Ова со пудрата создава маѓепсан круг. Почнуваме да ја користиме за да покриеме недостатоци (акни), што и функционира во прво време. Па ќе никне уште некоја акна и место само навечер, почнуваме и преку ден, па секој ден и завршуваме како чоколадо со лешници, со нерамнини кои веќе малтер не може да ги покрие.
Независно колку е квалитетна, скапа, хидратантна, кератинска, витаминска, онаква или оваква, пудрата ги затвора порите, да не речеам ги зачепува и ги иницира анаеробните процеси, кои резултираат со гноење. Од руга страна, порите се шират и се создава простор за собирање на маснотии и нечистотии, односно за создавање митисери. Бљак!
Затоа, ако веќе сте почнале да користите пудра:
- Темелно чистење на лицето, пред легнување, со млеко и со тоник.
- Избегнувајте да ја користите секој ден. Ако веќе мора да се покрие нешто, локално со коректор.
- Никако пудра на подочњаците. Кожата под очите е многу тенка и веднаш, на првиот виц се создаваат брчки смеалки, кои знаат грдо да изгледаат.
Доле пудра!