Пчеларство

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.783
Батали теорија, гледај пракса.
ееее немој така, ај сега оган ќе гасиме со бензин, оти некој чувал вода во означена канта за бензин и се колнел дека било бензин и го угаснал оганот!
затоа реков има една група што подржува вака без научно објаснување и друга група што треба да има образложение зашто и како ... искрено мора сите да имаме некое мислење, но да биде малку поткрепено од „теорија“! ќе ме натераш да објаснам...
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
@bijons јас на пример исто практикувам народен лек, ладно! Што поладно тоа подобро!
Имав случај кога од брзање сум оставил дупка кај вратот незатегната и ненаместена капа, ме изрешетаа едно 15-20 пчели по главата. Среќа имаме пумпа со грч ладна вода, ги одстранив осилата и се триев така со ладна вода 5-6 минути. Резултатот супер, ме болеше ама ниту отеков ниту имав последици. Твое толкување за ладното?
П.С. Приказната има и втор дел, ама тоа е моја глупост, нема врска со топло-ладно, аспирин и слично.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.752
Поени од реакции
9.558

Јас имам чуено дека луѓе што се алергични на оси и пчели, треба да си имаат со себе(посебно на плажа летно време кога одат) едно лукче и да се истрлаат со него на местото на убодот....кој знае, можеби навистина делува....а во мое време кога бевме деца, стававме кал или паричка метална на местото..:)
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.918

Добро си поминал на главата, обично знае да „шета“ отокот кога е на главата и многу да отечеш.
Ладното инаку помага за да се смири било каква инфламација, затоа ти помага и во случајов.

Е сега со тек на време може и да ти се развие алергија, кај мене се разви и почнав да отекувам многу повеќе и еднаш дури имам примано и инјекција на брза помош бидејќи ме направија масакр, влегов пред да почне да врне да им турам шербет само со шешир на главата и по кратки панталони а сабајлето им имав вадено мед, кога се разлутија ме изрешетија до каде што стигнаа и отеков како бумбар.
Автоматски споено мислење:

Јас имам чуено дека луѓе што се алергични на оси и пчели, треба да си имаат со себе(посебно на плажа летно време кога одат) едно лукче и да се истрлаат со него на местото на убодот....кој знае, можеби навистина делува....а во мое време кога бевме деца, стававме кал или паричка метална на местото..:)
Луѓето кои се алергични треба да си имаат антихистамици + епинефрин и тоа во консултација со доктор за да им ги препише соодветните со пропишана доза.
Јас сум во критична фаза бидејќи ме искасаа стршлени и завршив на интерно и од тогаш морам да ги носам овие работи, драстично ми се зголеми и секаква алергија на полен, а ако повторно ме касне стршлен или пак змија може да биде и прилично опасно.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
ееее немој така, ај сега оган ќе гасиме со бензин, оти некој чувал вода во означена канта за бензин и се колнел дека било бензин и го угаснал оганот!
затоа реков има една група што подржува вака без научно објаснување и друга група што треба да има образложение зашто и како ... искрено мора сите да имаме некое мислење, но да биде малку поткрепено од „теорија“! ќе ме натераш да објаснам...
Не барај научни објаснувања. Факт е дека помага. А како и зошто ниту знам, ниту имам намера да проучувам. Помага и киселина, расечена зелена слива, сода бикарбона...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.783
Не барај научни објаснувања. Факт е дека помага. А како и зошто ниту знам, ниту имам намера да проучувам. Помага и киселина, расечена зелена слива, сода бикарбона...
...ќе напишам, ветувам...и ќе видиш колку ќе бидат појасни работите! сето тоа е така, ама не е така ...све си има свое кое, зошто, како! не можам вечерва со два збора, сакам да биде тоа онака, подржано, па ми треба време за таков пост, а сега ќе се исклучам! верувај дека ќе биде добро да се знае, ако не сакаш ти, барем други кои ќе читаат, јас ова проблематика одамна ја имам ижвакана!

