Протоколи при патување за време на пандемија (КОВИД19)

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Можеби ќе ни дозволи коронавирусот оваа година порелаксирано да патуваме, без правила и протоколи, но за секој случај нека има едно катче каде ќе се потсетиме која дестинација каков протокол за влез треба да поседува патникот.

mk_covid_new.png images.jpgзб.jpg

ВЛЕЗ ЗА МАКЕДОНИЈА
„...Владата на Македонија, на седницата одржана на 19.04. 2022 година донесе Одлука со која во МКД може да се влезе без потреба на приложување на медицинска потврда со негативен резултат од RТ PCR SARS-CoV-2 тест.
Се укина мерката домашна изолација/карантин на сопствен трошок во времетраење од седум дена за лицата кои при влез на граничните премини на територијата на МКД....“

ЗА ВЛЕЗ ВО ИТАЛИЈА ( до 30.04.2022)

„...Согласно Уредбата на Министерството за здравство од 29 март 2022 година, со која се продолжуваат мерките од претходната Уредба од 22 февруари 2022 година, заклучно со 30 април 2022 година за влез во Италија од Северна Македонија или која било друга земја, доволно е да се прикаже:

- дигитален европски Ковид сертификат (потврда за вакцинација или сертификат на оздравување) или негативен молекуларен / антигенски тест

- формуларот PLF (Passenger Locator Form) во дигитална или хартиена форма.

Во случај да не се поседува еден од горенаведените сертификати, се применува мерката карантин во времетраење од 5 дена, со обврска да се направи молекуларен или антигенски тест на крајот на тој период.

Децата на возраст под шест години се ослободени од обврската за спроведување на молекуларен или антигенски тест.

Под услов да не постојат симптоми на Ковид-19 и со обврска да се поседува PLF, горенаведените одредби не се применуваат:

1) за превозниците;
2) за екипажот на превозниците;
3) за прекугранични работници кои влегуваат и излегуваат од Италија поради докажани работни причини и заради последователно повторно патување во своето живеалиште или дом;
4) за ученици и студенти кои учат/студираат во држава различна од онаа на живеење, дом или престој, во која се враќаат секој ден или најмалку еднаш неделно во своето живеалиште или дом;
5) за секој кој транзитира, со приватно возило, на италијанската територија во период не подолг од триесет и шест часа, со обврска, по истекот на тој рок, веднаш да ја напушти националната територија или, доколку тоа не го стори, да започне период на изолација од пет дена на адресата наведена во формуларот PLF, и на крајот на тој период, да се подложи на молекуларен или антигенски тест, извршен со брис;
6) за секој кој се враќа во Италија, по престој од не подолг од четириесет и осум часа, од странство, од места на оддалеченост не повеќе од 60 км од местото на живеење или домашната адреса, доколку патувањето е извршено со приватно возило;
7) во случај на престој не подолг од четириесет и осум часа во локалитет кој се наоѓа на италијанска територија, што се наоѓа на оддалеченост не повеќе од 60 км од местото на живеење или домот на лицето кое живее на таа локација во странска држава, под услов патувањето да се одвива со приватно возило...“

За овие и други прашања кои се однесуваат на Конзуларното одделение и Канцеларијата за визи, можете да се јавите:
Во понеделник од 10:00 до 13:00 часот и од 14:30 до 16:00 часот. Од вторник до четврток од 14.30 до 16.00 часот и петок од 13.30 до 15.00 часот....“


ЗА ВЛЕЗ ВО АВСТРИЈА 3Г (вакциниран, прележан или тестиран).

„....За вакцинираните лица времетрањето од примената втора доза не смее да биде подолго од 270 дена. Времетрањето од примената бустер доза, исто така не смее да биде подолго од 270 дена. За лицата кои прележале Ковид 19 рокот не смее да биде подолг од 180 денови.

Доказ за тестирање е ПЦР тест не постар од 72 часа или антиген тест не постар од 24 часа. Внатре во земјата постои генерална обврска за носење на ФФП2 маски во сите затворени простории, јавен превоз,трговија, гастрономски објекти, културни и спортски настани, и сл. За собири од повеќе од 100 лица, организаторот прави избор меѓу носење на маска или контрола на 3Г (вакциниран, прележан или тестиран).

Во Виена во гастрономските објекти важи правилото 2Г (прележан или вакциниран)....“

ЗА ВЛЕЗ ВО СРБИЈА

„..Во согласност со постоечките правила, за влез на македонските државјани од МКД во Србија не постојат никакви ограничувања.

Ограничувањата се само доколку нашите државјани доаѓаат од останатите земји, при што и за нив важат востановените правила:

- Поседување на негативен PCR тест или негативен Антиген FIA Rapid тест доколку лицето доаѓа од САД - (не постари од 48 часа);

- Сертификат за потполна вакцинација доколку лицето е вакцинирано во РС, односно во држава со која РС има склучено договор за признавање на вакцинацијата (Грција, Унгарија, Романија, Словенија, Турција, ОАЕ, Чешка, Индија) односно држава со која РС има фактички реципроцитет за признавање на сертификати за вакцинација (Хрватска, Словачка, Грузија, Мароко, Кипар, Либан, Молдавија, Сан Марино, Тунис, Ерменија, Египет);

- Потврда за прележана болест COVID 19 - потврда или друг јавен документ во кој е наведено дека имателот на документот имал болест предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, односно дека присуството на вирусот SARS-CoV-2 било утврдено кај тоа лице, во период не помалку од 14 дена и не повеќе од шест месеци, кои се издадени од Институтот за јавно здравје основан на територијата на Република Србија, или од надлежниот орган на државата со која Република Србија има склучено договор или де факто реципроцитет на признавањето на таквите документи (Хрватска, Германија, САД, Швајцарија, Данска, Луксембур, Шпанија, Австрија, Бугарија, Грција, Андора, Сан Марино, Словенија, Тунис, Турција, Романија;

- Лицата кои се во транзит низ СРБИЈА (вклучително и македонските државјани) истото можат да го сторат без никакви ограничување во период не подолг од 12 ч.
- За малолетни лица до 12 години нема никакви ограничувања.


ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА

„..Влезот на патници од земјите - членки на ЕУ и Шенгенскиот договор, како и од 37 земји кои не се членки на ЕУ, а кои се приклучиле на Системот за дигитални сертификати на Европската Унија (European Union Digital Covid Certificate, EUDCC), меѓу кои е и РС Македонија е дозволен со прикажување на Европски дигитален сертификат, алтернативно според следниот редосл
а) Сертификат за вакцинација: доколку имаат навршено најмалку 14 дена од вакцинацијата и не повеќе од 9 месеци по завршувањето на основната вакцинација или без временско ограничување за патниците кои ја примиле и третата доза,

б) потврда за прележана болест по лабораториско тестирање со методот PCR или по контрола со користење на брзи антиген тестови (rapid test). Европскиот дигитален сертификат за прележана болест се издава 14 дена по првиот позитивен тест и неговата важност трае до 180 дена по тестот

в) негативни резултати од лабораториски тест со методот PCR спроведен во последните 72ч пред нивното пристигнување во Грција или со брз антиген тест (rapid test) во рок од 24ч пред пристигнувањето во Грција.

Влезот на патници кои доаѓаат од сите други земји освен оние наведени во став 2 е дозволен доколку биле негативно дијагностицирани при лабораториски тест за корона вирус со PCR методот, спроведен во последните 72ч пред нивното пристигнување во Грција или алтернативно биле негативно дијагностицирани по контрола со употреба на брзо откривање на антиген на корона вирусот COVID-19 (rapid test) во рок од 24ч пред пристигнувањето во Грција од референтни лаборатории во земјата на потекло или транзит или јавни или приватни лаборатории на таа земја, под услов овие приватни лаборатории да се овластени од надлежен национален орган за акредитација во земјата и имаат сертификат на наведената дијагноза на англиски јазик, која го вклучува името на лицето, како што е запишано во пасошот.

Обврските од став 2 и 3 важат и за малолетни лица над 5 годишна возраст.

Сите патници во Грција, без оглед на државјанството и начинот на влез во земјата, подлегнуваат на лабораториски тест со земање примероци со методот PCR или брз тест за откривање на антиген (rapid test) врз основа на здравствен алгоритам и се должни за време на нивниот престој во земјата да се придржуваат до вонредните мерки за ограничување на ширењето на корона вирусот COVID-19, согласно заедничката министерска одлука Δ1α / ΓΠ.οικ.6756/04.02.2022 (Β ’430). Контролите ги спроведуваат претставниците на Генералниот секретаријат за цивилна заштита и Националната агенција за јавно здравје задолжени за вршење на лекарски прегледи.

Лицата кои подлегнуваат на проверка со земање примерок од став 7 остануваат во областа на влезната точка, сè до издавањето на резултатот од контролата.

Лицата од став 7 подлежат на привремено ограничување, дома или на соодветното место на привремен престој, кое се определува од надлежните органи, 5 дена во случај да бидат позитивни на тестот за КОВИД-19. Привременото ограничување започнува следниот ден од позитивната дијагноза. По истекот на 5 дена и доколку лицето нема симптоми или симптомите се подобрени, по целосно повлекување на температурата во текот на 24 ч без употреба на антипиретици, истекува привременото ограничување. Доколку температурата продолжи и по 5 ден, привременото ограничување се продолжува се до целосното повлекување на температурата.

Од горенаведените лица се бара да носат маска исклучиво со висока респираторна заштита (FFP2 или N95) или алтернативно двојна маска (хируршка и од ткаенина) најмалку уште 5 дена од истекот на ограничувањето.

Потестуваме и дека од 14 март 2022 година е укината обврската за приложување на пополнет PLF-формулар за влез во земјата.

Новата одлука ќе се применува од 18 април 2022 година од 06:00 часот до 1 мај 2022 година до 06:00 часот...“


ЗА ВЛЕЗ ВО БУГАРИЈА

„...Од 13 април, се укинува потребата за прикажување на соодветни сертификати (дигитален сертификат на ЕУ за COVID за вакцинација, ПЦР тест, брз антиген тест или прележана болест ) за влез во Република Бугарија за граѓаните на Република Северна Македонија

Република Северна Македонија е на слободен режим за влез во Република Бугарија, без никакви ограничувања за граѓаните во однос на КОВИД 19....“

ЗА ВЛЕЗ ВО АЛБАНИЈА

„... Почнувајќи од 06.09.2021 граѓаните што влегуваат во Албанија мора да ги исполнуваат следниве услови:

Пасош за вакцинација (Доказ за примена вакцина за Ковид 19, при што од денот на ревакцинацијата треба да изминале најмалку две недели)

Негативен PCR тест не постар од 72 часа или антиген тест не постар од 48 часа

Потврда дека прележале Ковид, валиден до 6 месеци по заздравувањето.

Горенаведените мерки важат и за граѓаните кои ќе реализираат транзит низ Албанија. Децата до 6 години се ослободени од овие мерки.

Доколку албански државјанин/странски државјанин кој има престој во Албанија не ги исполнува горенаведените услови задолжително оди во 10-дневна самоизолација и по 10 дена треба да направи КОВИД-19 тест во овластена установа по претходна консултација со матичен лекар.
Доколку странско лице нема престој во Р. Албанија и не исполнува ниту еден од горенаведените услови ќе му биде одбиен влез во Албанија...“

ЗА ВЛЕЗ ВО ДАНСКА

„..Од 29.03.2022 год во Данска нема забрани ниту рестрикции за туристи за влез во државата кои беа наложени поради пандемијата...“

ЗА ВЛЕЗ ВО БЕЛГИЈА

„...Од 18.02.2022 год., се укинува задолжителниот карантин и тестирање за лица кои поседуваат важечки сертификат за вакцинација, потврда за прележана болест или направен тест пред влегување, патниците со важечки сертификат за вакцинација, потврда за прележана болест или направен тест при влегување во Белгија повеќе нема да мора да се карантинираат или да се тестираат по пристигнувањето, беше објавено денес на прес конференција на Министерството за здравство.

Олеснувањето на правилата за тестирање и карантин доаѓа како додаток на поедноставените мерки објавени од страна на Консултативниот комитет

Олеснителните мерки се однесуваат на сите патници и белгиски и небелгиски жители кои поседуваат валиден сертификат, а со што престанува обврската да бидат тестирани на 1 или 7 ден по влегувањето во Белгија, како што беше досега.

Досега, ова сè уште беше неопходно за патниците кои доаѓаа од црвена зона надвор од ЕУ.

Сепак, жителите кои не поседуваат една од овие потврди, а кои се враќаат во Белгија од земја од со „неповолна епидемиолошка ситуација“ сепак мора да подлежат на брз антигенски тест (RAT) или PCR тест на 1-виот ден по пристигнувањето во Белгија.

Овие земји ги вклучуваат оние со „темно црвена“ боја на мапата за патување со коронавирус на ECDC, како и земји кои не се членки на ЕУ, а кои не се на белата листа.

Консултативниот комитет веќе одлучи дека патниците кои не се белгијски државјани или немаат регулиран престој ќе мора секогаш да докажат дека биле вакцинирани или ја прележале болеста или неодамна биле негативни на направен тест пред да влезат во Белгија.

За секој што влегува во Белгија од земја или регион со „нова варијанта “ (VOC), сегашните правила за тестирање и карантин остануваат непроменети...“

ЗА ВЛЕЗ ВО ИРСКА

„...Од 06.03. 2022 година, од патниците во Ирска не се бара да покажат доказ за вакцинација, доказ за закрепнување или негативен резултат од PCR тестот по пристигнувањето.

Нема барања за тестирање или карантин по пристигнувањето во Ирска.

Секое лице кое развива симптоми на Ковид-19 додека е во Ирска треба да ги следи упатствата за HSE во врска со изолацијата и преземање антиген или PCR тестирање како што е соодветно.

Од патниците во Ирска веќе не се бара да пополнат формулар за лоцирање (PLF) на патници COVID-19.

Компаниите-превозници нема да бараат од патниците потврда за PLF пред започнување на патувањето во Ирска...“

ВЛЕЗ ВО ПОЛСКА

„...Од 28.03.2022 год, согласно одлуката на Советот на министри на Полска од 25.03.2022 година за воспоставување одредени ограничувања, наредби и забрани во врска со епидемија, сите ограничувања за патување, влегување во Полска се укинуваат, што значи дека повеќе не постои обврска за:

- покажување потврди/сертификати за вакцинација, прележан COVID-19 при преминување на границата,

- тестирање за САРС-КоВ-2,

- упатување на т.н влезен карантин.

Од 28.03.2022 година, нема обврска да ја пополните картичката за локација на патниците (KLP) пред да пристигнете во Полска...“

ЗА ВЛЕЗ ВО РОМАНИЈА

„...Според Одлуката на Националниот комитет за вонредни состојби од 08.03.2022 се укинува:

- Обврската за пополнување на формуларот за локација на PLF.

- Обврската да се прикаже зелен сертификат за COVID (со QR).

- Карантин/самоизолација на влез во Романија.

- Класификација на државите според степенот на инфекција.

- Обврската за носење маска на затворени или отворени простори (истата останува препорака/личен избор).
... во моментов во Романија укинати се сите рестриктивни ограничувања за влез и престој во државата кои беа донесени за борба против пандемијата Ковид – 19 и не е потребно приложување сертификат за вакцинација /прележан ковид/ негативен тест, ниту за влез во државата, ниту за влез во јавни објекти, ресторани, барови, спортски сали и сл....“

ЗА ВЛЕЗ ВО ТУРЦИЈА

„...Оние кои исполнуваат барем еден од условите наведени подолу ќе можат да влезат во Турција и исто така ќе бидат ослободени од карантин.

Оние кои поднесуваат документ кој покажува дека имале најмалку две дози (единечна доза за Џонсон и Џонсон) од вакцините одобрени за итна употреба од Светската здравствена организација или Министерството за здравство на Република Турција и дека поминале 14 дена од последната доза,

За патниците кои ја имале болеста, оние кои доставуваат документ издаден од официјалните власти на соодветната земја дека ја имале болеста во последните 6 месеци, почнувајќи од 28-миот ден од првиот позитивен резултат на PCR тестот,

Мерките за карантин нема да се применуваат за оние кои ќе поднесат негативен PCR тест направен максимум 72 ч пред да влезат во Турција или негативен резултат на брз антиген тест направен најмногу 48 ч пред тоа.

Патниците помлади од 12 години се ослободени од PCR/антиген тест и апликации за сертификат за вакцинација кога ќе влезат во Турција.

Возачите на камиони се ослободени од SARS-CoV-2 PCR тестирање и карантин.

ЗА ВЛЕЗ ВО ФИНСКА

„...Влезот во Финска од земји надвор од ЕУ/ЕЕА и од зелената листа земји (надворешен граничен сообраќај), е дозволен за патниците кои ги исполнуваат општите услови за влез и следните специфични услови, било кој од овие три:

- да поседуваат потврда за целосна и валидна серија на вакцинација (со поминати најмалку седум дена од примањето на последната доза на вакцината);

-потврда дека лицето оздравело од Ковид-19 и дека примило една доза вакцина. Се поистоветува со комплетна серија вакцинации против Ковид-19;

- дигитален сертификат за COVID-19 на ЕУ што докажува дека лицето оздравело од COVID-19 во последните шест месеци.

Сите горенаведени барања се однесуваат на лица родени во 2006 година или порано...“
 
Последно уредено:
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.723
Поени од реакции
9.759
Одлична тема! А за влез во Македонија? :)
Летав пред некој ден, никој ништо не ми побара (на чек-ин ми рече типот со МК пасош нема рестрикции за влез во МК). Онлајн последно што видов пред да летам бараа или вакцина или тест или сертификат прележан. Според воведниот пост на @bijons и ова сега е укинато од пред 3 дена, колку што разбрав.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
ЗА ВЛЕЗ ВО ФРАНЦИЈА

„...Oд 01.04.2022, МКД е класифицирана во „зелена зона“.

Државјани на Република Северна Македонија може да влезат во Франција почнувајќи од 01.04.2022 година, под следниве услови:

1. Да сте вакцинирани (за вакцинирани се сметаат лицата кои примиле од една од следниве вакцини на EMA):

- 28 дена по една доза Johnson & Johnson
- 7 дена од втората доза Pfizer, Moderna, AstraZeneca/Vaxzevria/Covishield

со забелешка:
-Неопходна е „бустер“ доза (EMA) по истекот на 9 месеци од последната примена доза од горенаведените вакцини.

-За лица кои примиле вакцини признати од WHO, потребна е една доза вакцина („бустер“ доза) од EMA, примена 7 дена пред патувањето.

2. Доколку не сте вакцинирани едно од овие:

-Негативен ПЦР тест <72часа или Антигенски тест <48 часа
-Дигитален сертификат/потврда за закрепнување (важи 6 месеци од датумот на позитивниот тест)...“

ЗА ВЛЕЗ ВО ХОЛАНДИЈА

„...За влез во Холандија од Македонија, за лица над 12 години, потребно е да се даде доказ за примена вакцина или доказ за прележаност, издадени согласно правилата на ЕУ за дигитален ковид сертификат (тоа е сертификатот што се издава од службите во Северна Македонија).

- Валиден доказ за вакцинација што покажува дека лицето е целосно вакцинирано со вакцина одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА) или Светската здравствена организација (СЗО). Вакцинацијата треба да е направена пред 270 дена, сметајќи од датумот на примање на последната доза од примарниот циклус на вакцинација. Со бустер доза, важноста е со неограничен период.
- Валиден доказ за прележаност, со позитивен тест направен најрано 11 дена пред патувањето, а најдоцна 180 дена;

Од 23.03.2022 година, за патување во Холандија не треба да се приложи негативен резултат од тест, доколку се исполнети погоре наведените услови. Притоа, без доказ за вакцинација или прележаност, не може да се влезе во Холандија.
Потребни документи за влез во Холандија:
1.Пополнети формулари „Декларација за вакцина COVID-19“и здравствена декларација ОВДЕ 1 и ОВДЕ 2

2. Децата под 18-годишна возраст кои патуваат со нивните вакцинирани родители или старатели се ослободени од ова барање доколку покажат:

-доказ за вакцинација прифатен од Холандија;
-доказ за повратно патување (повратен билет издаден од авиокомпанија, автобуска компанија или железничка компанија);

Има и одредени други исклучоци, наведени ТУКА ,

Генералните информации за влез во Холандија ТУКА2

ВЛЕЗ ВО ХРВАТСКА

„...Препораки (мерки) за привремена забрана на преминување на државната граница на Хрватска – Одлука на Штабот за цивилна заштита на Р.Хрватска (до 30.04.2022г.)

Државјани на трети земји, кои не се членови на семејство на државјани членки на шенгенски простор и држави придружени на шенгенски простор, ниту се личности со долгорочен престој на основа на Директивите на Советот 2003/109/ЕЗ од 25 ноември 2003 година за статус на државјани од трети земји со долгорочен престој и личности кои имаат право на престој врз основа на други директиви на ЕУ или национални права или кои имаат национални долгорочни визи, при влез во Република Хрватска мораат да приложат валидна и важечка ЕУ дигитална Ковид потврда.

На лицата кои планираат да се задржат повеќе од 12 часа, влез во Хрватска ќе им се овозможи во следниве случаи:

- Поседување на негативен ПЦР тест не постар од 72 ч од моментот на тестирањето или брз антигенски тест на SARS-CoV-2 кој е наведен на Заедничка листа на брзи антигенски тестови кои меѓусебно ги признаваат државите членки на ЕУ, а која ја објавува Европската комисија, ако резултатот не е постар од 24 ч од моментот на тестирање до доаѓањето на граничниот премин.

Кај резултатот од брзиот антиген тест направен во странство мора да биде видлив производителот на тестот и/или комерцијалното име на тестот. Во спротивно тестот нема да се прифати како веродостоен за влез во Хрватска.

- Поседување на потврда не постара од 270 дена по примено на две дози вакцина која се користи во државите членки на ЕУ (Pfizer, Moderna, AstaZeneca, Gamaleya, Sinopharm, Novavax, )

или вакцина за која Светската здравствена организација има одобрено итна примена (Serum Institute of India – Covishield, Bharat Biotech – Covaxin, Sinovac – Corona Vac)
или потврда не постара од 270 дена за примено на една доза вакцина која се прима само во една доза (Janssen/Johnson&Johnson) и да е поминато 14 дена од примањето на едната доза или потврда за примено бустер доза.

- Поседување на потврда дека лицето се опоравило од болеста КОВИД-19 и примена една доза вакцина која се користи во државите членки на ЕУ (Pfizer, Moderna, AstaZeneca, Gamaleya, Sinopharm, Novavax, Janssen/ Johnson &Johnson) или вакцина за која СЗО има одобрено итна примена (Serum Institute of India – Covishield, Bharat Biotech – Covaxin, Sinovac – Corona Vac) во рамките на 8 месеци од почетокот на болеста, а вакцинирањето да е извршено пред помалку од 270 дена и е поминато 14 дена од примањето на едната доза.

- Поседување на позитивен ПЦР тест или брз антигенски тест со кои се потврдува дека лицето се опоравило од инфекција од вирусот SARS-CoV-2, при што тој тест е направен пред 180 дена, а постар е 11 дена од денот на доаѓање на граничниот премин или со прикажување на потврда за преболена болест COVID-19 која ја издава доктор.

- ПЦР тестирање или брзо антигенско тестирање веднаш по доаѓањето во Хрватска (на сопствен трошок), со задолжителна самоизолација до добивањето на негативниот резултат. Во случај на неможност за тестирање се одредува мерка самоизолација во траење од 7 дена.

Исклучоци од приложување на валидна и важечка ЕУ дигитална Ковид потврда или погоре наведените обврски се однесуваат на :

- Здравствени работници, здравствени истражувачи во здравството и работници кои се грижат за стари лица

- Прекугранични работници (како и на пример спортисти како што е наведено во исклучоците за патниците во рамките на ЕУ/ЕЕА) ;

- Лица во сообраќаен сектор

- Дипломати, лица од меѓународни организации и лица кои доаѓаат со покана на меѓународна организација каде е потребна физичка присутност за добро функционирање на тие организации, воени и полициски лица, хуманитарни работници и лица за цивилна заштита при извршување на своите должности.

- Транзитни патници со обврска да ја напуштат Хрватска во рок од 12 часа

- Лица кои патуваат поради школување,

- Морепловци

Деца помлади од 12 години кои патуваат во придружба на родители или старатели се иземени од обврската за прикажување на негативен резултат и самоизолација ако родителите/старателите поседуваат негативен ПЦР или брз антигенски тест, односно потврда за вакцинација или преболена болест на COVID-19.

ВЛЕЗ ВО ЦРНА ГОРА

„...Врз основа на направената анализа за епидемиолошка состојба во ЦГ со вирусот COVID 19, Министерството за здравство на Црна Гора ја укина обврската за поседување на COVID потврда за влез во Црна Гора, со придржување на основните епидемиолошки мерки. Оваа мерка е во сила од 11.03. до 25.03.2022 година.
За дополнителни информации поврзани со епидемиолошките мерки во Црна Гора може да се информирате на веб порталот ТУКА,

ВЛЕЗ ВО СЛОВЕНИЈА

„...Владата на Словенија донесе уредба за изменување и дополнување на Уредбата за утврдување на условите за влез во Словенија заради спречување и контрола на заразната болест КОВИД-19. Уредбата стапува во сила на 19.02.2022 год. од кога ограничувањата поврзани со Ковид-19 повеќе нема да важат при влез во Словенија. Ова значи дека:

- Условот ПВТ (прележаност/вакцинација/тестирање) повеќе не мора да се исполнува при влез на граница и

- На патниците повеќе нема да им се одредува домашен карантин,

Врз основа на мислењето на експертската група на министерството за здравство, Ковид-19 повеќе не се смета за карантинско заболување и карантинот е укинат, па затоа нема причина да се ограничи влезот во Словенија...“

ВЛЕЗ ВО КОСОВО

„...Со најновата одлука на Владата на Косово, се укинува барањето за нашите државјани при влез да приложат потврда за примена трета доза на вакцина против Коронавирусот или негативен ПЦР тест.
Со новата одлука нашите државјани можат да влезат во КосовоЧ
-доколку поседуваат сертификат за примени две дози вакцини против Ковид-19, или
- една доза но со ПЦР тест...“

ВЛЕЗ ВО ЧЕШКА

„...Од 09.04.2022, укинати се заштитните мерки со кои се регулираат правилата за влез во Чешка во врска со епидемијата на Ковид-19.

Министерството за здравство ги укина постојните заштитни мерки во однос на моменталната епидемиолошка состојба во Чешка и во странство. Сите лица сега можат да пристигнат во Чешка без никакви ограничувања, без разлика дали патуваат од земја која не е членка на ЕУ или од Европската унија.

Не се потребни посебни епидемиолошки услови за влез во Чешка за да се спречи ширењето на болеста. Укината е забраната за влез на странци од трети земји и потребата од докажување на заразнос.

Укинати заштитни мерки:

- заштитна мерка на Министерството за здравство од 17.03.2022 година (правила за влез во Чешка)

- мерка за заштита на Министерството за здравство од 18.03. 2022 година (список на земји или територии со низок ризик од Ковид-19)

- заштитна мерка на Министерството за здравство од 24.02. 2022 година (исклучоци од правилата за влез во Чешка за одредени граѓани на Украина)

Укината е заштитната мерка на Министерството за здравство со која се ограничува издавањето визи и патувањето во Чешка.

Сега повторно е можно да се аплицира за визи и да се патува во Чешка, како во периодот пред пандемијата.

ВЛЕЗ ВО ШВЕДСКА

„..На 31.03.2022 год завршуваат ограничувања при влез на државјани од земји надвор од ЕУ во Шведска воведени поради Ковид-19 пандемијата.

Од 01.04.2022 год април нема никакви дополнителни услови за влез во Шведска за државјани на трети земји, односно не се потребни сертификати за вакцинација, доказ за прележаност или негативен тест за Ковид за влез во земјата.

ВЛЕЗ ВО ШВАЈЦАРИЈА

„... За влез во Швајцарската Конфедерација, почнувајќи од 16.02.2022 година, секое лице најпрво е потребно да пристапи на следниот линк ТУКА,
каде што во зависност од државата на влез и вакциналниот статус, се генерира одговор, дали се исполнети условите за влез и под кои критериуми.

Иако, согласно последните информации од Протоколот на МНР на ШК, не постојат посебни услови за влез во земјата, Амбасадата секојдневно се соочува со поплаки наши државјани, кои биле задржани на аеродромите во земјата од авиокомпанијата при чекирање на авио билетите со барање за негативен тест за излез од истата, но и за влез во Швајцарија соодветно, од страна на Швајцарските гранични служби.

Во тој контекст, сепак упатуваме, да пред секое патување да се контактира Швајцарската Амбасада во Приштина ОВДЕ, која би потврдила или издала соодветен документ со кој би се потврдила одлуката на нивната Влада за изземање на барањето за поседување на негативен тест/сертификат за две дози вакцина (што и претходно беше услов за влез во земјата).

ВЛЕЗ ВО ШПАНИЈА

„...Согласно одлука на Владата на Шпанија, започнувајќи од 06.04.2022 год, граѓаните на Македонија можат да влезат во Шпанија под следните услови:

1. За пристигнувања со авион или брод, задолжителна е регистрација 48 часа пред патувањето ТУКА, (во моментов не е потребна регистрација ако во Шпанија се влегува по копнен пат).

2. Приложување на сертификат за вакцинација со вакцина призната од Светската Здравствена Организација (WHO) и Европска Агенција за Лекови(EMA).

Почнувајќи од 01.02.2022 година, се прифаќаат потврдите за извршена имунизација со две дози вакцини од надлежните органи на земјата на потекло, доколку се поминати 14 дена од датумот на прием на втората вакцина и доколку не поминале повеќе од 270 дена од датумот на прием на втората вакцина.
По истекот на рокот од 270 дена, сертификатот за имунизација издаден од надлежниот орган на земјата на потекло мора да содржи доказ за прием на трета (booster) вакцина.
Сертификатите за имунизација со две вакцини кои не се признаени од WHO и ЕМА ќе се прифаќаат само ако третата примена вакцина е признаена од страна WHO и ЕМА,

3. За деца под 12 години кои ги придружуваат патниците не е потребен сертификат за вакцинација, но останува задолжителната регистрација (од точка 1).

4. Почнувајќи од 08.03.2022 година, за деца од 12 до 18 години се дозволува влез со негативен PCR или NAAT тест, не постар од 72 ч, со задолжителната регистрација (од точка 1).

5. За сите лица над 18 години, влез со PCR или NAAT тестови ќе биде дозволен САМО за патници кои имаат соодветна шпанска виза или дозвола за престој во Шпанија.

*На туристи без сертификат за имунизација нема да им биде дозволен влез во Шпанија!

Во сертификатот е потребно да бидат евидентирани:
име и презиме,
датум на примени вакцини,
вид на вакцина,
колку дози се примени,
земја која го издава Сертификатот,
број на идентификација на органот.
Сертификатот се признава доколку е издаден на шпански, англиски, француски или германски јазик.
Доколку е издаден на друг јазик, потребно е да биде придружуван со официјален превод. За сите лица, без оглед на возраста, е задолжително пополнување на FCS формуларот кој се наоѓа ОВДЕ или мобилната апликација SPAIN TRAVEL HEALTH (SpTH).
Формуларот е задолжителен за транзит и за влез, за сите патници, од сите возрасти без исклучок,
Линк до објавата (на англиски јазик) на Амбасадата на Шпанија во МКД ОВДЕ,

Во случај на потреба од дополнителни/специфични информации, советуваме пред патувањето да биде консултирана Амбасадата на Шпанија во Скопје.

ВЛЕЗ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

„...Советот на министри на БиХ ја донесе Одлуката за измени и дополнувања на Одлуката за пропишување дополнителни услови за влез на странци во Босна и Херцеговина.

Измените на Одлуката предвидуваат странците да можат да влезат во БиХ доколку на граничниот премин прикажат негативен ПЦР тест или брз антиген тест за вирусот САРС-КоВ-2, не постари од 48 часа кои доаѓаат од европски земји, додека тие што доаѓаат од други земји, тестовите кои не се постари од 72 часа до пристигнувањето на граничниот премин на БиХ.

Исто така, на странците им беше дозволен влез во БиХ со потврда дека вакцинацијата со две дози вакцина против КОВИД-19 била завршена најмалку 14 дена пред пристигнувањето на граничниот премин, односно дека лицето било вакцинирано со една доза 14 дена или повеќе пред тоа на граничниот премин, ако се работи за вакцина која се прима во една доза.

На странец во БиХ му е дозволен влез и со лекарска потврда дека ја надминал болеста СОВИД-19 во периодот од 14 до 180 дена, пред да пристигне на граничниот премин на БиХ.

Деца под седум години, придружувани од родител или старател кој има еден од четирите потребни докази, како и странци со одобрен привремен или постојан престој во БиХ, можат да се вратат во БиХ без да ги исполнат овие мерки доколку се вратат во Босна и Херцеговина по напуштање и престој само во Црна Гора, Република Хрватска и Република Србија, под услов вкупниот престој во овие земји да не трае подолго од 48 часа од напуштањето на територијата на БиХ, за што сведочи печатот за излез или влез во патната исправа на странецот.

Исто така, без исполнување на овие мерки, странци, државјани на Република Турција кои секојдневно ја минуваат границата на БиХ за да извршат работи на изградба на мостот Рача во рамки на изградбата на автопатот Сараево-Белград-Сараево, списокот на овие лица треба да ги достави Граничната полиција на БиХ.

Потсетуваме дека остануваат во сила претходните одредби кои, меѓу другото, им овозможуваат на граѓаните од соседните земји Србија, Хрватска и Црна Гора да влезат во БиХ без да приложат PCR/брз антиген тест или потврда за вакцинација за вирусот COVID-19.

ВЛЕЗ ВО УНГАРИЈА


„...Во Унгарија, од 07.03. 2022 г. еднострано се укинува обврската за сите, вклучително и за македонските државјани за приложување при влез во Унгарија на (алтернативно) или
1. Национален сертификат за вакцинација на Македонија (врз основа на склучениот билатерален аранжман за меѓусебно признавање на националните сертификати);
2. Негативен PCR тест не постар од 72 часа,
3. Доказ за прележување на КОВИД-19, како услов за влез во Унгарија.

