Пудра ...

  • Креатор на темата Чек Он Ит
  • Време на започнување
A

andrea85

Гостин
јас пред некое време земав пудра на макс фактор и со неа ми дадоа јастучиња со истата пудра и број, најпрво ја користев од јастучињата и беше супер како крема а кога ги потрошив почнав да го упторебувам шишенцето и приметив голема разлика односно лицето ме пече. Каде можам да ја испитам пудрава дали некој знае?
значи не ми се случува само на мене. И јас ја користам на макс факор и си викам не е е можно да е од неа, ме пече мегутоа само на некои делови од лицето и ми се појавуваат црвени кругови ко лишаи.Готво престанувам да ја ставам! пред неколку години ја користев на севентеен и немав проблеми!
 
L

lady fairy

Гостин

Ја користам оваа, бидеќи неможам да ја најдам FitMe.
За пудрава немам зборови,преубава е.

Истата ја користам и јас, не го суши лицето и лесна е. Задоволна сум.
 
A

andrea85

Гостин
Дале е за сува кожа? Мене ми е доста сува кожата на лицето..па мора некоја помрсна,а сакам да е и покривна..
 
NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.336
Поени од реакции
7.011
Дале е за сува кожа? Мене ми е доста сува кожата на лицето..па мора некоја помрсна,а сакам да е и покривна..
појди во парфимерија, има специјални за сува кожа, таму ќе ти кажат.
 
A

andrea85

Гостин
појди во парфимерија, има специјални за сува кожа, таму ќе ти кажат.
а бе јас така што слушав продавачки во парфимерии без асална пудра сум .;) затоа барам искуства овде.
 
NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.336
Поени од реакции
7.011
а бе јас така што слушав продавачки во парфимерии без асална пудра сум .;) затоа барам искуства овде.
Ја имаш пробано revlon colorstay, има за мрсна и за сува кожа.
Покривна е ептен, али мн брзо се суши.
 
A

andrea85

Гостин
Ја имаш пробано revlon colorstay, има за мрсна и за сува кожа.
Покривна е ептен, али мн брзо се суши.
Ја немам, ги имам на Менхетен-воопшто не ми одговара, Римел не ми одговараше исто, севентеен и така и така, Макс Фактор ми се прават како суви кругови,,значи ќе за пробам на ревлон-цена?
 
NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.336
Поени од реакции
7.011
Ја немам, ги имам на Менхетен-воопшто не ми одговара, Римел не ми одговараше исто, севентеен и така и така, Макс Фактор ми се прават како суви кругови,,значи ќе за пробам на ревлон-цена?
Околу 450- 550, незнам точно.
 
L

lady fairy

Гостин
а бе јас така што слушав продавачки во парфимерии без асална пудра сум .;) затоа барам искуства овде.
И мене ми е сува кожата на лицето, оваа ми е добра,не ми прави лишаи и според мене добро покрива.
Задоволна сум, ја користам веќе две години, ама пази има и други maybelline пудри, ти побарај ја maybelline dream liquid satin таа е за посува кожа .
 
B

babsyy

Гостин
Дале е за сува кожа? Мене ми е доста сува кожата на лицето..па мора некоја помрсна,а сакам да е и покривна..
Revlon Colorstay softflex 15spf for normal/dry skin :)

Има одлична покривност, трајност, а и одлична е во комбинација со Revlon translucent pressed powder за фиксирање на течната пудра. Претходно стави хидратантна крема која одговара на твојот тип на кожа и подлога за пудра, на пример Gosh velvet touch foundation primer за покривање на порите и несовршеностите. Пудрата е доста пигментирана и не би ти ја препорачала за секојдневна употреба, особено не на топло време. Како нејзина замена можеш да користиш ББ-крема која е еден вид на тонирана крема на пример; Deborah Milano, Maybelline или L'Oreal. Особено се добри за кожа склона на акни и други несовршености, а во себе содржат заштита за сонце, прајмер (или база/основа за пудра) и хидратантен крем. Недостатоците како; акни, лузни од акни, темни кругови околу очите корегирај ги со соодветен коректор. Добар drugstore крем коректор ти е Artdeco camouflage, или пак Vichy dermablend ultra corrective cream stick. Yves saint laurent има неспоредливо најдобар коректор за подочници, кој му дава свежина на лицето, така што најдобро би било да избегнуваш високо пигментирани пудри периодов.
 
NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.336
Поени од реакции
7.011
Можда прашањево не е за овде.. ама, каков коректор користите за преку лето, а да покрива подочници?
 
B

babsyy

Гостин
Можда прашањево не е за овде.. ама, каков коректор користите за преку лето, а да покрива подочници?

Пред нанесување потребна е убава хидратација на лицето, не знам како преферираш нанесување на коректор, пред или после нанесување на течната пудра. Јас го ставам по нанесувањето на течната пудра со четкичка за коректор. Иако течните коректори се поедноставни за нанесување, ова е еден од најдобрите коректори за подочници. Чинам го има во 14 нијанси. Доколку имаш изразено темни подочници и светол тен тогаш користи жолт коректор. Јас ги имам summer apricot, neutralizing green и neutralizing yellow. Можеш да ги комбинираш, на пример жолта и некоја беж нијанса. Имај предвид дека коректорот секогаш треба да биде 1-2 нијанси посветол од течната пудра. Црвенилата ќе ги неутрализираш со зелен коректор (го имам и течниот на Gosh - Touch up кој е исто така добар).
Претходно го користев Дермабленд на Виши, кој е добра замена за овој доколку преферираш коректор во стик.
Кога ќе се земе предвид се', има одлична трајност, одлично покрива недостатоци од типот на подочници, акни, црвенила. Има убава кремаста текстура и доволно е да се нанесе сосема малку за добивање покривност, а со добар фиксатор трае речиси цел ден. Цената е смешна во споредба со квалитетот што го нуди. Не повеќе од 400-тини денари.
 
Во прилеп никаде немам видено артеко.
Ако знаете каде кажувајте одма !
 
Kajgana Shop

На врв Bottom