Протести против поскапувањата на струјата, парното, бензинот...животот! [вторник, 18 ч.]

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Верувале или не, има луѓе у државава на кои им е до курца све што се дешава. Тие луѓе решија да се соберат на еден ивент на фејсбук и да го кренат гласот против последната лудост што му се случи на народов... Поскапувањето на струјата (по илјадити пат) и укинувањето на дневната ефтина струја. Оваа одлука што Регулаторна комисија така ноншалантно си ја одобри (пошто се „независни“ и пошто „не се поткупени“) ја прели чашата на просечниот македонски граѓанин кој веќе е принуден да плаќа парно кое не го користи, храна по цена на онаа во западните европски држави каде стандардот е двеста пати над нашиот, и бензин чија цена веќе го подзамисли тој граѓанин за корисната улога на ЈСП...

Во последните 8 години, струјата е поскапена за неверојатни 74%. Во август 2006 цената на киловат/час беше: скапа тарифа 2,40, а ефтина - 1,20 денари. Сега цените се 4.18 за било кое време од денот, а ефтина тарифа не постои!

Просечен македонски граѓанин, кој живее во трособна куќа и се грее на струја, зиме ќе добива сметки од ЕВН во просек од 9.000 денари. Исто толку пари ќе троши во месецот ако сака да се прехранува себеси и уште два члена од семејството, и плус ако штедат на велико. Кола овој граѓанин ќе може да си дозволи само ако зема над 400 евра плата, што во оваа држава е вистинска реткост!

Државните статистики ни даваат симпатична бројка од околу 20.000 која ја нарекуваат „просечна македонска плата“. Има една заебанција со вадењето просек, а тоа е што просекот е средната вредност и никако не ја дава правата слика за ситуацијата. Па така, кога ќе се соберат 10% луѓе што земаат над 30.000 денари плата, и 90% луѓе што земаат под 30.000 денари плата, ете ти ја таа симпатична бројка. Реалноста е дека просечен човек во државава е среќен ако најде работа за 20.000, а е многу поверојатно да работи за 9 или 12.000 плата.

Ова е лудило! Ако дозволиме и овој пат цената да падне, ако повторно си потврдиме каков апатичен и безрбетен народ сме, ќе ни дојде крајот.

На горе споменатиот ивент на ФБ луѓето се договорија јавно да се состанат (пред Мајка Тереза споменикот) и заедно да одлучат како ќе постапат по ова прашање. Составија барања и договорија датум за почетен протест. Протестот нема да биде еднодневен и да заврши како 5 минутен спектакл на вести, како вообичаено, туку ќе се одвива секоја недела, а во меѓувреме други методи на борба и притисок врз надлежните ќе бидат употребени.

Барањата се следните:
1. Да се укине ставката ангажирања моќност од 33%
2. Да се врати евтина дневна тарифа
3. Да се врати цената на струјата на ниво од 2008 година.
4. Да се запре со приватизација или докапитализација на целиот енергетски сектор кој е во сопственост на Република Македонија
6. Да се инвестира во одржливи извори на енергија (соларна и геотермална енергија, енергија на ветер и др.)
7. Итно да се повлече новиот правилник на Топлификација
8. Да се врати цената на парното на ниво од 2008 година.
9. Да се намалат цените на горивата во согласност со стандардот на живеење.


ПРОТЕСТОТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 14.08. (ВТОРНИК) ВО 18:00 ЧАСОТ ПРЕД РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА. Регулаторна се наоѓа во зградата на ЕВН позади Триумфалната капија ( Порта Македонија, или како и да ја крстија).

Ова не засега сите!! Богати и сиромашни, од сите градови, од сите националности, од сите вери. Ни ја дерат кожата на мртво и ние си молчиме!

Да излеземе сите и да покажеме достоинство!

линк до настанот на ФБ: http://www.facebook.com/events/397646086963888/400514620010368/?ref=notif&notif_t=plan_mall_activity
--- надополнето: Aug 12, 2012 4:19 AM ---
 

Zebulon

Шабан страјкс агејн
Член од
20 јули 2012
Мислења
143
Поени од реакции
156
Барањата се следните:
1. Да се укине ставката ангажирања моќност од 33%
Воа е ного јако. Да се изгласа во парламент специјална одлука со која ќе им се забрани на електроните да се удираат и губат енергија при течењето низ проводници. Секој електрон фатен во судар со атом, ќе биде анихилиран со позитрон во погонот за производство на ништо (познат како влада).
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Овде и овде се зборува за најавениот протест. Членови на форумот на Кајгана секако ќе присуствуваат :)
 
M

Moon Child

Гостин
Треба да се организира во секој град, не само во Скопје...
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Нема ништо лошо во тоа да се изрази своето незадоволство од последните поскапувања. Поддршка за собирот.
Дали се организиравте околу некакви транспаренти, барања, одредено сценарио по кое ќе се одвиваат протестите и тн? Дали назначивте „лидер“ или барем човек кој ќе биде подготвен да излезе и да каже неколку реченици кога ќе улетаат медиумите со камери? Најмалку што сакате е уште една манипулација дека ова се опозициски протести, па да се појават контра-протестирачи со пароли од типот „СДСМ го продаде ЕВН“, „Бранко е крив“ и „Вие ја доведовте Македонија до ова дереџе, а сега протестирате“. Ова се некои од бомбардирањата кои може да ги очекувате... Иф ју ноу ват ај мин :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Нема ништо лошо во тоа да се изрази своето незадоволство од последните поскапувања. Поддршка за собирот.
Дали се организиравте околу некакви транспаренти, барања, одредено сценарио по кое ќе се одвиваат протестите и тн? Дали назначивте „лидер“ или барем човек кој ќе биде подготвен да излезе и да каже неколку реченици кога ќе улетаат медиумите со камери? Најмалку што сакате е уште една манипулација дека ова се опозициски протести, па да се појават контра-протестирачи со пароли од типот „СДСМ го продаде ЕВН“, „Бранко е крив“ и „Вие ја доведовте Македонија до ова дереџе, а сега протестирате“. Ова се некои од бомбардирањата кои може да ги очекувате... Иф ју ноу ват ај мин :)
Мислам дека Ада е ставена на позицијата со медиуми.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
B

Borg_Drone

Гостин
Ах, луѓе, луѓе.Ова требаше да се случи во 2006 год.А тогаш кога протестираа против продажбата на ЕСМ протестираа партиски војници, но не и оние кои најмногу требаа да протестираат - граѓаните.Самите си ја ставивме јамката а дистрибутивната електрична мрежа е во приватна сопственост и нормално дека ќе си бараат повисоки цени дистрибутерите за услугата што ја доставуваат.
Имате моја поддршка, али јас не ќе можам да дојдам зошто сум до 21:00 часот на работа тој ден.Ако се организира друг ден овој протест повторно (што и верувам дека ќе има повторно протести) сигурно е тоа дека ќе дојдам.
Веќе со струјава навистина почнаа да функционираат по „дери коза“ начинот на функционирање, ама ние сме си виновни за тоа и Македонецот како и најобично реагира тогаш кога е веќе предоцна.
Но, ако има повторно протест, организиран во некој дел од денот кој што е слободен за мене, ќе дојдам сигурно.
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Неќум да кршам филмови ама со среќа ... ако успеете нешто да промените ќе ви честитам
Место да честиташ поубаво е да дојдеш и да учествуваш. Не се прави ова за некој да ни рече браво ова го правиме за самите себе. Со кукање од дома ништо не постигнува!!!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.567
Гледав околу соборна имаше залепено плакати за собиров. Знам дека веројатно нема да најдам никој што би дошол со мене туку ќе треба да одам сам, али јебига... Ако не излезам да си ги барам своите права, ондак подобро да се отселам од овде:icon_mrgr:
Мада не верувам дека нешто многу ќе се промени пошто од почеток знаеме дека нема да има ни 500 луѓе...
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Гледав околу соборна имаше залепено плакати за собиров. Знам дека веројатно нема да најдам никој што би дошол со мене туку ќе треба да одам сам, али јебига... Ако не излезам да си ги барам своите права, ондак подобро да се отселам од овде:icon_mrgr:
Мада не верувам дека нешто многу ќе се промени пошто од почеток знаеме дека нема да има ни 500 луѓе...
Двојазични беа плакатите? Пошто гледам од сам почеток за протестов како најбитно да им беше да се преведат и на албански сите работи...
P.S. 9. Да се намалат цените на горивата во согласност со стандардот на живеење.
3 денари литар?:)
 
Член од
12 август 2012
Мислења
14
Поени од реакции
17
од протестов нема да биде ништо
зошто бидејќи нема да биде масовен, истиот ќе биде оквалификуван од власта како опозиционене (мада ќе има и премеси како и по обичај на контрапротести да се добие чуство за подршка за поскапувањата :facepalm:)
ова само во македонија го има додека не почнат масовни протести како во Гција нема да има успех државата
 

Kajgana Shop

На врв Bottom