Протест на жителите на Визбегово против Домот за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
да, зборувам за реалност, настрана случајов, сум видел како изгледаат социјални населби затоа и зборувам, ни ти не би сакал да живееш во такви.
Зборуваме за случајот, не за ланскиот снег. Изгледај ги видеата и после ќе зборуваме. Де објасни ми какви се тие „социјални населби“ во кои јас не би сакал да живеам? Со вакви луѓе во комшии, како овие што протестираа, не би сакал да живеам ни во Шутка ни во Париз.
Не би сакал ни да помислам дека случајов има политичка позадина иако ми мириса дека е.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.085
О друже Лурц, дозволи ми да не се согласам со тебе. Овде не станува збор за дом. Ова се мали домови со 3 до 5 деца кои се под постојан надзор.
затоа и додадов, не знам, можеби проблемите се преувеличени, но секој сака мирно маало, без криминалци, лихвари, наркомани или лопови. Точно и не знам каков проблем со законот имале. По она што го слушам, не е баш све под надзор као што го филуваат надлежните.
Али Најчевска е отров.
 
Последно уредено:
Член од
5 август 2017
Мислења
697
Поени од реакции
855
Зборуваме за случајот, не за ланскиот снег. Изгледај ги видеата и после ќе зборуваме. Де објасни ми какви се тие „социјални населби“ во кои јас не би сакал да живеам? Со вакви луѓе во комшии, како овие што протестираа, не би сакал да живеам ни во Шутка ни во Париз.
Не би сакал ни да помислам дека случајов има политичка позадина иако ми мириса дека е.
Јас директно не го искоментирав случајов, само како што спомнав мене ми смета селективноста, да не се повторувам,како што вика и @Lurtz, зошто не на Водно, Пржино и слично,... туку ај Визбегово, а ако не знаеш какви се тие социјални населби, бадијала да се објаснувам со тебе, не вреди да губам време.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
затоа и додадов, не знам, можеби проблемите се преувеличени, но секој сака мирно маало, без криминалци, лихвари, наркомани или лопови. Точно и не знам каков проблем со законот имале.
Али Најчевска е отров.
По некоја случајност ги знам вработените во домот, знам и неколку деца штитеници на домот. Проблемот е што немало проблем. Протестот е од причина дека можеби ќе имаат. Се стигматизираат и користат стереотипи и предрасуди.

П.С. Најчевска ја отру буквално „Госпожава“, ја уништи.
Јас директно не го искоментирав случајов, само како што спомнав мене ми смета селективноста, да не се повторувам,како што вика и @Lurtz, зошто не на Водно, Пржино и слично,... туку ај Визбегово, а ако не знаеш какви се тие социјални населби, бадијала да се објаснувам со тебе, не вреди да губам време.
Значи си офтопик. Темава е за реакцијата на населениево. Не вреди да ми објаснуваш затоа што не знаеш. Де наведи ми една таква населба во која јас „не би сакал да живеам“.
Ти кажав зошто не на Водно, Пржино итн. Погледај ги факинг видеата бемомче. После коментирај.
Такви Домови веќе има под Водно, карши државна болница, Козле, Влае, Бутел.... Ај прашање до тебе, ти би дал твоја куќа под наем за таков дом?
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.085
По некоја случајност ги знам вработените во домот, знам и неколку деца штитеници на домот. Проблемот е што немало проблем. Протестот е од причина дека можеби ќе имаат. Се стигматизираат и користат стереотипи и предрасуди.
прво, дали се овие деца без родители или деца кои се занимавале со криминал. Според она што го читав, она второто, но со каков вид криминал, никој од овие од невладини и министерства не кажува ништо. Кражби, наркоманија, физичко насилство...?
И точно дека луѓето се скептици затоа што системот ни е дно па едно се ветува од нгоата и министерствата, по извесен период друго се прави.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
прво, дали се овие деца без родители или деца кои се занимавале со криминал. Според она што го читав, она второто, но со каков вид криминал, никој од овие од невладини и министерства не кажува ништо. Кражби, наркоманија, физичко насилство...?
Аман бе друже. Не се децата од казнено поправен дом. Но кога веќе ме прашуваш, не се ни првото ни второто. Нека ти текне.... hint ... одговорот е во називот на домот.
штура им е малку странава, но.... www.domzadeca.mk
И точно дека луѓето се скептици затоа што системот ни е дно па едно се ветува од нгоата и министерствата, по извесен период друго се прави.
За 3 деца се работи не за 100.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.085
Да го вметнам во контекст на -не дискриминирајте, не правете поделби...зашто тоа не функционираше со мигрантите? И зашто беа планирани кампови Ѓорче, Момин Поток и такви некои населби, а не Ракотинци поред базените, Бардовци кај холивудските ѕвезди или Волково до елитната населба на пример? Ех, зошто. Сите сме хумани додека не ни чукнат на прагот. Не зборам за овие 3-4 деца, колку и да се. Зборам општо. Утре ќе дојдат уште толку...народот не и верува на власта, некогаш и со право.
 
M

Macedon1um

Гостин

Претеруваш малце, едно е арапи/пакистанци итн економски мигранти сосема друго е малолетни деца државјани на РМ кои под случај на околности се нашле во домовите. Ако ги изолираат на страна како што предлагаат некои не само што нема да се ресоцијализираат туку ќе станат уште полоши
 
Kajgana Shop

На врв Bottom