@bijons јас на пример исто практикувам народен лек, ладно! Што поладно тоа подобро! Имав случај кога од брзање сум оставил дупка кај вратот незатегната и ненаместена капа, ме изрешетаа едно 15-20 пчели по главата. Среќа имаме пумпа со грч ладна вода, ги одстранив осилата и се триев така со ладна вода 5-6 минути. Резултатот супер, ме болеше ама ниту отеков ниту имав последици. Твое толкување за ладното? П.С. Приказната има и втор дел, ама тоа е моја глупост, нема врска со топло-ладно, аспирин и слично.
...све ќе опфатам, онака малку медицински ама разбирливо!
 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
735
Поени од реакции
704
... јас не се сложувам со ова, читам дека си пчелар, ама за ова не се сложувам знаејќи го механизмот на делување на пчелиниот отров/токсин, составот и дејство на аспирин, за све има зошто? - затоа!
јас спаѓам во групата која кажува дека нема ников ефект ако се аплицира водена паста од аспиринот на местото на пчелиниот убод, напротив можеби повеќе е штетно!
Почитувам секакви мислења и искуства. Јас ова ти го кажувам од лично искуство кај мене делува, а зошто и како не сум изтражувал научно, мада и не сум фармацевт. Од тие научните фармациски лекови поодамна користев една маст ...незнам како се викаше се мачкаше на место на убодот и не покажа никави ефекти т ака да и ним не им верувам. Мојот дедо на времето кога немало лекови се мачкал со босилек па поминувал и со тоа
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Добро си поминал на главата, обично знае да „шета“ отокот кога е на главата и многу да отечеш.
Најстрашно е што бев на 10+ км од дома и од амбуланта, плус со АПН6 ка, сам :sramezliv:
Сум приметил дека како што велиш отокот шета, додуше не шета ами отекува обично слабото место. Тогаш ме искасаа и на нозете кај зглобот, ама јас занесен со главата не обрнав внимание на нозете, после саат и нешто едвај станав на нозе и некако се добрав до дома, проодев после 2 дена:D
Мое мислење е дека алергијата се развива на фон на ослабнување на имунитетот. Затоа сега кога веќе сум постар се трудам што помалку да ги отварам, да не ги вознемирувам за џабе. Ионака мед само колку за нас и за нив, и ќе си живееме добрососедски:)
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.918
Најстрашно е што бев на 10+ км од дома и од амбуланта, плус со АПН6 ка, сам :sramezliv:
Сум приметил дека како што велиш отокот шета, додуше не шета ами отекува обично слабото место. Тогаш ме искасаа и на нозете кај зглобот, ама јас занесен со главата не обрнав внимание на нозете, после саат и нешто едвај станав на нозе и некако се добрав до дома, проодев после 2 дена:D
Мое мислење е дека алергијата се развива на фон на ослабнување на имунитетот. Затоа сега кога веќе сум постар се трудам што помалку да ги отварам, да не ги вознемирувам за џабе. Ионака мед само колку за нас и за нив, и ќе си живееме добрососедски:)
Првите пола саат обично не се страшни ако немаш потешка алергија, барем со стршлените кај мене бев добар првите 25мин, но после тоа драстично ми се влоши ситуацијата со црвенило и отежнато дишење.
На лице инаку и од пчелите секогаш е зезнато, знае да држи оток и после 2 дена.

Инаку влегувај со комбинизон нон стоп, јас знаев да влегувам често и по шорцеви, али и си го опапав неколку пати.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
...ќе напишам, ветувам...и ќе видиш колку ќе бидат појасни работите! сето тоа е така, ама не е така ...све си има свое кое, зошто, како! не можам вечерва со два збора, сакам да биде тоа онака, подржано, па ми треба време за таков пост, а сега ќе се исклучам! верувај дека ќе биде добро да се знае, ако не сакаш ти, барем други кои ќе читаат, јас ова проблематика одамна ја имам ижвакана!
Кога пишуваш не заборавај да го образложиш и ова:
Зошто кај мене ако ме боцне пчела преку алишта се јавува интензивна болка, потоа ма местото на убодот се јавува мало гнојно меурче. Вакво нешто не се случува кога ќе ме боцне на голо (многу помалку боли и нема меурче).
Првите пола саат обично не се страшни ако немаш потешка алергија, барем со стршлените кај мене бев добар првите 25мин, но после тоа драстично ми се влоши ситуацијата со црвенило и отежнато дишење.
На лице инаку и од пчелите секогаш е зезнато, знае да држи оток и после 2 дена.

Инаку влегувај со комбинизон нон стоп, јас знаев да влегувам често и по шорцеви, али и си го опапав неколку пати.
Со отокот е индивидуално, а и некој вид имунитет се стекнува. Јас благо отекувам ако ме боцне покрај очи, инаку не се забележува. Некогаш не беше така.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.783
Пчелин убод, осило / пчелин отров!

unnamed.jpg strsljen_osa.jpg

... пред да кажеме нешто околу убодот и пчелниниот отров, треба да кажеме дека убодот и отровот не е ист (со тоа и болката и попратните симптоми) доколку не’ боцне пчела, оса или стршлен, а најчесто ние кои сме лаици све ни се исти инсективе кога летаат околу нас (оса, стршлен, пчела), па и затоа имаме и различно искуство мислејќи дека едно те исто не каснува, што не е баш така доколку знаеме да направиме разлика што не касна!
...пчелите се многу „мирни“ инсекти кои треба ептен да бидат испровоцирани и ептен да бидат „изнервирани“ за да се решат да не’ нападнат и да не’ боцнат, свесни дека после убодот поради откачување на осилото од нивното тело во нашата кожа тоа ќе им биде последно - тие ќе умрат,

how-to-know-if-it-is-a-wasp-sting.jpg bee-sting-therapy-hp-orig-907x675.jpg

.................оса убод..............................пчела убод

за разлика од пчелите (кои се хранат само со мед, полен, вештачки шеќерен сируп), осите и стршлените се „предатори“ тие се хранат со пчели, мали инсекти, многу се нападни, нервозни и без голема причина напаѓаат со своео осило кое е многу поголемо од осилото на пчелата, со што и болката е посилна за разлика од пчелата и тие може да не’ каснат неколку пати во исто време на едно место, оти осилото им е цврсто на телото, не се оделува како кај пчелата која после тоа умира, туку боцкањето може да биде повеќекратно без опасност по живот на осата или стршленот!

How+could+you+stop+the+pain.jpg Neutralizing+stings+A+bee+sting+is+acidic.+A+wasp+sting+is+alkaline..jpg

... отровот кој се пушта со осилото со боцкање кај пчелата Ph е кисел, а кај осата Ph е алкален со што и различно се третира да се намали болката т.е. да ја неутрализираме, така да на кисела средина на пуштениот токсин од пчела ќе реагираме со алкална супстанца на пример со раствор од сода бикарбона,

8f158a057e7563e9fd09f8819434c45f.jpg 81a76ddbefd35b5ca519decbf1f380f2.jpg

... а кај убодот од оса каде е пуштен отров со алкален карактер да го неутрализираме ќе делуваме со киселина т.е. ќе примениме оцет или можеби аспирин растворен во вода како паста како кисела облога би ја примениле кај убод и токсин од оса, а не од пчела,
(а при пчелин убод како кисела средина на токсинот со додавање на измиксан со вода аспирин кој е пак со кисел Ph само ќе го изритираме дополнително местото на убод зашто ќе се потенцира киселоста, а со тоа и болката), дополнително, аспиринот делува антитромбоично,

Клиничка студија -пчелин отров содржи антикоагулациони фактори - тука!

bee - пчела , wisp- оса

... пчелин отров Honey Bee Venom (Apis mellifera) содржи антикоагулациони фактори комплексна мешавина на протеини најважни- фосфолипаза и мелитин, кои имаат ефект врз згрутчување на крвта со што се манифестира со антитромбоичен ефект, би рекле дека тој што има тромбоза при секојдневно пчелино боцкање и внес на нејзин токсин - Honey Bee Venom кој содржи антитромбоични супстанци би му било бенифит неформирање на тромб,

images.jpg 4d2b9d50a00ae28f9a0987f538badf79.jpg

...всушност ефектот од пчелиниот убод, се применува при алтернативна медицина се уште неприфатени од званичната медицина, за разлика од (мед, млеч, восок прополис), но сепак одобрени како хомеопатска терапија и лек, така да тие пчелари кои се љубители на пчелите се „заштитени“ од тромбозни состојби токму од овие боцкање со пчелин отров кој не го дозволува тоа (покрај други бенифити) !

...така да има две опции зошто повеќе би болело боцнувањето преку алишта отколку на голо, можно е иритирање на самата облека на пчеларот што ја прави пчелата поагресивна или воопшто не била пчела туку оса, која се нашла во моментот околу пчеларот како предатор да се храни со пчелите, со што осиниот убод е многу поболен и сложен со дадените симптоми после влегување на отровот во телото,
...многу е важно и местото на убод, на пример убод од пчела околу очите се поизразити и поболни или убод покрај некој крвен сад , за разлика од друго место,

Бојата која ја привлекува пчелата
... а можеби агресивноста е и привлекување на облеката на пчеларот, ај да речеме што боја на алишта во моментот носи, па пчеларот поради нејзино присуство ќе се размрда, размавка со што ќе ја уплаши, изнервира и така испровоцирана пчела да го боцне/ убод со осилото!

bee_and_human_sight-.jpg vision-in-animals-23-638.jpg maxresdefault.jpg

... човекот ги комбинира црвена, сина и зелената боја, а пчелите се базираат на ултравиолетова светлина, сина и зелена боја, така да пчелите не можат да ја видат црвената боја, немаат фоторецептор за тоа, но сепак тие можат да видат црвеникави бранови должини, како жолта и портокалова боја, сино-зелена, сина, виолетова и „виолетова“ така да пчелина виолетова боја е комбинација на жолта и ултравиолетова светлина, така да бои за привлекување пчели, според научниците, се виолетова, виолетова и сина боја, па би рекле да една сина кошула што си ја носел @Паланчански во моментот на посета на пчеларникот и мавкање на твојата рака била доволна да пчелата „инервирана“ те нападне токму над кошулата давајќи ти силен убод со тие попратни симптоми,

... не само пчеларите, туку секој би било пожелно да си носи по еден антихистаминик (антиалергик) тбл.Лоратадин или тбл.Летизен да не би развил алергиска реакција била од храна (алиментарна) било од убод да се искористи време додека се иде на лекар да би телото има барем некој лек да не би се развила бурна алергиска реакција!
... @fennel никогаш не треба да се става директно мраз на кожата (ја оштетува) на местото на убодот, секогаш мразот треба да биде обвиткан со некоја крпа кога веќе зборуваме за ладна облога која ќе го спречи отекувањето, а со тоа и црвенилото!
... самиот пчелин отров Honey Bee Venom (Apis mellifera) содржи ацетилхолин и хистамин кои се одговорни за болката и отокот, помогнати од хемикалиите наречени кинини кои ги разредуваат содржините на крвните садови и синергистички дејствува за да ги деградира имуно клетките и да се потикне ширење на воспалението, што треба да го спречиме!

П.С.
...машките пчели т.н. трутови немаат осило со што немаат можност да не боцнат, исто како и мушките комарци не се хранат со крвта на човекот и рилката не им е развиена затоа тие не не’ боцкат,
„лошите“ се женските и кај пчелите и кај комарците, тие касаат - боцкаат! :D
 
Последно уредено:
D

Deleted member 12196

Гостин
Пчелин убод, осило / пчелин отров!

