Па може да се каже дека сум во пубертет
Некако не сум како повеќето пубертетлии, не ме нервираат акните, не ме нервира се живо и диво околу мене, не им контрам на родителите од чист инает (само по потреба), не се нервирам лесно, смирена сум, мразам пороци и никогаш нема да пробам, не ме интересираат трач муабети, ме интересираат некои посериозни теми (политика, историја, филозофија, компјутери) и сум многу позрела од многу мои врсници. Поголемо знаење имам од повеќето врсници на многу теми што нив не ги ни интересираат :nesvest:
Еднаш низ разговор со неколку мои врсници, неможев да поверувам дека незнаат кои се десница а кои левица, незнаат што е тоа форум и администратори :nesvest::pos2::pos2:
Неможам да поверувам на каков глупав начин пишуваат по фејсбук, тотална неписменост и некултура.
Не викам дека јас баш СЕ знам, ама неможам бре да соџвакам таква неписменост, толкаво незнаење за некои работи, а со оправдување: не ме интересира. Па тоа се работи кои треба да се знаат од општа култура!
Само ме нервира што се замарам за секакви непотребни глупости
И така, уште сум на почетокот на пубертетот, ќе видиме понатаму како ќе биде