Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 15.628
- Поени од реакции
- 34.881
Пчеларството го планираш за бизнис или чисто рекреативно како хоби?Дечки здраво, пред некој ден кај еден мој другар имав прилика да ме вклучи да му помагам околу пчелите. Добив желба здравје од на пролет да започнам полека со одгледување колку за своја душа. Татко ми е бивши пчелар така што тој ќе ме научи се надевам на поголемиот дел од работите. Веќе подолго време не се бави тој со оваа работа и затоа неможе да ми помогне па решив да прашам и да се обратам тука. Тоа што ме интересира доколку можете да ми помогнете е - колку за почеток ќе треба да се направи инвестиција (сандаци, рој, матица, рамки итн..) колкава инвестиција ќе треба за да започнам полека (небитно дали со јако пчелно друштво или послабо за развивање). Моментално ми е битно оваа работа да ја знам, останав неодамна без работа заради короната па да си се спремам финансиски Фала ви поздрав !
Ако го планираш за бизнис ќе си почнеш со мин. 10 семејства, првите 2 години ќе одиш само на роење и спремај доста пари за сандаци и опрема.
Ако го планираш за хоби пак зависи од твојот буџет, 1-5 семејства ти се доволно за да имаш занимација и не ти треба центрифуга барем првите 2 години. Семејствата зависи во која состојба, од 50 евра до 100 евра.
Сандаци/рамки зависи од потребите, не се истрчувај да земаш по 3 сандачиња оти ако вадиш ројки на почеток нема да имаш толку јаки семејства. Повеќе ти требаат сетови: подница-2 сандачиња, рамки, саќе, поткапак, капак, хранилка.
Рамките се досадни за бушење и шнирање со жица, од пред некоја година има и машинки што прават 4 дупки одеднаш и ги шнираат со жица но не сум ги користел, јас ги бушев со обична бурмашина и ги шнирав рачно, а саќето го лепев со апаратче за полнење на акумулатор (клемите дијагонално ги допираш на жиците, ги загрева и ќе се стопи саќето да залепи).
Неопходна опрема: чадалка (поголемка земи си, немој мала) до 1000ка имаш солидни, поцврст нож за отворање (има и специјални), пчеларски блузон/шешир (зависи што ќе земеш, од 600-1500 денари), ракавици (150-200 денари има во продавниците за пчеларска опрема, тие за чистење пукаат брзо, а со тек на време ќе се навикнеш да не правиш брзи движења и ќе може да работиш и без нив ).
Гледај да го погодиш теренот каде што ќе ти бидат, барај си поефтин шеќер на вреќа и поефтин превоз за да им тураш кога ќе има потреба.
На зима ќе им ставаш погачи, ние ги правевме дома но се досадни за правење, имаш и купечки.
Со тек на време ќе си прикупуваш опрема според потребите, кога ќе влезеш во продавница е како дете кога влегува во Џамбо, ај ова, ај она и нема крај