Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.097
Косопственик на агенцијата "Никоб", нема кривично да одговара затоа што лани пред Нова година пукал со пушка "пумпарица" пред преполниот ноќен клуб "Сектор", во центарот на Скопје, е решението на скопското обвинителство
Скопското обвинителство решило, на 12 овој месец дека Јовица Николовски, косопственик на агенцијата за обезбедување на имоти и лица "Никоб", нема кривично да одговара затоа што лани пред Нова година пукал со пушка "пумпарица" пред преполниот ноќен клуб "Сектор", во центарот на Скопје. Според ова решение, Николовски на 26 декември лани пукал со пушката на дваесетина метри оддалеченост од група гости и обезбедувачи на клубот. Тој пукал во воздух, тврди обвинителството, и немал намера некого да повреди туку само да ги заплаши обезбедувачите од агенцијата "Лупус". Тој тоа го направил оти се претходно се степал со дел од обезбедувањето на ривалската агенција. Во инцидентот воопшто не беше предизвикана материјална штета. Во решението на обвинителството дословно стои: - "Не се содржани елементите на кривичното дело "предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Пријавеното дело не се гони по службена должност и се отфрла пријавата на МВР. Настанот, според тогаш презентираните информации по медиумите, се случил половина час по полноќ во "Сектор". Таму биле Николовски кој конзумирал алкохол заедно со Роберт Марковиќ, негов вработен. Николовски почнал да ги навредува обезбедувачите на "Лупус" во кафеаната. Тие го замолиле да излезе, но тој не сакал. Обезбедувачите потоа го исфрлиле надвор. Николовски, по мобилен телефон повикал засилување. Пристигнале петнаесетина луѓе од неговата агенција. За кратко време пред клубот се паркирале пет службени автомобили на "Никоб" и две цивилни возила. Четворица од "Никоб" извадиле пиштоли. Еден од нив му подал пушка "пумпарица" на Николовски. Тој веднаш го насочил оружјето кон обезбедувачите на "Лупус", го свртел нагоре и го потегнал чкрапалото. Наводно, според тогаш објавените информации, Николовски се обидел и по втор пат да пука, но сега во мета. Меѓутоа, реагирал Марковиќ - му ја удрил раката и пушката повторно испукала нагоре, не погодувајќи никого. Се поставува прашањето дали формациското оружје "пумпарицата" е регистрирана на фирмата "Никоб" и дали таквото оружје смее да се употребува од каква било агенција за обезбедување. Според Законот за агенциите за обезбедување на имоти и лица, вработените не смеат да користат службено оружје. А особено не формациско, кое е користено од полицијата и војската. Униформите на агенциите не требаат дури ни да наликуваат на оние на полицијата и војската, тие не треба да имаат дури ни милитатнтен изглед. Освен оружјето, ваквите агенции, не смеат да користат ниту пендреци ниту лисици за приведување. Единствено нешто што е дозволено е тие да носат електрични уреди за онеспособување на противникот и спрејови и солзавци, велат добро упатените соговорници и експерти за оваа проблематика. Особено во овој пример, кој меѓутоа, за жал, не е единствен. Припадниците на службите за обезбедување требаат да се оспособени за работа преку курсеви за боречки вештини, телохранители и обуки за активно користење и интервентно управување со автомобил. Вработените се опремени со средства за врски и со прибор за спречување на извршителите на кражби и штети и без исклучок треба да поседуваат лиценци и легитимации за обезбедување.
Извор: Вечер