Психопати

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.289
Поени од реакции
4.639
...потполно се сложувам со последниов пост
...тематикава е толку длабока што допира до секој човек во денешницата
...секоја проба таквите "фелери" во човечката егзистенција да се стават во некаква си научна студија или психолошка дефиниција ги сметам за сосема неисправни и погубни за натамошното еволуирање на нашата раса
...тие се само продукт заедницата :)
...одтука и прашањето:
Што и како треба да се менува и третира...?
...единката?
...заедницата?
 
EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Многу социопати стануваат психопати,поради малтретирање дома или на училиште.Значи тенка е границата меѓу психо и социопат.
Психопат е роден таков, социопат е "напраен" од општествени непогоди. Така да ... Не.
aDGW88d_460s_v1.jpg
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.289
Поени од реакции
4.639
...можеби грешам,но на сликата во црно-бел формат со точно определени дефиниции и фали малку колорит...или во превод,она маса на луѓе кои се наоѓаат некаде во средина и се нишкаат од една на друга страна
...зборувам за оние кои во денешната технолошка и информативна џунгла го изгубиле секој смисол за вистинските вредности на животот
...зборувам за оние што зјапаат во дисплејот повеќе од 6 саати на ден
...зборувам за оние што во кафич седат на иста маса и не знаат нормално да комуницираат,туку повторно зјапаат во дисплејот
...за оние кои не може да се стават во ниедна категорија а сметаат дека е тоа нормално и дека така треба да биде :)
 
Просечен човек можи да биди од кој било профил, впрочем и психопат и социопат можат да позираат како нормална личност, особено првите. Психопатијата се разликува во вроденоста и во никој случај не можиш да направиш психопат под притисок на општествени влијанија.

Ако има паралелни Земји, еден психопат пак ќе има отсуство на емпатија и пак ќе има антисоцијално однесување и пак ќе биди иста или слична верзија сегде. Социопатот има шанси да биди скроз различна личност пошто нели, му влијае околината.

А ако збораш за злоупотреба на технологија во тема за психопати, мислам дека си далеку, далеку. Пошто гледање во телефон те прај зависник, ништо друго.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Можеби најраспространето објаснување е тоа дека психопат се раѓа, а социопат се станува подоцна, во текот на животот. Кај психопатите отсуствува сочувството, а можеби се „сиромашни“ и со други емоции. Социопатите се производ на средината, на тешки животни состојби (крајна сиромаштија, дисфункционални семејства, насилство, сексуално злоставување и секаква друга злоупотреба, зависности итн.). Притоа, комбинацијата психопат/социопат не е исклучена.

Веројатно бројот на психопатите, како и на оние другите и не е така мал, односно е поголем од оној што вообичаено го претпоставуваме. На површината испливуваат само крајностите, најгадните и најпрепознатливи претставници.
Нивниот IQ варира, како и кај другите луѓе. Некои од најозлогласените сериски убијци биле или се прилично бистри, но има и гранични случаи, па и такви со потпросечно ниво на интелигенција, кои не се навреме собрани од полицијата само поради нејзината незаинтересираност или неспособност.
Постојат психопати кои не ја преминале границата и кои веројатно нема ни да ја преминат. Нема да убијат или да извршат друго тешко злосторство, нивните животни приказни дури и ќе изгледаат успешно (семејство, кариера), но тие што им се во близина ќе знаат за какво манипулативно и бесчувствително гомно се работи. Психопатите сакаат внимание, моќ, контрола и власт, па често се политичари, бизнисмени, актери, судии, адвокати, полицајци, учители, свештеници и сл.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689

Во секој случај психопатите се далеку поопасни.Обично се слаткоречиви манипулатори,ко на пример Тед Банди.Кај љугето обично постои мислење дека психопатите се интровертни и повлечени личности шо е тотално погрешна проценка.По мое мислење меѓу интровертните личности има повеќе социопати.
 
Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Отсуството на сочувство/емпатија мислам дека е својствено и за психопатите и социопатите, како и отсуството на било каков морален компас, тоа е и основната карактеристика која ги издвојува од „нормалната“ човечка психа. Дополнително, психопатите и социопатите употребуваат и лукави и вешти механизми за манипулација и шармирање на другите луѓе. Меѓутоа и грото од нас „нормалните“ користиме тактики на манипулација и тактизирање, инаку би се испоклале меѓусебно. Мене повеќе ме интересира што е она што го дефинира и карактеризира „нормалниот“ и недевијантен карактер кај човекот?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.598
Поени од реакции
38.747

lets be honest, сите користат тактики за манипулација и шармирање доколку поседуваат looks, нема врска психопати социопати тука. Женскине што со пичка доаѓаат на јаки функции сигурно се психопати? Единствена карактеристика што може да се рече дека е конкретно тоа, е недостатокот на емпатија и антисоцијалното однесување, што е и доволен опис за да направиш некоја дистинкција меѓу нив и нормален човек, а тоа психо/социо е млатење празна слама, секој различно си го гледа и разликува.
 
И изглед, но и инетелект, вештина во изразување, особено кај мажите кои така импресионираат жени. Што мислиш, зошто мажите се оние кои доминираат на полето на филозофијата, па и психологијата и сите дефиниции таму ги сведуваат на андроцентричниот модел на толкување на светот? За интелектуално и пософистицирано ќарување на 3,14-чки, нормално. Кои би биле основните одлики на еден нормален човечки ум според тебе, бидејќи границата кон одење во психо/социопатија е тенка и растеглива?
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.598
Поени од реакции
38.747
И изглед, но и инетелект, вештина во изразување, особено кај мажите кои така импресионираат жени. Што мислиш, зошто мажите се оние кои доминираат на полето на филозофијата, па и психологијата и сите дефиниции таму ги сведуваат на андроцентричниот модел на толкување на светот? За интелектуално и пософистицирано ќарување на 3,14-чки, нормално. Кои би биле основните одлики на еден нормален човечки ум спорет тебе, бидејќи границата кон одење во психо/социопатија е тенка и растеглива?
Па како што реков емпатијата е таа особина што го одликува нормалниот човек од ненормалните. Кај секого левелот на емпатија е различен, секој различно реагира на различни работи. Друга битна особина е моралот, но за тоа има посебна тема на форумов. Кај психопатите тие особини се скоро непостоечки, и затоа се тоа што се.
А мажите доминираат зошто ги интересира тоа, нели треба да имаш интерес за да бидеш добар во нешто.
 
EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Да, сите манипулираме. Еден психопат нема емпатија, и ја учи. Со то манипулира многу повеќе со емоции пошто нели ... не разбира како е да ги имаш тие одредени емоции и затоа е далеку поопасен од некој кој ги разбира и има одредени граници. Социопатијата е во секој случај многу почеста irl од психопатијата, иако сериски убијци имаат тенденција да бидат психопати зошто се поорганизирани и имаат потенцијал да бидат поуспешни. И се согласувам со еден член погоре, не секој психопат убива, не дека има некаква граница туку зошто уште не изнајдол дека тоа го влечи. Најчесто задоволството го добива на друго место - нанесување психичка болка. Сликата горе шо ја ставив прво ја разгледав и за да се лишам од долго пишење ја поставив, мислам дека ептен добро ги дели двата слуачеви кои најчесто се мешаат. @Natan 3.0

Инаку недевијантен карактер ... имав еден професор шо вели, нема здрави, само недијагностицирани. :pos:
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.732
Поени од реакции
24.352
Го имам гледано, супер е ама многу е општо, психијатриве доловија најдлабоко што им се случува на психопатите од вој тип... Ретко се наоѓа вакво нешто на македонски.
Јас малку доцнам... Викаат дека пишувал за жртвите, има некој линк каде можат да се прочитаат писанијата?
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
И изглед, но и инетелект, вештина во изразување, особено кај мажите кои така импресионираат жени. Што мислиш, зошто мажите се оние кои доминираат на полето на филозофијата, па и психологијата и сите дефиниции таму ги сведуваат на андроцентричниот модел на толкување на светот? За интелектуално и пософистицирано ќарување на 3,14-чки, нормално. Кои би биле основните одлики на еден нормален човечки ум според тебе, бидејќи границата кон одење во психо/социопатија е тенка и растеглива?
Тенка е и растеглива, да, меѓутоа не е невозможно да се направи разлика. Кога „нормална“ личност ќе направи некоја гадост има грижа на совест и не е пресреќна поради стореното. Обично ни е жал кога сме нељубезни и груби кон некој што не заслужува таков однос, не сме бесчуствителни кон туѓи несреќи и страдања, не се ситиме. Кога „нормален“ родител е принуден да пристапи кон најстарата педагошка „мерка“(ретко, се надевам), не му е сеедно.

Е сега имаме лица кои не се оптоваруваат со вакви работи. Можат да одглумат, ама овде-онде има пукнатини, никој не може да носи маска секогаш и секаде.
Очигледен пример, за кој некаде сум прочитал, не баш сега, ама на оваа тема - на психопат му умира еден од најблиските луѓе (родител, дете, брат, другар, сеедно): два-три дена „ожалостеност“, а потоа турбо забава и веселби „за да заборави, да не мисли на несреќата“. Чудно, за некого одвратно ама не толку ретко и незаконски, нели? Впрочем, секој се справува со тагата на свој начин. Јасно е дека можеме да „пронајдеме“ и други примери слични на овој.

Крајност би бил еден друг, малку натегнат случај (не знам дали е вистинит или не, но би можел да биде, имајќи предвид што се се има случено), за тоа како би се однесувал психопат од учебник: На погребот на мајката една од нејзините ќерки носи со себе пријател. Тој веднаш го привлекува вниманието на другата сестра. Меѓутоа потоа се губи, а таа сака се сретне повторно со него, ама очигледно дека не може лесно да го стори тоа. Затоа без многу тупење решава да ја ослободи сестрата од бремето наречено живот, со надеж дека дечкото ќе се појави и на овој погреб и тие ќе си живеат среќно и задоволно, додека не и здосади.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Јас малку доцнам... Викаат дека пишувал за жртвите, има некој линк каде можат да се прочитаат писанијата?
Агда немам истражено толку, на Мајки филмов од Милчо Манчевски тоа што го изнесоа е најмногу што го имам видено ама нема ништо повеќе од пост мортем сликиве од погоре и писмото до семејството.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Мислам дека треба да ја изгледате и Mindhunter. Првата сезона беше топ. Има и книга, ја започнав ама не ја дочитав.

Kajgana Shop

На врв Bottom