Прегледај го приврзокот 261526 Прегледај го приврзокот 261527

... пред да кажеме нешто околу убодот и пчелниниот отров, треба да кажеме дека убодот и отровот не е ист (со тоа и болката и попратните симптоми) доколку не’ боцне пчела, оса или стршлен, а најчесто ние кои сме лаици све ни се исти инсективе кога летаат околу нас (оса, стршлен, пчела), па и затоа имаме и различно искуство мислејќи дека едно те исто не каснува, што не е баш така доколку знаеме да направиме разлика што не касна!
...пчелите се многу „мирни“ инсекти кои треба ептен да бидат испровоцирани и ептен да бидат „изнервирани“ за да се решат да не’ нападнат и да не’ боцнат, свесни дека после убодот поради откачување на осилото од нивното тело во нашата кожа тоа ќе им биде последно - тие ќе умрат,

Прегледај го приврзокот 261529 Прегледај го приврзокот 261530

.................оса убод..............................пчела убод

за разлика од пчелите (кои се хранат само со мед, полен, вештачки шеќерен сируп), осите и стршлените се „предатори“ тие се хранат со пчели, мали инсекти, многу се нападни, нервозни и без голема причина напаѓаат со своео осило кое е многу поголемо од осилото на пчелата, со што и болката е посилна за разлика од пчелата и тие може да не’ каснат неколку пати во исто време на едно место, оти осилото им е цврсто на телото, не се оделува како кај пчелата која после тоа умира, туку боцкањето може да биде повеќекратно без опасност по живот на осата или стршленот!

Прегледај го приврзокот 261533 Прегледај го приврзокот 261536

... отровот кој се пушта со осилото со боцкање кај пчелата Ph е кисел, а кај осата Ph е алкален со што и различно се третира да се намали болката т.е. да ја неутрализираме, така да на кисела средина на пуштениот токсин од пчела ќе реагираме со алкална супстанца на пример со раствор од сода бикарбона,

Прегледај го приврзокот 261537 Прегледај го приврзокот 261538

... а кај убодот од оса каде е пуштен отров со алкален карактер да го неутрализираме ќе делуваме со киселина т.е. ќе примениме оцет или можеби аспирин растворен во вода како паста како кисела облога би ја примениле кај убод и токсин од оса, а не од пчела,
(а при пчелин убод како кисела средина на токсинот со додавање на измиксан со вода аспирин кој е пак со кисел Ph само ќе го изритираме дополнително местото на убод зашто ќе се потенцира киселоста, а со тоа и болката), дополнително, аспиринот делува антитромбоично,

Клиничка студија -пчелин отров содржи антикоагулациони фактори - тука!

bee - пчела , wisp- оса

... пчелин отров Honey Bee Venom (Apis mellifera) содржи антикоагулациони фактори комплексна мешавина на протеини најважни- фосфолипаза и мелитин, кои имаат ефект врз згрутчување на крвта со што се манифестира со антитромбоичен ефект, би рекле дека тој што има тромбоза при секојдневно пчелино боцкање и внес на нејзин токсин - Honey Bee Venom кој содржи антитромбоични супстанци би му било бенифит неформирање на тромб,

Прегледај го приврзокот 261550 Прегледај го приврзокот 261551

...всушност ефектот од пчелиниот убод, се применува при алтернативна медицина се уште неприфатени од званичната медицина, за разлика од (мед, млеч, восок прополис), но сепак одобрени како хомеопатска терапија и лек, така да тие пчелари кои се љубители на пчелите се „заштитени“ од тромбозни состојби токму од овие боцкање со пчелин отров кој не го дозволува тоа (покрај други бенифити) !

...така да има две опции зошто повеќе би болело боцнувањето преку алишта отколку на голо, можно е иритирање на самата облека на пчеларот што ја прави пчелата поагресивна или воопшто не била пчела туку оса, која се нашла во моментот околу пчеларот како предатор да се храни со пчелите, со што осиниот убод е многу поболен и сложен со дадените симптоми после влегување на отровот во телото,
...многу е важно и местото на убод, на пример убод од пчела околу очите се поизразити и поболни или убод покрај некој крвен сад , за разлика од друго место,

Бојата која ја привлекува пчелата
... а можеби агресивноста е и привлекување на облеката на пчеларот, ај да речеме што боја на алишта во моментот носи, па пчеларот поради нејзино присуство ќе се размрда, размавка со што ќе ја уплаши, изнервира и така испровоцирана пчела да го боцне/ убод со осилото!

Прегледај го приврзокот 261552 Прегледај го приврзокот 261553 Прегледај го приврзокот 261554

... човекот ги комбинира црвена, сина и зелената боја, а пчелите се базираат на ултравиолетова светлина, сина и зелена боја, така да пчелите не можат да ја видат црвената боја, немаат фоторецептор за тоа, но сепак тие можат да видат црвеникави бранови должини, како жолта и портокалова боја, сино-зелена, сина, виолетова и „виолетова“ така да пчелина виолетова боја е комбинација на жолта и ултравиолетова светлина, така да бои за привлекување пчели, според научниците, се виолетова, виолетова и сина боја, па би рекле да една сина кошула што си ја носел @Паланчански во моментот на посета на пчеларникот и мавкање на твојата рака била доволна да пчелата „инервирана“ те нападне токму над кошулата давајќи ти силен убод со тие попратни симптоми,

... не само пчеларите, туку секој би било пожелно да си носи по еден антихистаминик (антиалергик) тбл.Лоратадин или тбл.Летизен да не би развил алергиска реакција била од храна (алиментарна) било од убод да се искористи време додека се иде на лекар да би телото има барем некој лек да не би се развила бурна алергиска реакција!
... @fennel никогаш не треба да се става директно мраз на кожата (ја оштетува) на местото на убодот, секогаш мразот треба да биде обвиткан со некоја крпа кога веќе зборуваме за ладна облога која ќе го спречи отекувањето, а со тоа и црвенилото!
... самиот пчелин отров Honey Bee Venom (Apis mellifera) содржи ацетилхолин и хистамин кои се одговорни за болката и отокот, помогнати од хемикалиите наречени кинини кои ги разредуваат содржините на крвните садови и синергистички дејствува за да ги деградира имуно клетките и да се потикне ширење на воспалението, што треба да го спречиме!

П.С.
...машките пчели т.н. трутови немаат осило со што немаат можност да не боцнат, исто како и мушките комарци не се хранат со крвта на човекот и рилката не им е развиена затоа тие не не’ боцкат,
„лошите“ се женските и кај пчелите и кај комарците, тие касаат - боцкаат! :D
Од каде ли да почнам???
Како прво: пчелите (и другите инсекти) не касаат...
Како второ: Помалку боли (барем кај мене) убодот од оса отколку од пчела. Од стршлен боли многу повеќе.
Како трето: Ниту осите, ниту стршлените не напаѓаат без причина.
Како четврто: Немој да ме убедуваш дека ме боцнала оса (наместо пчела). Не навредувај ми ја интелигенцијата.
Како петто: Не носам само една кошула, па бојата да е причина.
Како шесто: Ај да не должам...
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Околу касањето или боцкањето на осите: '85-6 година од синдикат ни дадоа по една половинка(свињче ;) ) негде Септември беше. И јас како по обичај ја обесив на лозницата и да ја средам:(, после 10-15 минути почнаа да доаѓаат оси, додека да го искасапам ги имаше повеќе стотини. Внимателно успеав да завршам со работата без ниедна да ме касне:pos:. Заклучок: Ако си ја тераш работата со респект кон другите, ќе пројдеш неказнето:toe:
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.769
Поени од реакции
21.179
Денеска приметив дека има комуникација меѓу две пчелни семејства, од едно послабо видов пчела отиде во другото! Вечерва додавав вода во поилките и останав едно 10 минути пред нив, за тоа време 5-6 пчели од семејството 6 онака лефтерно си одлетаа во семејството 3. Чудно нема борба или такво нешто, ни на една полеталка, сосема нормално се однесуваат. Да е грабеж би бил интензивен и од други семејства би иделе, вака само тие две семејства комуницираат, еднонасочно при што, :cautious: @мкд владе @Паланчански, што збори вашето искуство?????
Malce kasnam od opravdani pricini no moeto iskustvo veli deka nema sto tugja pcela da bara vo drugo drustvo osven na nalet sto vo tvojot slucaj ne e toa. Da si rasformiral drustvo kompletno pa si go trgnal sandukot so cel izletnickite da se piknat vo najbliskite dve levo i desno, no i toa ne e kaj tebe. Znaci grabez. Sto kako pojma nemam osven teorija posto ne mi bese blisku pcelarnikot i ne go posetuvav sekoj den pa i koga imalo grabez kaj mene, koga sum go konstatiral vekje bilo kasno. Bilo kako bilo cim nemozi samo da se brani prirodnata selekcija nastapuva na delo :toe:.
Автоматски споено мислење:

