РК Алкалоид

and

Член од
21 октомври 2016
Мислења
37
Поени од реакции
95
Ова со Гурбиндо вероајтно ќе им биде погодок. Кире го знае, доста време играа заедно.
А и годините не би требало да е проблем. Никад и не бил атлета, немал скок шут, брза промена на правец, експлозивност...
Повеќе паметен играч, комбинаторен и кога ќе види празнина со еден чекор влегува. Добар во одбрана. Нешто као Канељас али ниво подоле.
Е сега прашање е зошто собраа толку наши десни бекови. Верувам еден ќе одпадне, другите двајца ќе добиваат по 5-10мин на сериозно утакмици.
А за Бинго друга приказна. Најнедефицитарната позиција во ракометот да ја пополниш со странец? Не дека Бинго е лош, јес дека слабо се покриени али има и наши деца. Кондев добро ќе им легнеше, а сигурно дека не би ги одбил за да остане во Тиквеш.
Како и да е наредна сезона ќе биде доста интересна. Вардар не би требало да е многу послаб од годинава. После подолго време ќе има три екипи кои се борат за врвот.
Уште да го сменија глупиот систем, да намалат број на клубови во прва лига, па секоја со секоја да изиграше барем по четири пати. Е тогаш ќе бевме сериозна лига со дерби во секое второ коло.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.558
Поени од реакции
8.142
Каква грижа за Македонските млади ракометари и репрезентацијата. Бинго, Гурбиндо.. во исчекување на Њокаси или Канељас?
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Што е ова со Гурбиндо бре? По трансферот на Велковски, Алкалоид во составот има 5 од 7-8 најдобри македонски десни бекови (Серафимов, Велковски, Савревски, Михаил Ивановски и Узунчев)...

Еве да речеме 2ца во Алкалоид, 2ца во Мулти Есенс, што ќе прават со останатите 2ца? Од ваква перспектива трансферот на Велковски е лудост. Серафимов таман влезе во ритам, игра важна улога во битни натпревари, решава, и сега да го седнат на клупа во Европската лига?

П.С. Се надевам некој паметен ќе го собере Михаил Ивановски - доста потценет талент според мене, тотално во четврт план третиран, а е интересен играч кој игра во два правци (не е некој шутер).

П.П.С. Штом одлучија да носат и странци, под итно треба дел од македонските играчи да си најдат нови клубови во прва лига во кои ќе играат - Пролет, Бутел, Тиквеш, Охрид, Голден Арт - се се тоа солидни опции кои ќе се борат за плејоф.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Ја мислев дека Никола Митревски ќе го соберат, ама му го продолжија договорот на Трајкоски, па не ми делува дека им треба уште еден голман. Зошто мислам дека оној Галевски го негуваат, па да го направат трет нема смисла.

Николче сигурно ќе си оди од Порто летово, па логично ми беше тука да дојде, пошто е близок со Киро, ама сега, не знам. Можда може пак да се деси ова.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
До 2024 има договор.
Да, ама слабо бранеше сезонава, а ко да видов дека потпишале друг голман, иако тој данецот што е во Порто си оди. Ама имаат еден 19/20 годишен протугалец кој мислам дека ќе го буткаат. Така што, мене ми делува дека има добри шанси Николче да го шутнат.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.852
Поени од реакции
3.320
Глупости! Прв избор треба да им биде Галевски за да добива искуство. Детето има страшен потенцијал да биде топ голман!
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Мене по ова ми делува дека овие ќе градат појака екипа од што очекував јас.
 
Член од
11 април 2023
Мислења
1.565
Поени од реакции
4.493
Проект со " македонски играчи " :facepalm:
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.701
Поени од реакции
5.620
За носењето странци ги разбирам до некаде,таа приказна ''македонски проект'' не може да функционира доколку сакаш титула во домашно првенство и успех во Европа,мора барем 4-5 квалитетни странци да донесеш.
Само не ми е јасно зошто упорно потпишуваат со македонски играчи што ниту се некои таленти,ниту се млади,играчи од средни години во кариерата што само пополнуваат ростер и земаат минутажа на младите играчи,подобро квалитетен странец земи него некој просечен наш играч.
Освен ако логиката е да потпишат се што е македонско и другите екипи да немаат што да прават,пошто има граница за носење странци ќе мора да носат под просечни домашни играчи за да ја комплетираат екипата.

Се утепаа од продавање магла како ќе форсирале македонски млади играчи,ќе бидат клуб репрезентација,а тука донеле 4 пикери и најмногу минутажа имаат Петров и Никола Маркоски,подобро едниот од Симоновски или Стојковиќ да си најде клуб кај што ќе има минутажа и ќе може да се развива,како тргнале нема да ме чуди и уште некој странец на пикер да донесат за да игра во Европа.
Секоја нормална екипа има 2 десни бека,евентуално трет некој помлад,овие собрале 5 десни бекови од кои 4 се во години кога мора да имаат минутажа,плус има најави дека Гурбиндо ќе потпише.
Ивановски и Узунчев ако одат во Мулти Есенс ќе биде подобро за нив,во Алкалоид не верувам дека терен ќе помирисаат во догледно време,Серафимов таман почна добро да игра и има некој напредок сега ќе му ја смалат минутажата со оглед на конкуренцијата,Савревски не знам што го земаа,20 години има му треба минутажа ако сака да напредува,а тука покрај Гурбиндо,Серафимов и Велковски не верувам дека би добил било каква шанса.
Потпишувањето на Велковски за мене е тотална глупост,покрај толку десни бекови ти носиш играч што има 26 години и се враќа од тешка повреда,ќе му треба доста време да влезе пак во ритам,а со оглед колку минутажа ќе добие тешко дека некогаш ќе ја врати формата од пред неколку години,подобро ќе беше да потпише во било кој друг македоснки клуб и полека да се враќа,Тиквеш,Охрид,Пролет или Бутел ќе беа идеални за него,вака потпис во Алкалоид е промашај и за него и за клубот.

Ова со голманов од Куба е капак на сите глупости што ги направија со трансферите,го оставија Благојче и носат уште еден искусен голман што веројатно ќе биде прва опција,Галевски место да оди чекор напред и да му даваат полека шанса во Европа они ќе го заковаат на трибини во поголем дел од сезоната.

Инаку оваа реченица доле е тоа што најмногу ме плаши за младите ракометари во овој ''македонски проект'',веројатно тоа е показател какви се амбициите на клубот за наредните години.

''Покрај Бинго и Ромеро, тимот на Кире Лазаров ќе донесе уште НАЈМАЛКУ двајца странски ракометари''
 
Член од
27 март 2023
Мислења
16
Поени од реакции
18

Велковски до негде и сам се заеба му беше понуден нов договор во Пелистер за на крај да седи на трибина
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Абе не може во оваа фаза да бидеш македонски проект и да играш Европа, директно во групна фаза. Ти требаат некои квалитетни играчи. Но, зошто носење голман, кога му го продолжија договорот на Трајкоски, и Галевски требаше да биде нивен продукт кој ќе го обликуваат? Некако ми нема логика. Еден од овие двајца ќе го закопаат сега.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
381
Поени од реакции
1.077
Галевски е на добар пат да изгори во лутањето на Кире, македонски проект vs резултат во Европа. Се спомна во пост погоре дека дека идеално решение во ситуацијава му е Бутел/Пролет/Охрид, јас би рекол дури и во екипиве што по сплет на околности се суперлигаши Скопје/Радовиш/Аеродром/Вардар Неготино. На оваа возраст подобро секое коло по 45-50 минути суперлигашки натпревар отколку тренинг во Алкалоид и по 10-на минути месечно во игра.
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
995
Поени од реакции
1.506
Галевски е на добар пат да изгори во лутањето на Кире, македонски проект vs резултат во Европа. Се спомна во пост погоре дека дека идеално решение во ситуацијава му е Бутел/Пролет/Охрид, јас би рекол дури и во екипиве што по сплет на околности се суперлигаши Скопје/Радовиш/Аеродром/Вардар Неготино. На оваа возраст подобро секое коло по 45-50 минути суперлигашки натпревар отколку тренинг во Алкалоид и по 10-на минути месечно во игра.
A оти да не се врати дома.
Посекако има место во Пелистер 2 и за година две да биде прекомандован во прв тим.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom