
 
На врв Bottom