пчелите се многу „мирни“ инсекти кои треба ептен да бидат испровоцирани и ептен да бидат „изнервирани“ за да се решат да не’ нападнат и да не’ боцнат, свесни дека после убодот поради откачување на осилото од нивното тело во нашата кожа тоа ќе им биде последно - тие ќе умрат,
Abe edno svesni so se cinis ke ti zbornat. Gram mozok nemaat, se rakovodat od instikt i na feromoni od maticata. Ako pcelite se agresivni najcesto e toa radi maticata pa mozi da te napravat pepel za djabe. Na toa drustvo so agresivni pceli mu pravis puc, menvas matica i op magicno ke se transformira vo bajce.
за разлика од пчелите (кои се хранат само со мед, полен, вештачки шеќерен сируп), осите и стршлените се „предатори“ тие се хранат со пчели, мали инсекти, многу се нападни, нервозни и без голема причина напаѓаат со своео осило
Osite i strslenite se hranat so nektar, seker i taka nesto. Na nivnite larvi im treba meso, ne na vozrasnite osi i strsleni. Za agresivnost soznam, nemam nekoj vpecatok deka se poagresivni od pcelite, naprotiv ako ne gi voznemiris ne te cepkaat bas ni ednite ni drugite ni tretite. E sega ako gi voznemiris treba da go zemis vo predvid faktot deka edna kolonija pceli ima okolu 60000 edinki, eden osilnik e daleku daleku pomal. Jas tie sto gi imam videno bile so okolu 100 edinki plus minus, najcesto mnogu pomalce pa ako ti se pustat jbg drugo e 60000 drugo e 100. Mene licno od osa ne me zdobolilo tolku kako od pcela, a strslen dosega me nema kasnato no kolku e golem sigurno epten boli. Pa osiloto mu e eden santim, ic otrov da nema pak ke boli. Otrovot bonus.
 
Последно уредено:
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Malce kasnam od opravdani pricini no moeto iskustvo veli deka nema sto tugja pcela da bara vo drugo drustvo osven na nalet sto vo tvojot slucaj ne e toa. Da si rasformiral drustvo kompletno pa si go trgnal sandukot so cel izletnickite da se piknat vo najbliskite dve levo i desno, no i toa ne e kaj tebe. Znaci grabez. Sto kako pojma nemam osven teorija posto ne mi bese blisku pcelarnikot i ne go posetuvav sekoj den pa i koga imalo grabez kaj mene, koga sum go konstatiral vekje bilo kasno. Bilo kako bilo cim nemozi samo da se brani prirodnata selekcija nastapuva na delo :toe:.
Автоматски споено мислење:
Ги тргнав од пчеларникот, сега ми се дома заедно со уште 3 не така јаки семејства! Живеат и се понашаат нормално, никој не ги пљачка :D Ми прават друштво насабајле кога пијам кафе;)
Успешно се бранат од оси, пуздер ги прават, во ден осите имаат осетни загуби ;) десетина јас тепам, дупло гледам се тркалаат на подот насабајле!
Некни во дождовите дојдоа пчеларки птици, мислев готово пуздер ќе направат, кога се смири времето ги снема, за среќа!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom