Процедура во матично (склучување брак) - искуства

Член од
22 февруари 2014
Мислења
172
Поени од реакции
27
Здраво дечки. Ме интересира какво искуство имате со матичната служба, дали сте задоволни од нивната работа, што точно опфаќа процедурата, дали би сакале да има електронско резервирање термини и сл. Темата мислам дека ги засега сите кои планираат да влезат во брачна заедница, а дополнително ја користам можноста да направам онлајн анкета - ни се бара од факултет. Баш би сакала да дискутираме, сметам дека треба да им се пренесат искуствата и на идните генерации, на какви проблеми може да се наиде и сл. Затоа, ги замолувам и администраторите да имаат разбирање и да не ја бришат темава или ме банираат (евентуално).
Еве линк од анкетата https://www.surveymonkey.com/s/V9DCWMY. Ќе ја креирав и тука на Кајгана, ама колку што видов, има опција само за поставување на едно прашање. Однапред ви благодарам за одвоеното време. Поздрав :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Нема што да не си задоволен од матичната служба - процедурата за закажување на термин трае многу кратко - само неколку минути (секако, ако ги имаш комплетирано потребните документи). Исто и за време на церемонијата за склопување брак се е доволно јасно и без никакви проблеми. Единствено што јас би променил (истото го напишав и во анкетата) се салите во кои се одвиваат церемониите за склопување бракови. Конкретно - таа во општина Ѓорче Петров е во барака со исцртани графити по неа, ходници кои наликуваат на болница и салата е како од комунистичко време. Единствено е потребно нивно осовременување. За се останато поврзано со матичните служби не знам зошто некој би имал било каков проблем. Луѓето од матичната служба одлично си ја вршат својата работа - барем јас имам таков впечаток.
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Јас ич не сум задоволен од нивната работа!

Еднаш ме имаа викнато за сведок, ама ме избркаа од церемонијата а склучувањето на бракот го одложија. Башка добар другар ми беше тој што се женеше.
Стварно не знам зошто ме отстранија, само кога матичарот ја праша невестата: “Дали вие Трајка Трајкова, со ваша волја и без присила од некого прифаќате да бидете сопруга на Трајче Трајчев...“ јас со стиснати заби и реков: “КАЖИ ДА!“ и толку беше, тој ме избрка. :confused:
 
Член од
22 февруари 2014
Мислења
172
Поени од реакции
27
не мора да значи дека е коректно, еве има поплаки дека чекале луѓето додека овие пиеле кафе, па не им објаснувале и сл. Затоа е креирана анкетата, за да видиме каква е ситуацијата по градови. Инаку, да не се разбереме погрешно, немам за цел да критикувам никој, едноставно работиме и истражуваме за проект кој во финалната фаза треба да понуди решение и овозможи подобрување :)
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Јас немам никакви замерки, се беше многу брзо и организирано.
Што се однесува за електронско закажување не сум за. Всушност ти кога идеш да закажеш треба да однесеш некои документи како извод на родени и слично, па доколку закажувањето би било електронски тогаш документите ќе треба да се носат на денот на венчавката што мене лично воопшто не ми се допаѓа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom