Психолог во Битола

Член од
11 декември 2017
Мислења
2
Поени од реакции
2
Насловот и кажува доволно. Ова тема ја отворам со цел некој да ми понуди психолог во Битола кој е одлично обучен во областа на Анксиозни растројства и нема да прави чамче муабет туку ќе знај преку соодветна когнитивно-бехавиорална терапија или било која друга конгнитивна терапија да ме упати и да ме води.

П.С. Ќе ве замолам одговорите да се однесуват конкретно на насловот на темата. Без да забегуваме кој како се чувствувал некогаш и шо мисли или како би советувал некоја трета личност која претходно си ги кажала маките во ова тема која ја отворив, а нема врска со одговор кој го барам, односно - добро/одлично обучен психолог кој реално ви помогнал да ја надминете состојбата, а не е некој хоштаплер да ми ги земи парите.
П.П.С. Можите да дајте кратко објаснување како ви било вас и какво искуство сте имале со психологот кој ви помогнал. Не се исклучува можноста за психијатар доколку истиот би бил одлично упатен во тематиката без многу да му дава важност на медикаменти за надминување на ситуацијата. Сепак краткото животно искуство да е поврзано со психологот.

Нема да ми смета доколку психологот е на пример од Прилеп бидејќи е на 48 км и лесно се стига.
Не би можел да одам кај друг психолог подалеку од овие два градови бидејќи имам работни обврски.

Ви благодарам однапред, и ви посакувам на сите вие кој се мачите со некој проблем во животот, лесно и брзо да го надмините.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Колку стручно се изразуваш. И темелно имаш проучено, веројатно.
Јас мислам можеш сам себе си да си бидеш психолог/психијатар.

И не можеш тема да отвораш за ова и да диктираш што смее да се дискутира што не смее.
Оди пиши си во „Каде можам да најдам“.

Со среќа во „спонтаното“ лечење.
 
Пријател, не пишав вака од ќеф туку од мака. Прочитав 1000 постој кај шо некој бара психолог/психијатар и надолу се развива дискусијата во 9 страни рандом луѓе си ги објаснуват маките. Не мора напнат да бидиш и да делиш совети. Пишав оти имам реален проблем. Ниту сакам да се прам паметен ниту сум психолог/психијатар. Ми се има скурчено состојбата во претходните две години и едноставно сум упатен. Дадов упатства погоре оти знам кај можи да замини цела тема...
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.612
Поени од реакции
34.842
Може и да пробаме да ти дадеме некој совет и ние, јас стојам цврсто на ставот дека за анксиозност и депресија не е стриктно потребен психолог.
Ако не ти е проблем пиши подетално од кога ти е ова, каква ти е ситуацијата со социјалниот живот, работи кои те нервираат, проблеми, исхрана, проблеми со физички изглед и слично и може за без пари да ти поможиме.
 
Член од
25 февруари 2014
Мислења
139
Поени од реакции
9
И јас барам неколку години некој добар психолог/психијатар во Битола ама досега не сум наишол на некој. Одам кај еден ама досега не сум осетил подобрување. Ако некој познава некој добар психолог во Битола нека сподели?
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Насловот и кажува доволно. Ова тема ја отворам со цел некој да ми понуди психолог во Битола кој е одлично обучен во областа на Анксиозни растројства и нема да прави чамче муабет туку ќе знај преку соодветна когнитивно-бехавиорална терапија или било која друга конгнитивна терапија да ме упати и да ме води.

П.С. Ќе ве замолам одговорите да се однесуват конкретно на насловот на темата. Без да забегуваме кој како се чувствувал некогаш и шо мисли или како би советувал некоја трета личност која претходно си ги кажала маките во ова тема која ја отворив, а нема врска со одговор кој го барам, односно - добро/одлично обучен психолог кој реално ви помогнал да ја надминете состојбата, а не е некој хоштаплер да ми ги земи парите.
П.П.С. Можите да дајте кратко објаснување како ви било вас и какво искуство сте имале со психологот кој ви помогнал. Не се исклучува можноста за психијатар доколку истиот би бил одлично упатен во тематиката без многу да му дава важност на медикаменти за надминување на ситуацијата. Сепак краткото животно искуство да е поврзано со психологот.

Нема да ми смета доколку психологот е на пример од Прилеп бидејќи е на 48 км и лесно се стига.
Не би можел да одам кај друг психолог подалеку од овие два градови бидејќи имам работни обврски.

Ви благодарам однапред, и ви посакувам на сите вие кој се мачите со некој проблем во животот, лесно и брзо да го надмините.
 
jovankrstevski1

ТАТА_МАТА
Член од
2 декември 2012
Мислења
849
Поени од реакции
568
Сакам да ви посочам дека покрај психолог и психијатар, на повеќето луѓе најчесто им е потребен ПСИХОТЕРАПЕВТ и топло ви препорачувам да ги проверите разликите без разлика што сите се ставаат во исти кош. Психотерапевтите се психолози со специјализација, додека психијатрите во главном препишуваат терапија.

Јас имам другарка која живее во Скопје, но е родум од Битола и кога се враќа во Битола има средби со клиенти или пак кога тие одат во Скопје наоѓаат начин. Телефон по приватна порака.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ама јака реклама и удри а? На психијатар добиваш и психотерапија и советување, не треси.
 
jovankrstevski1

ТАТА_МАТА
Член од
2 декември 2012
Мислења
849
Поени од реакции
568
Ама јака реклама и удри а?
1. Да и удрив. Ако не знаеш да помогнеш подобро да молчиш.
Во Битола колку што знам и нема некој што работи како психолог/психотерапевт приватно. Иначе, ординацијата погоре (со слика) -Јас ок, Ти ок е затворено.

На психијатар добиваш и психотерапија и советување, не треси.
2. Епа јас како пишав? Само што е воглавном терапија :) А ако убаво го прочита првиот пост се работи за анксиозност и членот не сака да им придава важност на медикаментите, а психијатарот ќе го направи токму тоа
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
1. Да и удрив. Ако не знаеш да помогнеш подобро да молчиш.
Во Битола колку што знам и нема некој што работи како психолог/психотерапевт приватно. Иначе, ординацијата погоре (со слика) -Јас ок, Ти ок е затворено.

2. Епа јас како пишав? Само што е воглавном терапија :) А ако убаво го прочита првиот пост се работи за анксиозност и членот не сака да им придава важност на медикаментите, а психијатарот ќе го направи токму тоа
Многу убаво знам да помогнам, не се грижи ;)
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Јас имам другарка која живее во Скопје, но е родум од Битола и кога се враќа во Битола има средби со клиенти или пак кога тие одат во Скопје наоѓаат начин. Телефон по приватна порака.
Ако е плава, остај број.
 
Член од
24 август 2015
Мислења
240
Поени од реакции
345
друже еден мој совет, Биди си сам свој психолог како ке си го наредиш сам животот, така ке тера тој.
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
5
Поени од реакции
1
И јас барам,вчера бев кај д-р Јане (психомедика) 5 минути разговор и ми препиша пароксетин и хелекс
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.077
Поени од реакции
15.895
99 посто препишуваат Хелекс и Пароксетин. Старата школа преферира Сероксат. И после те цедат со месеци, а ти тапкаш у место. Нема кај нас добри психијатри.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom