А за овие заблудените душички "демократи" што блокираа да се префрлаат гласачките кутии им е малку некој пендрак и малку влечење, требало тепање до посерување и право кај надаренион дечко во идризово, да им ги разцвета газињата.
Кој сте бе вие ГНАСИ да блокирате избори, кој ви го даде тоа право? Отидете во САД или во рајхот и да видете што ќе ве снајде ако пробате да блокирате избори!
Знаеш ли што значи поимот ИЗБОРИ бе мртовец еден?
Да ти ги опишам вчерашните избори за претседател на движењето кое треба да биде УДАРНА СИЛА НА МЛАДИТЕ.
Нелегитимниот претседател на СПУКМ (патем член на владеачката партија, што и не е изненадување, бидејќи оваа организација секогаш има лидери кои се блиски до одредени партии и тука се гледа колку им сече на младите во Македонија) на кого мандатот му е истечен две години, заедно со неговите "сопартијци" тајно распишуваат избори за нов претседател на СПУКМ, ОТКАКО СТУДЕНТИТЕ ВЕЌЕ СЕ РАСПУШТЕНИ (студентската година е одамна завршена), бидејќи ретко каде сеуште има по некој испит.
Целата процедура е вон секој агол, но нема кој да реагира, бидејќи и студентскиот правобранител е член на гореспоменатата партија.
Студентскиот пленум никој не го ебава. Мислам и баба ми знае дека изборот за ректор беше внатрепартиски собир на вмро, а камоли изборот за претседател на студентска унија.
Двајцата кандидати на таканаречениот избор се кандидати на владеачката партија.
Знаејќи дека Студентскиот пленум ќе ги минира изборите, унијата на млади сили имаше состаноци со денови за како да го организираат настанот. Имам познаници на кои им стигаа пораки за тоа да излезат да гласаат и тоа на повеќе факултети. За жал, лично ги познавам и тие што беа директно вклучени во процесот на пренесување на кутиите, затоа што се деца од моја блиска околина. Дури не се ни кријат дека се од партија, профилите на социјалните мрежи им се исполнети со слики од прославата, со секојдневни статуси за партијата итн.
На овие избори нема никакви, ама апсолутно никакви шанси да гласале над 5000 луѓе. Па УМС не успеа толку луѓе да собере на прослаата кога носеа луѓе од цела Македонија, а камоли па толку студенти да најдат во Скопјево што ќе излезат на гласање.
На таканаречените избори, се гласало на следниов начин:
Добиваш смешно ливче со имињата на двајцата кандидати. Немаш ниту параван порзади кој ќе гласаш, ниту пак некаква приватност при гласањето.
Кога гласаш никој не те идентификува, не е баран ни индекс, ниту пак негде се евидентира кој гласал. Ако истите 100-тина души гласале на сите факултети, тогаш може да имало толку гласови.
Кој ќе победи на изборот беше тотално ирелевантно, битно беше да се каже дека се поминало во најдобар ред.
Откако видоа дека нема да им успее да ги пренесат кутиите, си викнале засилување од штаб за пренесување на кутиите и нормално, засилување од партиската организација, шлајмот на Македонија, така наречените нинџа желки.
Нема да навлегувам дали некој бил напаѓан и удиран, самата оваа фарса на нелегитимното партиско здружение на власта е доволен показател како одат работите во Македонија. Претседател на одделението во забавиште да се бира, пак ќе има ургенции од партија.
И ти тука ќе кажуваш како било во странство?
Оди лечи се во Бардовци дури има место.