Псалтир

Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.960
Поени од реакции
3.665
Пред некое време од црква си купив псалтир. Е сега не ми е баш јасно што точно се псалмите и за што кога и како се користат. Дали псалмите треба човек да знае да ги пее или може и само да се читаат. Не ми се јасни работи како на пример под некои псалми пишува 40 пати господи помилуј? Кое е нивното практично значење? Не сум многу упатен па ако некој поупатен во религијата има време и воља да објасни би му бил благодарен.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.960
Поени од реакции
3.665
и дали псалтирот е за секого или тоа е конига за поупатените, свештениците....
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
@lazar31,

тркни до најблискиот црковен храм и прашај го локалното свештенство.
Псалтирот, начелно не е наменски ограничен.
Псалмите се покајно-пофални песни, што значи дека се пеат, но не значи дека е забрането да се (про)читаат.
 
Член од
9 октомври 2009
Мислења
199
Поени од реакции
98
Пред некое време од црква си купив псалтир. Е сега не ми е баш јасно што точно се псалмите и за што кога и како се користат. Дали псалмите треба човек да знае да ги пее или може и само да се читаат. Не ми се јасни работи како на пример под некои псалми пишува 40 пати господи помилуј? Кое е нивното практично значење? Не сум многу упатен па ако некој поупатен во религијата има време и воља да објасни би му бил благодарен.
Каков псалтир си купи? Црвен или лилјаков?
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
lazar31
Псалмите се песни кои се применуваат во Богослуженијата, но исто така се чтаат како молитви.
Светиот Васили велики за псалмите пишува-
’’Псалм е прибежиште од демоните застанување под закрилата на ангелите, оружје во ноќните стравови, одмор во дневните трудови, безбедност за младенците, украс во разцветот на младоста, утешение на старците, нај убавиот украс за жените’’.

Запрашан светиот епископ Јован Златоуст дали треба да се изостави читањето на псалмите вели-
"Подобро сонцето да запре својот ход, отколку да ги оставиме псалтирите. Бидејќи е многу корисно за душата човек да се поучува со псалми и да чита усрдно псалтири. Сите Боговдахновени книги ни се од корист, и ги прогонуваат демоните, но ниту една од нив не е како псалтирот.

Практичното значење на псалмите каде се споменува 40 пати Господи помилуј претпоставувам е слично како бројаницата и Иисусовата молитва.

Како што пишал MIKI1 се покајно пофални песни- најдов една поделба по содржина на псалмите
"Царски псалми", опишувајќи Господ како Цар над целата Земја: 2, 19, 20, 71, 88, 100, 109, 131, 144.
Месијански псалми: 2, 8, 15, 21, 39, 44, 68, 71 и 109
Благодарствени и слава: 33, 65, 66, 91, 95, 96, 102, 103, 116, 145, 149, 150.
Слава на Бога: 8, 17, 92, 102, 103.
Изразувајќи надеж во Бога: 5, 14, 22, 53, 85, 90, 111, 120, 124, 137, 139.
Изразувајќи радост: 32, 83, 114.
Изразуваат тага: 3, 12, 16, 37, 54, 87, 141, 142.
Молитвени за заштита и помош: 3, 4, 24, 40, 54, 69, 83, 85, 90, 142.
Покајни: 38, 50.
Поучни : 1, 40, 32, 45, 84, 89, 100, 110, 111, 126, 140.

Светите отци уште ги толкуваат неприателите во псалмите како страсти, а Вавилон како символ за светот во кој лежи злото..
 
Член од
9 октомври 2009
Мислења
199
Поени од реакции
98
Забелешки за Псалтирот (страниците се за лилјаковиот):
- Слава: меѓу псалмите е кратенка за: Слава Отцу и Сину и Свјатому Духу и ниње и присно и во вјеки и вјеков. Амин. Алилуија, алилуија, алилуија, слава Тебје Боже (х 3 пати). Господи помилуј (х 3 пати). Слава Отцу и Сину и Свјатому Духу, и ниње и присно и во вјек и вјеков. Амин.
Истото значење го има и Слава, и сега: Алилуја
- страница 236, ред 11, втор збор: место илјадници треба да е темни
- стр 298, ред 4.(од молитвата) место распнување и спасение, треба да биди распнување и СМРТ
- на страница 303 (по ѕвездичките) се наоѓаат тропарите и молитвата, кои се читаат на секоја слава кога се чита псалтирот за покоен
 

Kajgana Shop

На врв Bottom