Новите епидемиолошки мерки ќе останат во сила се додека евентуално не се појави нов бран на КОВИД-19, иако епидемиолошките прогнози укажуваат на тоа дека симптомите на болеста во следниот бран може да бидат поблаги, водејќи се од динамиката на развој на пандемијата во последниот петти бран со варијантата Omicron.
Вонредната состојба којашто е воведена во земјата останува да важи до 06.2022 год, делумно поради опасноста од појава на шести бран и делумно поради претстојните парламентарни избори, бидејќи по изборите (во транзицискиот период пред формирањето на новата влада) вонредната состојба му овозможува на владиниот кабинет да носи мерки и „да ја задржи својата способност за дејствување“.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
ВЛЕЗ ВО СЛОВАЧКА

„... Според Уредба број28/2022 со важност од 14март 2022, лицата кои влегуваат на територијата на Словачка, а се на возраст над 12 години и два месеци, се должни да се регистрираат на веб-страницата ТУКА,
пред нивното влегување во Словачкаи на барање на припадник на полициските сили или вработен во подрачното јавно здравство да ги покажат на увид пополнетите обрасци при влез и за време на престојот на територијата на Словачка.

Лицата кои влегуваат на територијата на Република Словачка по воздушен пат се должни пред тргнување за Словачка да пополнат електронски формулар за проверка на патници во врска со заштитата најавното здравје објавен на веб-страницата ОВДЕ,
Согласно донесената Уредба број 28/22 лицата кои ќе влезат на територијата на Словачка, задолжително треба да покажат доказ дека се целосно вакцинирани или прележалеКОВИД-19.

Според Уредбата за целосно вакцинирано лице се смета:

а) Лице кое најмалку пред 14 дена примило втора доза на вакцина од КОВИД-19,но да не поминало подолго од 9 месеци од примање на втората вакцина или бустер дозата,

б) Лице кое најмалку пред 21 ден примило прва доза на вакцина против КОВИД-19, но да не поминало подолго од 9 месеци од примање на првата вакцина,

в) Лице кое прележало КОВИД-19 ако во периодот од 180 дена примило прва доза на вакцина се смета како целосно вакцинирано, доколку поминале 14 дена по примање на првата доза на вакцина, но не подолго од 9 месеци од примање на првата вакцина.

Според оваа уредба, лице кое прележало КОВИД-19 се смета лицето кое прележало КОВИД-19, пред не повеќе од 180 дена.

Лица кои влегуваат на територијата на Словачка кои се целосно вакцинирани или прележале КОВИД-19, за целите на оваа уредба се должни да прикажат пред припадник на полициските сили или вработен во регионалната јавно-здравствена управа, дигитален сертификат од земја-членка на ЕУ или трета земја или друг доверлив официјален сертификат за вакцинација или потврда за прележан КОВИД-19,кои задолжително треба да бидат издадени на англиски јазик.

Во случај лицето да поседува сертификат за вакцинација од трета земја, националниот сертификат мора да ги содржи:
- Податоците за лицето (име и презиме, датум на раѓање),

- Име на вакцината и производителот, редослед на вакцинацијата и вкупниот број на вакцини, какои датумот на последната примена вакцина.

Националниот сертификат мора да има печат на овластено тело/ институција од земјата која го издава, да може истиот да се провери електронски и задолжително да биде издаден на англиски јазик. Лицето кое нема да приложи таков документ не се смета за целосно вакцинирано лице или лице кое прележало КОВИД-19.

На лицата кои ќе влезат на територијата на Словачка после 14.03.2022 год, а кои не се вакцинирани или прележани од КОВИД-19, ќе им се определи карантин во домашни услови, кој завршува 5-тиот ден со добивање на негативен резултат на RT-PCR тест за КОВИД-19 кој може да се направи по влегувањето на територијата на Република Словачка.

Во случај на деца на возраст под 12 години и два месеци, кои нема да пројават симптоми на КОВИД-19 додека се во карантин, нивниот карантин завршува истовремено со завршување на домашната изолација на лицата кои живеат во заедничко домаќинство со нив.

Оваа одредба не се применува на целосно вакцинирани лица или лица кои прележале КОВИД-19.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Во ред за влез, но не е исто патувањето како порано.
Вчера бев во Грција, во секој еден маркет, секој бутик и секој кафич потребно е да покажиш сертификат, потребно е да го скенираат, па бидејќи нашиве печати не ги фаќа скенерот на секој еден келнер, продавач шо и да е по 5 мин им објаснувам шо пишува како пишува кога се вакцинирав колку дози со која вакцина итн.
Да ти се збогтисат и шетање и се.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.059
Добра тема и навреме оти почната е сезона на патувања
Poland, ете ме :D

Во ред за влез, но не е исто патувањето како порано.
Вчера бев во Грција, во секој еден маркет, секој бутик и секој кафич потребно е да покажиш сертификат, потребно е да го скенираат, па бидејќи нашиве печати не ги фаќа скенерот на секој еден келнер, продавач шо и да е по 5 мин им објаснувам шо пишува како пишува кога се вакцинирав колку дози со која вакцина итн.
Да ти се збогтисат и шетање и се.
да, се разликува протокол за влез/излез од и во држава со протоколи во самата држава. Но, тоа е веќе пообемна тема за пишување. Ако некој сака негде да иде, може овде да праша или во амбасадите или агенциите.

Пример (напишав и во ковид темата), авионски мора да се носи маска ФФП стандард или N95, К95 по нашки, цело време во авионите, цело време на аеродромите. Таму (унгарија) не бараат сертификат за излез од аеродром, ниту бараат маски во продавници, трамваи или метро. Секој на своја рака носи. За назад бараат сертификат за вакцина или тест "за патување". На скопски за назад никому ништо не побараа. Ај понатаму за пола месец ќе кажам искуство од друга земја мада читам дека не се потребни ни таму нигде воглавно (освен аеродроми и авион), за разлика од Грција. Но за секој случај треба да се носи по некоја маска.

Инаку, освен овде да прашате, може да се информирате и од агенцијата каде сте земале карта, амбасадата каде одите или осигурителната каде се осигурувате патнички. Јас се јавив на трите места па и овде прашав. Кој ќе се враќа пешки :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
ВЛЕЗ ВО НОРВЕШКА

„...Почнувајќи од 17.02.2022 година, нема никакви КОВИД-19 ограничувања за влез во Норвешка, туку се применуваат само општите прописи за имиграција.

Сите КОВИД-19 мерки за влез се укинати и повеќе не е потребно патниците да пополнат формулар за регистрација пред пристигнување, да приложат негативен тест при влез во земјата, да се тестираат по пристигнувањето или да се стават во карантин по влегувањето, без оглед на статусот на вакцинација.

ВЛЕЗ ВО ПОРТУГАЛИЈА

„...Согласно информациите добиени од Португалската Амбасада во Париз известувамe дека наведените лица може да учествуваат на активностите под следните услови кои се на сила од 1 до 31 октомври:
Дозволени се службени посети или учество на курсеви, семинари, обуки и друго за што со себе треба да имаат покана или друг документ од организаторот.

За лицата кои се вакцинирани со вакцини признаени од ЕУ (BioNTech и Pfizer, Moderna, AstraZeneca и Janssen Pharmaceutica NV) нема потреба од дополнителни мерки (Но во секој случај потврдата што ја имаат треба да биде читлива и разбирлива за пограничните служби). Истото важи и за лицата кои прележале Ковид-19 (треба да поседуваат соодветна потврда).

За сите останати лица кои не се вакцинирани (или се вакцинирани со други вакцини кои не се признаени во ЕУ) треба да имаат ПЦР тест кој нема да биде постар од 72 часа или антиген тест не постар од 48 часа пред првото полетување. Можно е по пристигнување да биде направен тест по случаен избор од нивните санитарни контроли на аeродромот пред да се влезе во земјата.

Сите патници треба да пополнат формулар „патнички локатор“ 4 дена пред полетување кој се пополнува преку интернет и истиот треба да го имаат со себе за време на патувањето ТУКА,
Во овој момент нема други ограничувања но треба да се има во предвид дека состојбите брзо се менуваат а со тоа и превентивните мерки за влез. Од амбасадата предлогот е сите лица без разлика дали се вакцинирани или не да направат ПЦР тест пред тргнување за да нема изненадување кај авиокомпаниите со кои ќе летаат...“

ВЛЕЗ ВО ГЕРМАНИЈА

„...Од 27.02.2022 г. Македонија не важи веќе за подрачје со висок ризик според одредбата за влез во услови на корона-пандемијата во Германија поради што не е потребно елктронско пријавување.

Влез во Германија е можен:

1. Со целосна вакцинација

Лица над 12 години, што се целосно вакцинирани со вакцина што е призната во Германија може да влезат во Германија за сите цели на патување, ако од последната потребна вакцина поминале минимум 14 дена.

Од 01.02.2022 год важењето на вакцинацискиот сертификат во ЕУ/ Германија се намали од 12 на 9 месеци од втора доза призната вакцина.
Ако е истечен треба или 3 доза или тест или сертификат за прележаност не постар од 3 месеци од позитивен тест.
Примени две кинески/руски и трета доза призната вакцинане се признава како целосно вакцинирано лице.

Деца под 12 години, што сè уште не се вакцинирани, може да влезат со доказ за тест, (ПЦР-тест или антиген тест) во придружба на барем еден целосно вакциниран родител.
На деца под 6 години не им е потребен ниту ковид-сертификат ниту потврда за тест.

2. Поради нужна причина: лица без целосна вакцинална заштита може да влезат во Германија само доколку нивното патување е итно нужно.

* Туристичките патувања во Германија не претставуваат итна причина и поради што не се дозволува влез за нецелосно вакцинирани лица.

Доколку се докаже нужноста тогаш е потребен негативен КОВИД-19 тест, антиген или ПЦР, кои не смеат да бидат постари од 24 (антиген) односно 48 (ПЦР) часа во планираниот момент на влез во земјата.

Прележаноста се докажува со директна детекција на вирусот, а тестот за доказ на претходната инфекција мора да е најмалку 28 дена, а најмногу 90 дена стар.
Деца под 12 години се ослободени од обврската за приложување на докази.

Крајната одлука за дозвола за влез во Германија сепак ја носи граничната полиција од соодветната сојзна покраина, согласно мерките кои важат во истата...“
 
Последно уредено:
Член од
18 јули 2012
Мислења
1.011
Поени од реакции
613
Sakam da patuvam za Belgija , dali moze da pominam bez vakcina ?
 
Член од
22 август 2006
Мислења
494
Поени од реакции
1.000
За влез во Шпанија од тоа пред месец дена известувањето немаат ништо ново објавено, а на телефоните никој не се јавува во амбасадата. Му најдов еден број емрџенси за шпанци му се напнав на тоа братот таму некој си шпански конзуларен работник, му викам оти се исклучени нормалните телефони во амбасада, ми вика оти многу луѓе ѕвонеле на телефоните неможеле да престигнат и неможел да ми дава инфо за патување освен ако не сум шпански државјанин што има проблем некаков. (n)o_O Демек преку мејл ќе можело само да се добие било какво инфо.
Додека ми вратат на мејл, ако има некој инфо некое нека пиши, дали знаете за некаква промена.
 

marinium

Even Cops Dial 911 -S.W.A.T !
Член од
5 мај 2013
Мислења
984
Поени од реакции
496
Видов дека има веќе напишано за италија, меѓутоа најново што разбрав е дека за влез во Италија сега треба само тест за ковид, дали е пцр или брз антигенски небитно.
Дали е тоа точно, дека за летово има таква нова промена?!
 
Член од
18 јули 2012
Мислења
1.011
Поени од реакции
613
Ako ima nekoj odgovor i za Belgija , dali barat vakcina
 

Kajgana Shop

На врв Bottom