Психопати

Член од
18 јуни 2012
Мислења
477
Поени од реакции
612
Според вас, што го карактеризира еден психопат, како еден човек се заболува и станува психо? Дали постои лек за оваа болест? :D

D

Daedalus

Гостин
Сложени генетско/околински фактори предизвикуваат појава на психопатија. Практично зависи што подразбираш под психопат. Дали го подразбираш типот што е сериски убиец и ги чува главите на жртвите, или модерниот неонацист кој сака да ги истреби сите народи освен неговиот?
 
S

Sinisa123

Гостин
Znaci spored moe mislenje Psihopat moze da se stane ako bide maltretirano od roditelite (seksualno ili bilo na kakov nacin),drugarite,znaci ednostavno okolinata kako ke se odnesuva so nego taka ke i bide on.Na pocetokot nikoj nema da go poznae deka ima psihoticni napadi ama so tek na vreme ke se vlosat i ke posaka prvin da se ubie pa potoa da odzeme nekoj zivot.Ako se doznae na vreme deka ima psihoticni napadi moze da se nosi na psihijatar i so pravilni tretmani i tableti se ke bide ok ako se otkrie podocna toa ke bide mnogu tesko da se izleci bidejki ti vlaga vo psihata i nema sansi da mu gi ottrgnat tie misli sto gi ima nitu pak nema da napravat nisto ako go zatvorat vo psihijatriska bolnica.Ke ima simptoni kako slusenje na glasovi vo glavata (da mu kazuvaat stor treba da napravi)i takvi raboti.Za toa ima jaki apcinja ama da vi kkazam deka ne se uspesni.Imam citeno za psihopati i da vi kazam deka me interesira takva struka isto taka me interesira i policiska akademija da zavrsam nekoj den i ako mozam i advokat
 
Член од
18 јуни 2012
Мислења
477
Поени од реакции
612
Сложени генетско/околински фактори предизвикуваат појава на психопатија. Практично зависи што подразбираш под психопат. Дали го подразбираш типот што е сериски убиец и ги чува главите на жртвите, или модерниот неонацист кој сака да ги истреби сите народи освен неговиот?
Јас имам некаде прочитано дека психопатите обично биле образовани, начитани луѓе, знаеле да се прилагодат на секое место.. и со своите способности одлично знаеле како да намамат жртви и да им наштетат.
 
Всушност некои карактеристики на психотичност и антисоцијалност дефинираат еден психопат. Иако психопат е збор кој опишува голем спектар на луѓе, почнувајќи од некој фундаментален ,муслиман што ги тепа своите деца со стап дома и ја тера жена му да му ги мие нозете до сериски убиец што убива жени од 40 до 50 години а потоа ги чува нивните вагини што претходно ги исекол, како трофеи што висат на некои стапчиња. Како и да е, психопатите можат да бидат од многу интелигентни до идиоти. Нема сеуште никаква валидна научна евиденција дека психопатсвото има корелација со интелигенцијата, колку што знам јас бар.:)
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Постои терапија, тоа е лекот занив..
 
Член од
23 февруари 2013
Мислења
7
Поени од реакции
4
Ок, интересна тема :)
Прво и основно психопат е човек на кој не му е активна (или работи со значително намалена активност) амигдалата, тоа се 2 мали топчиња во стариот (внатрешен длабок дел на мозокот) кој е во ГОЛЕМ дел одговорен за емоциалните реакции на човекот, со други зборови тој човек нема допир со емоциите.

Од еволуциски аспект овој дел на мозокот е еден од најстарите кои се развиле во цицачите, не само кај човекот, па затоа шансите за гентска грешка која би била причина за проблемот се мали.
Од социална страна, човекот под различни притисоци или аспирации може да ја намали активноста на овој дел од мозокот или да направи бајпас со кој лесно ги игнорира информациите добиени од амигдалата :) Замислете само еден војник кој видел премногу крв во својот живот, самиот негов мозок за да се заштити мора да ги отфрли емоциите од неговиот систем ако сака да може да продолжи да живее со себе. Друг интересен пример би бил некој директор или висок функционер кој за да остане во својата позиција или да придобие подобра позиција МОРА, безразлика дали сака или несака да се одтргне од своите емоции.
Второ и моето омилено
Ако мозокот престане (или значително намали) да се координира врз база на своите емоции, дали тоа значи дека сега се координира дирекно од разум или целно усмерено понашање? ;D
 
Иако кај голем дел од психопатите, амигдалата покажува знаци на дисфункција, терминот психопат опфаќа многу категории на луѓе. Некои од нив може на пример да имаат функционална амигдала а сепак да се фанатици и тоа да резултира со појави кои се антисоцијални и дефинирани како психопатски. Сепак, лошата функција на амигдалата не укажува на тоа дека одлуките на индивидуата ќе бидат рационални. Амигдалата е поврзана со орбитофронталниот кортекс кој е огромен фактор за рационално донесување на одлуки. Нефункционалноста на амигдалата допридонесува до доста нус појави.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
Убиваат за да дојдат до нов живот

Брoj 2719 вторник, 24 јуни 2008

Монструозноста на сериските убијци најчесто се докомплетира со сексуална нарушеност

Јасмина Јовановска

Според психијатрите, сериските убијци се психопати кои убиваат заради сексуално задоволство или, пак, зашто не се задоволни од себе и од околината, поради што се нарекуваат некросадисти. Ваквите убијци, како што објаснуваат психијатрите, вешто се прикриваат со тоа што сосема нормално се однесуваат со семејството и со блиските, а стануваат сосема друга личност кога убиваат. Затоа ретко кој од нив може да ги издаде своите убиствени намери. Девизата на овие некрофили е тоа што тие убиваат за да дојдат до нов живот.

„Профилот на серискиот убиец од Кичево нема сомневање дека укажува на герантофил, човек кој сексуално се задоволува со баби“, вели невропсихијатарот Павле Павлов. „Како што педофилите сексуално се задоволуваат со деца, така герантофилите го прават тоа со баби. Но, герантофилијата не е психолошка болест, туку станува збор за нарушена личност“, додава д-р Павлов.

„Кај овие личности сите сфери се зачувани, а е нарушена само една, онаа за сексуалноста. Неговата интелигентност, која е здрава, му вели дека тоа што го прави е забрането и ќе биде казнет и оцрнет во јавноста ако се открие, па затоа напаѓачот на бабите дури е подготвен да ги убие жртвите за да не го издадат“, објаснува д-р Павлов. За герантофилите се вели дека имаат само сексуално нарушување и затоа кога се со семејството или на работното место, се однесуваат здраво, но кога ќе им се укаже можност, која секако сами си ја местат, напаѓаат“, вели д-р Павлов. За жртви најчесто ги избира оние што му се во околината, како на пример во овој случај чистачките кои ги среќавал.

„Монструозноста на сериските убијци најчесто се докомплетира со сексуална нарушеност“, смета и невропсихијатарот Михаил Левенски. „За ваквите профили на личности, кои за среќа не се чести, се вели дека се емоционално загрозени од себеси и од околината и тие се без позитивни причини за живот, што може да се потврди и со наводното самоубиств�� на убиецот, кое укажува дека со себе постапил на ист начин како и со жртвите“, објаснува д-р Левенски.

Овие лица страдаат од прекумерна осакатеност на емоциите и тие се толку обезличени што се безлични, вели д-р Левенски и укажува дека кај нив проработуваат вродени механизми за некросадизам, односно за монструозни активности и одат во напад. Се нарекуваат некросадисти, кај нив се јавува возбуда од монструозност, која убиецот ја зачинува со перверзии и затоа тие уживаат во страдањето на жртвите и ги убиваат. „Во нивната глава се појавуваат импулси кои не може да се скротат и кои се како оган и не може да се контролираат, а немаат одговор за нив, што се смета за ментално нарушување“, потенцира д-р Левенски. Нивната мирољубивост и тоа што се толку тивки е само маска за нивниот садизам, што е објаснување за нивната двојност и тоа што тие нормално си ги извршуваат своите работни задачи и вешто се прикриваат, како што најверојатно е и случајот со новинарот.

Во кичевската болница немаат сознанија дека Владо Танески се лекувал од некаква депресија. Напротив, тој бил добар, мирен и затворен човек.

Член од
10 септември 2016
Мислења
8.793
Поени од реакции
17.154

Гледај го третиот дел од филмот "Мајки" на Манчевски, има снимено за случката нешто слично на документарец.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
Гледај го третиот дел од филмот "Мајки" на Манчевски, има снимено за случката нешто слично на документарец.
Го имам гледано, супер е ама многу е општо, психијатриве доловија најдлабоко што им се случува на психопатите од вој тип... Ретко се наоѓа вакво нешто на македонски.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Убиваат за да дојдат до нов живот

Брoj 2719 вторник, 24 јуни 2008

Монструозноста на сериските убијци најчесто се докомплетира со сексуална нарушеност

Јасмина Јовановска

Според психијатрите, сериските убијци се психопати кои убиваат заради сексуално задоволство или, пак, зашто не се задоволни од себе и од околината, поради што се нарекуваат некросадисти. Ваквите убијци, како што објаснуваат психијатрите, вешто се прикриваат со тоа што сосема нормално се однесуваат со семејството и со блиските, а стануваат сосема друга личност кога убиваат. Затоа ретко кој од нив може да ги издаде своите убиствени намери. Девизата на овие некрофили е тоа што тие убиваат за да дојдат до нов живот.

„Профилот на серискиот убиец од Кичево нема сомневање дека укажува на герантофил, човек кој сексуално се задоволува со баби“, вели невропсихијатарот Павле Павлов. „Како што педофилите сексуално се задоволуваат со деца, така герантофилите го прават тоа со баби. Но, герантофилијата не е психолошка болест, туку станува збор за нарушена личност“, додава д-р Павлов.

„Кај овие личности сите сфери се зачувани, а е нарушена само една, онаа за сексуалноста. Неговата интелигентност, која е здрава, му вели дека тоа што го прави е забрането и ќе биде казнет и оцрнет во јавноста ако се открие, па затоа напаѓачот на бабите дури е подготвен да ги убие жртвите за да не го издадат“, објаснува д-р Павлов. За герантофилите се вели дека имаат само сексуално нарушување и затоа кога се со семејството или на работното место, се однесуваат здраво, но кога ќе им се укаже можност, која секако сами си ја местат, напаѓаат“, вели д-р Павлов. За жртви најчесто ги избира оние што му се во околината, како на пример во овој случај чистачките кои ги среќавал.

„Монструозноста на сериските убијци најчесто се докомплетира со сексуална нарушеност“, смета и невропсихијатарот Михаил Левенски. „За ваквите профили на личности, кои за среќа не се чести, се вели дека се емоционално загрозени од себеси и од околината и тие се без позитивни причини за живот, што може да се потврди и со наводното самоубиств�� на убиецот, кое укажува дека со себе постапил на ист начин како и со жртвите“, објаснува д-р Левенски.

Овие лица страдаат од прекумерна осакатеност на емоциите и тие се толку обезличени што се безлични, вели д-р Левенски и укажува дека кај нив проработуваат вродени механизми за некросадизам, односно за монструозни активности и одат во напад. Се нарекуваат некросадисти, кај нив се јавува возбуда од монструозност, која убиецот ја зачинува со перверзии и затоа тие уживаат во страдањето на жртвите и ги убиваат. „Во нивната глава се појавуваат импулси кои не може да се скротат и кои се како оган и не може да се контролираат, а немаат одговор за нив, што се смета за ментално нарушување“, потенцира д-р Левенски. Нивната мирољубивост и тоа што се толку тивки е само маска за нивниот садизам, што е објаснување за нивната двојност и тоа што тие нормално си ги извршуваат своите работни задачи и вешто се прикриваат, како што најверојатно е и случајот со новинарот.

Во кичевската болница немаат сознанија дека Владо Танески се лекувал од некаква депресија. Напротив, тој бил добар, мирен и затворен човек.

А дали се докажа дека Владо Танески ги вршел убиствата,пошто демек типот се самоуби во кофа со вода?:cautious:
 
КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
А дали се докажа дека Владо Танески ги вршел убиствата,пошто демек типот се самоуби во кофа со вода?:cautious:
Истражната постапка вели дека е он, е сега дали се работи за самоубиство, никогаш нема да дознаеме. Има најразлични теории. Неговоти безживотно тело е најдено во неговата ќелија, со тоа што главата му била заглавена меѓу радијаторот и лабавото, а чешмата била оставена да тече со цел да ги пригуши евентуалните звуци при актот на самоубиство. При испитувањето, се открило дека последно што конзумирал биле апчиња за спиење. Бил пронајден од друг затвореник. Фактите вака поставени го потврдуваат самоубиството, е сега секогаш ќе постои можност за малверзации и местенки.

Можеби идеме малце во оф-топик, бидејќи случајов со Владо е класичен пример за квалифицирани убиства сместени во чл.123 ст.3 од КЗ, а не значи дека секој сериски убиец по дифолт е и психопат. Да, повеќето се, но не е правило.

Не знам дали го имате веќе прочитано, ама во спојлер ќе го ставам прошталното писмо напишано од Владо, непосредно пред актот на самоубиство. И пост мортем слики од неговото тело, како и познатата кофа.

Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Не значи дека секој убиец е психопат. Често пати како психопати се прикажуваат и социопатите или луѓе со други ментални заболувања.

Иако е малце офтопик и темата не е за филмови, во контекст на ова пред некоја година читав една статија каде група психијатри од САД ги анализирале и дијагностицирале филмските убијци. Интересно, Норман Бејтс од „Психо“ кој на многу луѓе им е прва асоцијација и кој гледам стои и во првиот пост на темава клинички воопшто не е психопат туку социопат и шизофреник. Според оваа статија најточен портрет на психопат на филм е Антон Чигур од No Country for Old Men.
 
Многу социопати стануваат психопати,поради малтретирање дома или на училиште.Значи тенка е границата меѓу психо и социопат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom