Пукање со сачмарка не се казнува!?

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Косопственик на агенцијата "Никоб", нема кривично да одговара затоа што лани пред Нова година пукал со пушка "пумпарица" пред преполниот ноќен клуб "Сектор", во центарот на Скопје, е решението на скопското обвинителство

Скопското обвинителство решило, на 12 овој месец дека Јовица Николовски, косопственик на агенцијата за обезбедување на имоти и лица "Никоб", нема кривично да одговара затоа што лани пред Нова година пукал со пушка "пумпарица" пред преполниот ноќен клуб "Сектор", во центарот на Скопје. Според ова решение, Николовски на 26 декември лани пукал со пушката на дваесетина метри оддалеченост од група гости и обезбедувачи на клубот. Тој пукал во воздух, тврди обвинителството, и немал намера некого да повреди туку само да ги заплаши обезбедувачите од агенцијата "Лупус". Тој тоа го направил оти се претходно се степал со дел од обезбедувањето на ривалската агенција. Во инцидентот воопшто не беше предизвикана материјална штета. Во решението на обвинителството дословно стои: - "Не се содржани елементите на кривичното дело "предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Пријавеното дело не се гони по службена должност и се отфрла пријавата на МВР. Настанот, според тогаш презентираните информации по медиумите, се случил половина час по полноќ во "Сектор". Таму биле Николовски кој конзумирал алкохол заедно со Роберт Марковиќ, негов вработен. Николовски почнал да ги навредува обезбедувачите на "Лупус" во кафеаната. Тие го замолиле да излезе, но тој не сакал. Обезбедувачите потоа го исфрлиле надвор. Николовски, по мобилен телефон повикал засилување. Пристигнале петнаесетина луѓе од неговата агенција. За кратко време пред клубот се паркирале пет службени автомобили на "Никоб" и две цивилни возила. Четворица од "Никоб" извадиле пиштоли. Еден од нив му подал пушка "пумпарица" на Николовски. Тој веднаш го насочил оружјето кон обезбедувачите на "Лупус", го свртел нагоре и го потегнал чкрапалото. Наводно, според тогаш објавените информации, Николовски се обидел и по втор пат да пука, но сега во мета. Меѓутоа, реагирал Марковиќ - му ја удрил раката и пушката повторно испукала нагоре, не погодувајќи никого. Се поставува прашањето дали формациското оружје "пумпарицата" е регистрирана на фирмата "Никоб" и дали таквото оружје смее да се употребува од каква било агенција за обезбедување. Според Законот за агенциите за обезбедување на имоти и лица, вработените не смеат да користат службено оружје. А особено не формациско, кое е користено од полицијата и војската. Униформите на агенциите не требаат дури ни да наликуваат на оние на полицијата и војската, тие не треба да имаат дури ни милитатнтен изглед. Освен оружјето, ваквите агенции, не смеат да користат ниту пендреци ниту лисици за приведување. Единствено нешто што е дозволено е тие да носат електрични уреди за онеспособување на противникот и спрејови и солзавци, велат добро упатените соговорници и експерти за оваа проблематика. Особено во овој пример, кој меѓутоа, за жал, не е единствен. Припадниците на службите за обезбедување требаат да се оспособени за работа преку курсеви за боречки вештини, телохранители и обуки за активно користење и интервентно управување со автомобил. Вработените се опремени со средства за врски и со прибор за спречување на извршителите на кражби и штети и без исклучок треба да поседуваат лиценци и легитимации за обезбедување.



Извор: Вечер
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
makedonija sudstvo pravda 8 razlicni poima(ili pojmovi) koi nemaat nikakov spoj
e pa nema pravda
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Јас сепак мислам дека се содржани елементите на кривичното дело „предизвикување општа опасност”, а можеби има и носење огнено оружје без дозвола, обид за убиство...
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Paradoks par ekselans , огнено оружје е огнено оружје не гледам олеснителна околност.

Со ова мио се потврдува тезата два правника три мислења
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
А што треба да му прават, да го пратата во душевна болница кај нас па нашата држава да плаќа за негово лекување?
Арно направиле, политички е подобро кога немаш во затвор туѓ граѓанин, поготово американец.
 

Gravity Grave

Voice of the Voiceless
Член од
27 март 2006
Мислења
774
Поени од реакции
11
Мислам дека и ние имаме потпишано кретенски договор со Американците дека не можеме да судиме и затвораме нивни државјани. Ке биде дека од таа причина го пуштиле муфлонот!
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Требало да го екстрадираат, па да го судат во Америка преку сила. Инаку, КЗ важи за сите кои на територијата на РМ извршиле кривично дело, но најчесто во согласност со договори меѓу државите или на база реципроцитет, им се суди на извршителите во сопствената држава, или само ја отслужуваат казната „дома”.
А да си платиш ако си странец, такво нешто категорично тврдам дека НЕМА по законите.
 

Gravity Grave

Voice of the Voiceless
Член од
27 март 2006
Мислења
774
Поени од реакции
11
Гле чудо,

Чоекот од веста што ја постираше Прл дојде кај мене тука у Дуби, во "центар за транзиција" кај што ги праќаме луѓето од фирмата за Ирак, Авганистан, Кувајт и Џибути. Во Охрид бил со П.С од Куманово, мој познаник (генерација ми е, никад у живот мравка не згазнал човек, гарантирано!) И вака у кратки црти некако ми прераскажа тој што се случило,

-Биле во Охрид нормално, да се види бисерот на Македонија.
-Славиле роденден на реднекот.
-Се испоначукале и двајцата
-На искачање од Ајриш Паб ги зауставиле Алфи.
-Без покажување на никаква идентификација им побарале лични исправи.
-Американецот се побунил бидејќи у Тексас цајканот мора да му го покаже беџот, а и имал забелешка возилото не им било обележано.
-Нашиве наместо беџ го учукале у глава и го клоцале на земја добри 2-3 минути.
-Кај КУМАНОВЕЦОТ нашле таканаречен "utility knife", кој му припаѓал на реднекот.
-Во полиција му стегнале пријава за напад на полицаец со истиот нож што бил кај Кумановецот?!
-Платил прекршочна казна во износ од 400 долари, и му го вратиле пасошот. Судијката му рекла дека секогаш е добредојден пак во Македонија:vozbud: (не ве сакаме, но си ги сакаме вашите пари за казни, пиво, итн)

Познавајќи ги приликите во државата во која се родив и пораснав, воедно имајќи блиски сусрети со припадниците на полицијата, мислам дека целиов случај е изваден од пропорции (како по обичај). Овие го исплескаа Американецот што им се чаталел малку, па после коа сватиле дека клоцаа Ус ситизен одлучиле да ја "нафилуваат" малку приказната со обид за убиство.
 

Gravity Grave

Voice of the Voiceless
Член од
27 март 2006
Мислења
774
Поени од реакции
11
Пази ова


Татко и син обвинуваат за полициска бруталност без причина. Златко и Марко Ошавковски тврдат дека се малтретирани и горени со цигари од полицијата, иако тие ја повикале да ги заштити. Според нив, во бар во трговскиот центар „Бисер” нивниот сосед, полицаец, со кого претходно имале судир, ги провоцирал и им упатувал вулгарни зборови. Плашејќи се дека ќе ги нападне, побарале полициска интервенција. Но, наместо заштита, тврдат дека двајцата полицајци што дошле им кажале дека направиле голема грешка. Биле партнери во станицата во Ново Лисиче на истиот од кого Ошавковски барале заштита. Таткото и синот велат дека униформираните исценирале напад врз нив, по што брутално интервенирале.
Според МВР, Ошавковски го провоцирал полицаецот. Причината била што три дена претходно истиот полицаец го привел во станица по пријавата за семејна расправија. Според полицијата, правел проблеми и во станицата и уверуваат дека не бил малтретиран од никого. МВР најавува пријава за него, а семејството Ошавковски истото го подготвува откако набавиле лекарски наод за претрпените повреди.
 

M@STER

M@ster Price
Член од
1 февруари 2007
Мислења
191
Поени од реакции
0
toa e, nema drzava ovde nie kako pleme sme, kaj nas vo malovo sekoj badnik edna ZENA puka so karabin e aj sea berii pamet a policijava aber nema da prevzeme nesto ....
 

sagaqua

Successful and Creative
Член од
23 декември 2005
Мислења
2.218
Поени од реакции
31
Gravity Grave напиша:
Гле чудо,

Чоекот од веста што ја постираше Прл дојде кај мене тука у Дуби, во "центар за транзиција" кај што ги праќаме луѓето од фирмата за Ирак, Авганистан, Кувајт и Џибути. Во Охрид бил со П.С од Куманово, мој познаник (генерација ми е, никад у живот мравка не згазнал човек, гарантирано!) И вака у кратки црти некако ми прераскажа тој што се случило,

-Биле во Охрид нормално, да се види бисерот на Македонија.
-Славиле роденден на реднекот.
-Се испоначукале и двајцата
-На искачање од Ајриш Паб ги зауставиле Алфи.
-Без покажување на никаква идентификација им побарале лични исправи.
-Американецот се побунил бидејќи у Тексас цајканот мора да му го покаже беџот, а и имал забелешка возилото не им било обележано.
-Нашиве наместо беџ го учукале у глава и го клоцале на земја добри 2-3 минути.
-Кај КУМАНОВЕЦОТ нашле таканаречен "utility knife", кој му припаѓал на реднекот.
-Во полиција му стегнале пријава за напад на полицаец со истиот нож што бил кај Кумановецот?!
-Платил прекршочна казна во износ од 400 долари, и му го вратиле пасошот. Судијката му рекла дека секогаш е добредојден пак во Македонија:vozbud: (не ве сакаме, но си ги сакаме вашите пари за казни, пиво, итн)

Познавајќи ги приликите во државата во која се родив и пораснав, воедно имајќи блиски сусрети со припадниците на полицијата, мислам дека целиов случај е изваден од пропорции (како по обичај). Овие го исплескаа Американецот што им се чаталел малку, па после коа сватиле дека клоцаа Ус ситизен одлучиле да ја "нафилуваат" малку приказната со обид за убиство.
Жал ми е ако ти го расипувам филмот, но не се работи за филување од страна на сините....ова новинаров нешто се исфилмувал што за вакво сценарио на сериски убиец и психопат кој бил „злоупотребуван„ во детството.....и Холивуд може да му позавиди :pos2:

Човекот одговараше за она што го направи и сосема ОК е ПРЕКРШОКОТ ( по ЗППЈРМ ) никакво кривично дело, судењето и казната.
 

Gravity Grave

Voice of the Voiceless
Член од
27 март 2006
Мислења
774
Поени од реакции
11
sagaqua напиша:
Жал ми е ако ти го расипувам филмот, но не се работи за филување од страна на сините....ова новинаров нешто се исфилмувал што за вакво сценарио на сериски убиец и психопат кој бил „злоупотребуван„ во детството.....и Холивуд може да му позавиди :pos2:

Човекот одговараше за она што го направи и сосема ОК е ПРЕКРШОКОТ ( по ЗППЈРМ ) никакво кривично дело, судењето и казната.
Не бе, зашо да ми кршиш филм? Само напишав што ми пренел очевидец на настанот. Човекот се чаталел, му рипале овие по черепот, плус му наплатиле 400$ казна...Case closed, и вук сит, и долари на броју:vozbud:
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
epa cim ne se kazuva da ja izvadam od pod krevet i ja da puknam
 

Kajgana Shop

На врв Bottom