РК Алкалоид

Член од
1 април 2018
Мислења
2.051
Поени од реакции
4.011

Која им е целта да ги соберат сите таленти? Па вака на среден ќе ги имаат Митев, Ѓоргиев и Илиески. Сите талентирани деца на кои им треба минутажа, да трошат топки и да играат цел меч. Не ми се јасни...
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480

Го имаат исто и Дарин Омерагиќ на среден бек, тој е уствари детево за кое говорев дека е најталентирано во 2004 ген. (барем за мене), во право си, сите се во години кај што им треба минутажа, можда би било добро да формираат и Б тим, воглавно со играчи од нивниот кадетски тим, и играчи кој имаат помала минутажа во прв тим, нешто како Еурофарм Пелистер 2.
 
Член од
11 август 2017
Мислења
395
Поени од реакции
328

Која им е целта да ги соберат сите таленти? Па вака на среден ќе ги имаат Митев, Ѓоргиев и Илиески. Сите талентирани деца на кои им треба минутажа, да трошат топки и да играат цел меч. Не ми се јасни...
Најдобро решение е Илиески да оди на позајмица во некој друг клуб, место да грее клупа бидејќи Митев и Игор ќе си ја делат минутажата.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480

Претпоставуав дека ќе заврши во Алкалоид, се посериозна екипа градат.

- За следната сезона веројатно на клупата на Алкалоид ќе седне и нов тренер. Сегашниот Љубомир Савевски според информациите во ракометните клубови ќе биде повеќе посветен на женскиот ракомет, бидејќи во ноември Македонија ќе биде домаќин на сениорското ЕП, а тој и сега е селектор на жените.

Ако е точно нека го донесат Доне, супер тренер е.
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
992
Поени од реакции
1.501

Screenshot_20220321-153034__01.jpg
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Хаха, ова всушност од некој причина го заборавив а е сосема логично.

Ќе видиме, се повеќе и повеќе ова личи на желби за клуб-репрезентација, отколку за клуб-школа. Дали е тоа добро или лошо - ќе покаже времето, во моментот е тешко да се предвиди.

Целосно сте во право, дека е бесмислено да се собираат сите таленти и да се заковаат на клупа. Или правење на втор тим за во прва лига, или позајмици (нешто што не знам зошто не се користи почесто во ракометот) се есенцијални за да не се запре развојот на некои играчи.

По многу работи изгледа дека Алкалоид треба да го наследи Металург. Од една страна добро е за конкуренцијата во лигата и веројатно за развој на македонски играчи. Од друга страна, и натаму премногу скопски клубови се тоа, премногу ни е централизирана лигата, мислиш Премиер лига сме, а Скопје е Лондон.

Се чини и Мукаетов дефинитивно ќе се повлече, што ќе овозможи, клубот да се развива растеретен од бремето дека "газдата" е претседател на РФМ. Но сигурно ќе продолжат контроверзи околу играчкиот кадар и ваучерите, особено ако Кире е тренер на Алкалоид и селектор на репрезентацијата.

Сепак, реално гледано, контроверзи се неизбежни, како и да функционираат работите - секогаш ги имало, и ќе ги има, се додека спортот е бизнис. На крајот ќе се бројат резултатите. Ако во следните 4-5 години се покаже реален напредок, Кире и Мукаетов ќе си додадат уште една голема ѕвезда на листата на успеси и придонеси за Македонија и македонскиот спорт. Ако не, ова ќе им биде една темна дамка, која ќе ги следи долго. Како ќе излези ќе видиме, неизбежно е дека луѓето ќе се групираат во табори и како што ќе се крева квалитетот на овој клуб, ако ништо повеќе сигурно ќе видиме сериозен судир со фановите на Вардар и Пелистер како екипи со најголем број на навивачи.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Не е нешто ново за РФМ Претседател на клуб да е и Претседател на РФМ. Михајло од Вардар беше исто во таква ситуација.
Поскандалозно(или поточно срам над срамовите) е што им ги собраа играчите кои беа под договор на Голден Арт., кој патем исто би требало да биде интересен проект за развивање на Македонски играчи. Ако тука се надодаде и Пелистер 2, каде што Јовиќ и воопшто клубот предобро работат со младите би требало да имаме некојси напредок со вадење на играчи.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Добро бе шо гледат во Мишевски толку леле
Гледаат играч со сериозен потенцијал за игра во одбрана и барем теоретски потенцијал за да пополнува некоја минута и во другиот правец. ИГрачи со такви физички предиспозиции се ретки кај нас. Мене ми има смисла да му се дава шанса, со тоа што треба да му се дава шанса да се развие на клупски план пред се, во репрезентација треба да играат најдобрите кои и да се тие.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000

Kakvi fizički predispozicii ima Miševski, ko pataruška e.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
Kakvi fizički predispozicii ima Miševski, ko pataruška e.
Ради висина најмногу, иако во дефанзивна игра не сум сигурен дека само тој сегмент е битен, видиго Македа каква одбрана играше вчера, колку подвижен е и брз за неговата висина, знае навремено да излези на фаул за да прекини проток, да украде топка, едноставно има ракометно IQ за игра во одбрана, не е квалитетен ради тоа што само е висок ми е муабетот, овие елементи кај Мишевски барем јас не ги гледам, мислам дека трансферот кој го направи во 3та француска лига на некој си 19-20 години најдобро говори околу неговиот потенцијал, no offence @Xsago , само мое мислење..
 
None taken @Vardarecc Затоа постои форумот, за секој да си го каже мислењето, и тоа е добредојдено (y) Нема точно и грешно, не сме ние ни тренери ниту некакви експерти, тука сме за дискусија, а од дискусијата ќе произлезат некои добри поенти.

Јас апсолутно се согласувам дека не е се до висината, напротив, во спортови во сала како што се ракометот и кошарката од исклучително значење во помодерни времиња е латералното движење и агилноста, кои и тоа како имаат влијание во одбрана (особено во ракомет на позиции 2 и 5) а вертикалната експлозивност одамна се ценела, но таа е позначајна во напад, во одбрана нема некое влијание, тој тип на атлетост дефанзивно е преценет.

Дополнително, самата висина во принцип и не е толку битна, битни се т.н. standing reach и wingspan - на македонски тоа би било еден вид на хоризонтален и вертикален распон на раце. Должината на рацете е исклучително значајна и често, пониски играчи со пониско тежиште (што им овозможува поголема агилност) но со несразмерно долги раце во однос на висината се поуспешни од високите играчи со просечна или подпросечна должина на рацете (под услов да имаат иста трудољубивост). Интересно е што генетски црнците се посклони да имаат вакви карактеристики од белците иако има и исклучоци.

Причината зошто Талески и Мишевски се таленти во кои се исплаќа да се инвестира е токму во распонот на раце а не толку во самата висина (го додавам Талески бидејќи приказната од дефанзивен аспект е слична). Згора на тоа, јас не би се согласил дека се до толку неагилни. Тие можеби не се подвижни во споредба со пониски играчи со друг тип на градба во долниот дел од телото, но за играчи со нивна "должина" се ок, и за македонски услови се реткост (а ние генетски не сме со добри предиспозиции за спорт). Мишевски на пример, од аспект на вертикална експлозивност навистина лошо стои, но тоа е многу поважно за игра во напад. За одбрана, тоа има минимален ефект. Многу поважни во одбрана се должината (особено на 3 и 4) како и латерната (странична) агилност во која Мишевски не мислам дека е до толку ограничен како што го коментираат повеќето, туку дека е сосема адекватен. Според мене, на Мишевски му треба минутажа, натпревари со висок набој, и искуство. И му треба да си ја најде улогата во ротацијата, бидејќи ако игра исклучиво во еден правец ќе биде многу ограничен. Мислам дека ако ништо повеќе, има барем теоретска употребна вредност во транзиција и продолжена транзиција (прв бран на напад) што му отвора врата да стане значајна алка во репрезентација, а ако има таков талент е и интересен таргет за клубовите.

Овде би додал уште една работа. Колку што јас можам да забележам (ова не е некаква си академска поделба), централните дефанзивци можеме да ги групираме на два типа:
- снажни дуел играчи (пр, голем дел од скандинавците, или кај нас браќата Маркоски, Кукоски и сл.)
- Долги позициски играчи (тука спаѓаат на пример еден куп хрватски централни дефанзивци, Јоновски од нашите и сл.)

Двете си имаат предности и маани, јас не се согласувам дека едното е секако подобро од другото, зависи од противникот, зависи од миксот (тандемот) на 3 и 4, може да има два играчи од ист тип (пр. Гојун-Копљар во Хрватска), но може да се и двајца различни (пр. Винчек-Пекелер во Германија).

Мишевски (и Талески) е од вториот тип. Дел од проблемот е што ние очекуваме да игра како првиот тип (а како таков ќе биде нормално помалку успешен). Со оглед дека и на 2ка и 5ка немаме којзнае какви дуел дефанзивци, можеби има смисла да имаме микс од два различни профили на 3 и 4 (како од времето на Велко и Јоновски), од кој што едниот би бил Мишевски/Талески, а другиот треба да се издефинира, на пример некој пикер кој игра и во напад. Не знам што е правилното решение, но за да се истестираат можностите, тоа треба максимално да се тренира и испробува во клубовите. Тука е можноста што се укажува со овој трансфер Мишевски-Алкалоид.
 
Член од
11 август 2017
Мислења
395
Поени од реакции
328
Ова значи дека од овие младиве што настапуваат во Алкалоид, 60% од нив нема да бидат дел од тимот во следната сезона....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom