Ми треба совет околу пукање на френулумот на пенисот - делумно.
Ми се случи првпат пред неколку години по што заздраве доста брзо меѓутоа мислам дека таа жилата френулумот, малку како да беше пократка и поцврста од претходно. (поцврста во смисла не толку мека, за ова сум читал и онлајн дека се случувало да биде потврда после повреда и пократка меѓутоа повеќе склона на повторно пукање и повреда)
Откако заздрави, немав проблем, се до пред некој ден, при последниот однос кога повторно пукна при што крвареше неколку часа. Веќе помина недела и раната речиси е заздравена, меѓутоа поентата е што сакам да направам френопластија (мислам дека така се викаше, хируршка интервенција при која се отстранува само френулумот)поради превенција од идни вакви случки. еднаш кога ќе го отстранам барем ќе бидам раат
.
Како и да е, не преферирам на државно, приоритет ми е доколку знае некој приватна здравствена установа која извршува вакви интервенции во Прилеп.
Читав за Ре-Медика и Систина, но мене ми треба за во Прилеп?
Фала ви однапред !