Протест на жителите на Визбегово против Домот за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Повод за темава ми беше емисијата (при крај во моментов) на телевизија 24. Не ми е јасно за што протестираа луѓево. Која хипокризија. Не ми се верува, не можам да се начудам, во каква држава живеам.
Како ретерирше претставникот на жителите, неверојатно, ја пикнаа в шише.

Еве ја и веста:

Граѓаните на скопско Визбегово денеска протестираа против дисперзираниот објект на Домот за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение од Скопје во нивната населба, за да укажуваат на несоодветноста со изборот на објектот за оваа намена. Тие се жалат дека во вечерните часови децата се шетаат по куќите и прават проблеми и дека постојано им бараат цигари и алкохол, а правеле штета и врз недвижниот имот. Катерина Тодороска од Организацискиот одбор на собирот изјави дека не протестрираат против младитре лица со нарушено поведение, туку против неадекватноста на изборот на локација за објектот за ваква намена и против неорганизираноста на процесот на т.н. ресоцијализација на овие штитеници. – Тоа се млади лица со нарушено поведение за кои се организира образовен процес во истиот објект каде живеат. Со таквиот факт се разнебитува прокламираната идеја дека тие млади лица со нарушено поведение ќе се ресоцијализираат, бидејќи познато е дека најдобра социјализација и ресоцијализација на секоја идивидуа се случува во период на мешање со свои врсници. Во случајот, се работи за млади лица со нарушено поведение кои се „ресоцијализираат“ меѓусебно, а при тоа лицата имаат и воспитно-социјални проблеми, вели Тодороска. Тие бараат итно да се прекине „овој непрофесионален, нетранспарентен и во сериозни размери ризичен проект на Министерството за труд и работа и УНИЦЕФ и најавија дека ќе продолжат да протестираат против овој проект се до решавање на ситуацијата. Директорката на трансформираните установи „25 Мај“ и „Ранка Милановиќ“, Виолета Масевска Палиќ ги отфрла овие наводи на локалните жители и вели дека во домот се згрижени три деца и не прават проблеми. Таа додава дека досега нема ниту една пријава кај нив, ниту во МВР за некакви проблеми направени од децата. Директорката информира дека утрово децата биле префрлани на друга локација каде ќе останат до завршување на протестот, по што ќе бидат вратени во домот во Визбегово. – Утрово децата ги дислоциравме во средина којашто ги прифаќа овие деца и која не пати од предрадуси и нема потреба да ги дискриминира. Меѓутоа не успеавме во нашата цел затоа што кога го напуштија својот дом ни поставија едно прашање „Зошто соседите не не сакаат и не не почитуваат?“. Трите деца од поранешна „Ранка Милановиќ“ сместени во малиот групен дом во Визбегово имаат 24часовен надзор од стручни лица. Децата почнаа да не прашуваат зошто не не сакаат во оваа околина. Тука првпат добиваат топол дом и грижа кои досега има недостасувале во животот. Неколку недели пред децата да се преселат во куќата во Визбегово, беа известени сите блиски соседи коишто се најдени во своите домови, изјави Масевска Палиќ. Од Хелсиншкиот комитет за човекови права ги поздравуваат напорите на Министерството за труд и социјална политика за реализација на заложбата да се деинституционализираат сите деца кои се сместени во нехумани услови и изолирана средина. – Комитетот го поддржува доследното спроведување на реформата, која е започната уште пред петнаесетина години. Декларацијата за правото на детето и Конвенцијата за правото на детето, како и домашните закони кои ја регулираат детската заштита ги обврзуваат државните институции преку нивните мерки да се грижат за најдобрите интереси на детето. Но, грижата за нив, особено за оние кои се најзагрозени, е обврска на целото општество. Воспитно-социјалните проблеми на децата, кои од домот ,,Ранка Милановиќ’’ се преместуваат во мали групни домови, се производ на негрижа, насилство и занемарување со кое се соочиле уште на самиот почеток на нивниот живот. Тие деца заслужуваат шанса и поддршка за да растат и да се развиваат како останатите деца, а не дополнително да се стигматизираат и да се одвојуваат од општеството. Притоа, нагласуваме дека големите институции се надминат концепт за згрижување, кој има сериозни негативни ефекти врз развојот на децата и нивното оформување во возрасни личности, се вели во соопштението на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Од таму апелираат жителите на Визбегово да покажат емпатија, разбирање и прифаќање за децата кои се селат во нивната околина, во дом кој не е институција и кој наликува на семејна средина, а што е суштински предуслов за нивна социјализација и напредок.
Протест на жителите на Визбегово против Домот за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми | opserver.mk
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
мало сутра ќе се ресоцијализират
Зошто нема? Си ги видел тие деца? Си видел каква грижа добиваат?
Има една американска поговорка: „Not in my backyard.“
Моја грешка. Не каква држава туку какви луѓе (да не речам нелуѓе) живеат во државава.

Еве го прилогот на Телма (за жал страната на тв 24 не работи)
 
Последно уредено:
Член од
5 август 2017
Мислења
697
Поени од реакции
855
Зошто нема? Си ги видел тие деца? Си видел каква грижа добиваат?

Моја грешка. Не каква држава туку какви луѓе (да не речам нелуѓе) живеат во државава.

Еве го прилогот на Телма (за жал страната на тв 24 не работи)
па ако не ги сакаат во Визбегово нека ги однесат во Центар каде што ги сакаат, што ги пикаат со сила таму каде што не ги сакаат.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Моја грешка. Не каква држава туку какви луѓе (да не речам нелуѓе) живеат во државава.
Ова е коментар на место. Не ми е јасно, возрасни луѓе беа тие што се бунат сигурно и самите имаат деца. После не знам колку време имаат хумани услови за живеење и некој се буни. 14 години имаат дечињата, души со милион емоционални проблеми и маса дегени не ги сакаат во близина. Не е човечно, не е елементарно цивилизациски.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.532
Поени од реакции
21.407
Samo vo retardirano zaostanati drzhavi kako Makedonija mozhe da ima protest protiv 12-13 godishni deca koi tropale na vrata i barale cigari.
Posle datum sme chekale...
Nas vo unija na retardosi kje ne odbijat.
Автоматски споено мислење:

па ако не ги сакаат во Визбегово нека ги однесат во Центар каде што ги сакаат, што ги пикаат со сила таму каде што не ги сакаат.
Eve eden retardos od protestite. Toj so naocharite si ti?
 
не, не сум тој, само ми смета селекцијата, демек ај овие ке ги фрлиме во Визбегово и слично па после демек ги жалиме.... како што за све се случува во државата,а исто и во светот каде намерно се дели елитата а друга страна се формираат социајални гета.
 
Sve neshto vi smeta be da si ebete vekot.
Vozduhot ne vi smeta?
Korupcija ne vi smeta?
Ama bitno chekaj da go reshime problemot so decata od 12-13 godini bez roditeli da gi izbrkame od fucking Vizbegovo. Mesto koe pola kukji nemaat fasada...pa bozem geto kje stanelo so niv.
 
не ни знам каде е Визбегово, ниту го гледав видеото, ниту пак знам дали куќите имаат фасада, само ја кажав реалноста, не знам што тебе ти смета освен ако не си и ти дел од споменатата елита. И на крај што реков лошо, што е лошо децата да ги приберат таму некаде во Центар каде ете не живеат ретарди и имаат поголемо разбирање за нив, што ги носат таму мегу некој ретардирани во Визбегово.
 
Oni kaj odbrale da gi smestat e sigurno od finansiski prichini pa i socijalni. Nemozhesh deca (mislam deka se prestapnici) da gi smestish vo centar. Prvin e premnogu guzhva tamu, nema kukji, a i sigurno e mnogu skapo vo sporedba so Vizbegovo.
Kako i da e, nema ama apsolutno nikakvo opravduvanje za vakviot protest.
Sekoj shto gi poddrzhuva ovie vizbegovski neandretalci e ist kako niv.
Ako drzhavata reshi da gi stavi vo Govrlevo, taka i kje bide i govrlevci imaat zadacha da im pomognat na ovie deca ne protesti pred kukja so mediumi da pravat. Znaci za DECA praime muabet.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.087
Близу нас имаше дом, за што се се способни тие "дечиња" од 13-14 години ехее. Влегуваа по дворови и си зимаа, кому точак, кому други ствари, често ги закачаа бутелските деца кога минуваа крај нив, се измотаваа со дуќанџиите. Е, токму дечиња од таа возраст. Ене ги околу зелен пазар со лепак деца помали и од нив, ела кажи им нешто. Нормално, не беа сите домци такви, игравме фудбал со нив, ама еден дел, се појавуваа стихијно не постојано, доволно одвреме навреме да има проблем. Овие се само тројца, можеби проблемите се преувеличени, не знам, но којзнае што им се плановите на овие од министерство.
Зашто не ги стават у Пржино, Водно...ние не протестиравме никогаш, но сме имале проблеми.
 
Последно уредено:

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
па ако не ги сакаат во Визбегово нека ги однесат во Центар каде што ги сакаат, што ги пикаат со сила таму каде што не ги сакаат.
Од каде си сигурен дека во центар ги сакаат? Тоа проблемот што ни таму не ги сакаат.
не, не сум тој, само ми смета селекцијата, демек ај овие ке ги фрлиме во Визбегово и слично па после демек ги жалиме.... како што за све се случува во државата,а исто и во светот каде намерно се дели елитата а друга страна се формираат социајални гета.
не ни знам каде е Визбегово, ниту го гледав видеото, ниту пак знам дали куќите имаат фасада, само ја кажав реалноста, не знам што тебе ти смета освен ако не си и ти дел од споменатата елита. И на крај што реков лошо, што е лошо децата да ги приберат таму некаде во Центар каде ете не живеат ретарди и имаат поголемо разбирање за нив, што ги носат таму мегу некој ретардирани во Визбегово.
Не знаеш каде е Визбегово, не си го гледал прилогот, не си ја гледал емисијата а зборуваш за реалност, за елити.... за што ти знам што. Проблемот е што секаде има вакви глупаци како во Визбегово, и во Центар и во Козле и во Бутел и во Тимјаник и во Дебар и во..... и во Свирипичино. Што ги на крај на краиштата ги интересира кој ќе ја изнајми или купи куќата на комшијата? Ти бараш ли твојот комшија да те извести кому ќе го продаде или издаде станот/куќата?

Близу нас имаше дом, за што се се способни тие "дечиња" од 13-14 години ехее. Влегуваа по дворови и си зимаа, кому точак, кому други ствари, често ги закачаа бутелските деца кога минуваа крај нив, се измотаваа со дуќанџиите. Е, токму дечиња од таа возраст. Ене ги околу зелен пазар со лепак деца помали и од нив, ела кажи им нешто. Нормално, не беа сите домци такви, игравме фудбал со нив, ама еден дел, се појавуваа стихијно не постојано, доволно одвреме навреме да има проблем. Овие се само тројца, можеби проблемите се преувеличени, не знам, но којзнае што им се плановите на овие од министерство.
Зашто не ги стават у Пржино, Водно...ние не протестиравме никогаш, но сме имале проблеми.
О друже Лурц, дозволи ми да не се согласам со тебе. Овде не станува збор за дом. Ова се мали домови со 3 до 5 деца кои се под постојан надзор. Сосем друг принцип е, децата се социјализираат во средината и одат во нормални училишта.
Такви 13, 14 годишни имало веројатно и кои не биле од домови. Зарем само децата од домовите се наркомани, лопови или не знам што?

На темава:

Еве снимка од емисијата на 24:
 
Последно уредено:
Член од
5 август 2017
Мислења
697
Поени од реакции
855
Не знаеш каде е Визбегово, не си го гледал прилогот, не си ја гледал емисијата а зборуваш за реалност, за елити.... за што ти знам што.

да, зборувам за реалност, настрана случајов, сум видел како изгледаат социјални населби затоа и зборувам, ни ти не би сакал да живееш во такви.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom