Протестантизам

Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
1 Солунјаните 4:16,17
"зашто самиот Господ на заповед, при глас на архангел и при Божја труба, ќе слезе од небото и мртвите во Христа ќе воскреснат прво. Потоа ние живите, ние кои останавме, ќе бидеме грабнати заедно со нив на облаците, во воздух, во пресрет на Господа; и така засекогаш ќе бидеме со Господа."

Исус умре и воскресна. Он беше Господ отелотворен во човек, па имаше таква моќ и власт.
Марија, како и останатие умрени што верувале/аат во Господ е закопана и ќе биде воскресната на денот за кој што кажува стихот погоре.
Еве ти нешто за Пресвета Богородица:

Празникот Успение на Пресвета Богородица се слави на петнаесетиот ден од месец август (28 според новиот календар). Нему му претходи двонеделен Богородичен, или Преображенски пост. Овој празник го слави успението, воскресението и прославувањето на Пресвета Богородица, и нејзиното преселување во Царството Божјо во полнотата на нејзиното духовно и телесно постоење.

А има и ОВДЕ.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
288
Поени од реакции
31
А во стихот, посочи ми, КАДЕ е точно назначено името од Мајката Божја? Каде и кој стих вели дека и Богородица допрва ќе воскресне!?
"зашто самиот Господ на заповед, при глас на архангел и при Божја труба, ќе слезе од небото и мртвите во Христа ќе воскреснат прво."
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
"зашто самиот Господ на заповед, при глас на архангел и при Божја труба, ќе слезе од небото и мртвите во Христа ќе воскреснат прво."

Очигледно не си ме разбрал, па ајде, ќе го повторам прашањето: посочи ми стих/цитат, каде е јасно, непосредни и недвосмислено наведено името од Богородица и каде е посочено дека Мајката Божја допрва треба да воскресне?

Православната Црква, на пример, исповеда дека Богородица веќе е во Рајот и дека за Неа, не важи поединечниот и конечниот Суд Божји, слично на разбојникот од крстот.

Произволното и паушално скокање од цитат во цитат, небаре секој цитат е доволен и секој цитат содржи тоа што јас мислам дека (треба да) содржи, не ќе е вистинскиот одговор...
 
Па ајде ако така ти цитирај ми каде во Библијата јасно, непосредно и недовосмислено е напишано дека Марија е во рајот и дека за неа не важи тоа што важи за нас останатите луѓе - смртници.

Јас ти го изнесувам мојот став во врска со конкретното прашање, базиран на Библијата, и го поткрепувам со конкретен/ни стих/ови од истата, не со целите пасуси во интересн на задржување на релевантноста на мислата. За да не биде “паушално скокање од цитат во цитат” тоа што ти боде очи отвори го во Библијата (ако немаш најди на нет) и прочитај го тексот пред и после него, ако после тоа сеуште има некој проблем пиши.

Во Јован 14:6 самиот Исус вика:
„Јас Сум Патот, Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Таткото, освен преку Мене." (значи не преку Марија, не преку свети Не знам кој, туку ексклузивно и само преку Исус Христос)

Ајде така, бтв женско сум.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Воскресение и вознесение на Марија?

Според православното верување, се верува дека Христос не е единствениот Кој воскреснал и заедно со телото се вознел на Небото, туку дека тоа е случајот и со блажената Марија.
Тоа јасно може да се види од православното житие ткн. "Успение на пресвета Богородица"

Целото житие можете да го прочитате на официјалниот сајт на МПЦ (кликни овде), а тука ќе го разгледаме само делот каде што се зборува за темата.

... Таа се врати дома со голема радост и посака во срцето уште еднаш да ги види сите Христови апостоли. Господ и ја исполни оваа желба и сите апостоли, носени на облаци од ангелите, одеднаш се собраа во домот на Јован на Сион. Со голема радост Таа ги виде Светите апостоли, ги охрабри, ги посоветува и ги утеши, и по ова мирно го предаде Својот дух на Бога, без никаква мака и телесна болест....

... Но кога апостолите го отворија гробот, ја најдоа само плаштаницата, а телото не беше внатре. Таа вечер им се јави на апостолите самата Пресвета Богородица опкружена со мноштво ангели и им рече: „Радувајте се, ќе бидам со вас навек“...
Какво драматично и сензационално искуство на апостолите. (последниот дел мене ми личи на copy-paste плагијат од Христовото воскресение :) Очигледно иноваторот на ова житие не бил доволно креативен т.е. го мрзело да смислува некоја интересна прича, па се послужил со Христовото воскресение)
Замислете си ангели да во носат на облаци... :vozbud:
Замислете да видете уште едно воскреснато тело... :nesvest:
Замислете да ви се јави Марија со мноштво ангели и да ви рече (слично како што Христос рекол) "Радувајте се, ќе бидам со вас навек.."
Зарем не би го запишале ова во вашиот дневник? Зарем не би го напишале ова во вашето писмо до вашите браќа и сестри од другиот град?
Чудно, но апостолите, иако според наведеното житие, го доживеале сето ова тие сепак не изустиле ниту една буква во своите посланија? Никој ништо не напишал, никој ништо не спомнал за ова драматично и спектакуларно искуство во своите посланија.
Апостол Лука пишувајќи за делата на апостолите напишал 28 поглавја детални случки, патешествија, авантури, згоди и незгоди на апостолите, но заборавил да напише за нивното патување на облаците со ангелска придружба и за нивното сведоштво за УШТЕ ЕДНО воскресение и вознесение покрај Христовото?
Замислете, тоа го заборавил и апостол Јован, и апостол Јаков, и апостолот Петар, и апостолот Јуда. :toe:
Па дури и Павле во своите 13 посланија до разните цркви заборавил и да го спомне пресветото и пречистото име на пресветата владичицата богородица, а камо ли да спомне за ова спектакуларно доживување на апостолите. Во своето писмо до христијаните во Коринт, тој на долго и широко зборува за воскресението на мртвите, но повторно, дури и во овој контекст, тој не го спомнува воскресението на пресветата и пречиста владичица богородица.

Што мислите вие, зошто? Зошто апостолите го изоставиле овој спекакуларен детал во нивните посланија?

Дали има некоја посебна причина за овој зачудувачи молк на апостолите и евангелистите?
Дали можеби се работи за некоја тајна завера за да се сокрие овој детал? Но зошто? Кои би биле мотивите? Зарем не е би било тоа охрабрително за првите христијани, да знаат дека Христос не е единствениот воскреснат, туку ете и Марија воскреснала?

Или пак, како што сметам јас, можеби се работи за уште едно фалсификувано, набаждарено и филувано житие за да го потпомогне православниот култ на Марија?
Зарем не приметувате колку целата режија на житието потсетува на Христовото воскресение и вознесение?

Јас сум убеден во последната претпоставка, А ВИЕ?
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Јас сум убеден дека подобро ќе беше да не спамираш од други теми. Едноставно да си ја продолжеше дискусијата на твојата веќе истоимена отворена тема:

http://www.forum.kajgana.com/showthread.php?t=30878 :wink:
 
The_LiGhT'

Stop DISCRIMINATION
Член од
29 април 2009
Мислења
587
Поени од реакции
123
Исус умре и воскресна. Он беше Господ отелотворен во човек, па имаше таква моќ и власт.
Марија, како и останатие умрени што верувале/аат во Господ е закопана и ќе биде воскресната на денот за кој што кажува стихот погоре.
Nekoj vika gospod, nekoj sin bozhji!!!:toe:
 
A

ateist

Гостин
Исус умре и воскресна. Он беше Господ отелотворен во човек, па имаше таква моќ и власт.
ЛАГА Е !

Друга е прикаската

еве :

Јован: 1:14 И Словото стана тело и се настани меѓу нас и ја видовме Неговата слава

Словото се ОТЕЛОТВОРИЛО истанало Човек =Личност
нова личност која ја создал пророкот Емануил

Марија, како и останатие умрени што верувале/аат во Господ е закопана и ќе биде воскресната на денот за кој што кажува стихот погоре.
Марија ...............никогаш и не постоела .

еве :

Галатјани
4:25 зашто Агара е Синајската Гора во Арабија, и му одговара на сегашниот Ерусалим, кој робува со своите деца.
4:26 Но небесниот Ерусалим е слободен, тој е наша МАЈКА,

Ерусалим = Град- Општество на Мирот = безконфликтниоте меѓучовечки односи

( и во куранот има поглавје со таква тема ..ГРАД )

Евреите: 11:10 зашто бараше град со основи, кому Бог му е Градител и Творец.
11:16 но сега, копнеат по подобра, односно по небесната. Затоа Бог не се срами од нив, да се нарече нивни Бог, зашто им ПРИГОТВИЛ ГРАД.
13:14 зашто тука немаме траен град, туку го бараме ИДНИОТ.

Откровение:
21:10 И ме одведе духом на голема и висока гора и ми го покажа светиот град Ерусалим, како слегува од небото од Бога

Евреите: 13:20 А Бог на мирот, Кој преку крвта на вечниот завет Го изведе од мртвите Великиот Пастир на овците, нашиот Господ Исус,

БОГ НА МИРОТ = БЕЗКОНФЛИКТНИТЕ МЕЃУЧОВЕЧКИ ОДНОСИ ГО ВОСКРЕСНАЛ ИСУС

Ерусалим = Град на МИРОТ
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Па ајде ако така ти цитирај ми каде во Библијата јасно, непосредно и недовосмислено е напишано дека Марија е во рајот и дека за неа не важи тоа што важи за нас останатите луѓе - смртници.

Јас ти го изнесувам мојот став во врска со конкретното прашање, базиран на Библијата, и го поткрепувам со конкретен/ни стих/ови од истата, не со целите пасуси во интересн на задржување на релевантноста на мислата. За да не биде “паушално скокање од цитат во цитат” тоа што ти боде очи отвори го во Библијата (ако немаш најди на нет) и прочитај го тексот пред и после него, ако после тоа сеуште има некој проблем пиши.

Во Јован 14:6 самиот Исус вика:
„Јас Сум Патот, Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Таткото, освен преку Мене." (значи не преку Марија, не преку свети Не знам кој, туку ексклузивно и само преку Исус Христос)

Ајде така, бтв женско сум.
Никаде не напишав дека во Писмото постои токму таков стих, кој вели дека Мајката Божја веќе е во Рајот, па тоа од тебе го очекував-да посочиш кој е тој стих, кој не ми е познат. Ама се чини, не дочекав...
 
Член од
4 април 2010
Мислења
36
Поени од реакции
3
Здраво Девојчица!

Често, може да слушнеш и за евангелско-протестантска црква... така, во пракса, најчесто се мисли на истото: христијани кои се држат исклучиво до учењето на Исус и Апостолите кое е запишано во Библијата.

Исто, евангелско-протестантските цркви имаат повеќе деноминации (правци) од кои баптистите се едни од нив. Баптистички цркви има и во Македонија. Ако те интересира, >>тука<< можеш да видиш кои верски заедници се регистрирани во Македонија.

Поздрав!
Васил
добро значи сите овие се протестантски вери освен Јеховини сведоци така?

инаку на нет прочитав дека наводно протестантите уште во зачетокот на самата вера се издвоиле со ставот дека Папата не треба да биде врховен поглавар на католичката црква па дури и го сметаат за Антихрист.

уште едно ќе те прашам за двентистите бидејќи прочитав дека се исто протестанти која е разликата помѓу сите тие протестантси вери, баптиси, адвентисти и сл. какви обичаи имаат верувања ставови претпоставувам ја применувате библијата...
 
Член од
3 март 2009
Мислења
288
Поени од реакции
31
Nekoj vika gospod, nekoj sin bozhji!!!:toe:
Троедин Бог, односно Таткото+Исус+Светиот Дух се едно.
Од таму следува дека Исус(Божјиот Син) е Бог.

Никаде не напишав дека во Писмото постои токму таков стих, кој вели дека Мајката Божја веќе е во Рајот, па тоа од тебе го очекував-да посочиш кој е тој стих, кој не ми е познат. Ама се чини, не дочекав...
И не ми се верува да дочекаш кога јас баш тоа викам - дека никаде во Библијата нема напишано дека Марија е во рајот и дека за неа не важи истото што важи и за другите смртници. Негде не се разбираме ти и јас, најверојатно заради твоите обиди суптилно да ми подметнеш нешто што не го кажувам. Ај те молам ако и после овој пост уште не се разбираме прашај ме директно што прашуваш..
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
инаку на нет прочитав дека наводно протестантите уште во зачетокот на самата вера се издвоиле со ставот дека Папата не треба да биде врховен поглавар на католичката црква па дури и го сметаат за Антихрист.

уште едно ќе те прашам за двентистите бидејќи прочитав дека се исто протестанти која е разликата помѓу сите тие протестантси вери, баптиси, адвентисти и сл. какви обичаи имаат верувања ставови претпоставувам ја применувате библијата...
1. Протестанти се оние кои се држат до учењето на Библијата и само Библијата. Протестанти се наречени оние христијани кои се побунтувале против папскиот режим и небиблиските догми на Римокатоличката црква. Еден од главните слогани на оваа ткн. реформацијата на црквата бил слоганот: „Само Писмото!“ т.е. Само Библијата, или изворно: Sola Scriptura!. Значи протестантите се карактеристични по тоа што нивната вера (и по учење, и по пракса) се базира исклучиво на учењето на Светото Писмо - Библијата.

2. Адвентистите не се протестанти затоа што покрај Библијата, тие за свети ги сметаат и пишувањата на нивната современа пророчица Елена Вајт (за која тврдат дека имала некои нови објави од Бог). Штом не се придржуваат само до Библијата, не се вклопуваат светски познатите протестанти.

3. Помеѓу протестантските деноминации нема значителни (суштински) разлики од проста причина што тие имаат нешто заедничко: Библијата. И бидејќи се држат до неа и само до неа, тие имаат скоро еднакви учења и пракса. Разликите повеќе се од формален, а помалку од суштински карактер.
 
за ова репутационен поен, но уште нешто ако не ти е тешко повеќе да напишеш з аобичаите на протестантите за и околу Божиќ и Велигден, онака чисто информативно, знам дека суштината на верата е верувањето и Библијата, па и некои од обичаите кои ги пропишува самата Библија но мислам дека во православната и католичката вера покрај тие некои библиски обичаи има и некои народни обичаи дури некои тврдат дека се пагански обичаи...

така да ај ако може нешто околу обичаите на протестантите.

инаку една информација што е најнова бидјеќи е познато дека протестантите се против католицизмот и папата до лани не сум видела ниеден протестант во католичка црква (католк сум па ги следам тие работи) но оваа година на мисата за Велигден беше присутен и протестантски поп, мислам дека работите конечно тргнаа во нагорна линија...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Добра прашање потегна Девојчица. Протестанско-евангелистичките цркви, наспроти традиционалните (католичка, православна, англиканска), немаат обичаи.
Тоа не значи дека протестантите не ги слават Божиќ и Велигден, туку дека немаат никакви обичаи од типот дека нешто мора да се прави вака или онака, да се вапцаат јајца во четврток наутро, или во петок, да се меси лепче со паричка, да се врти три пати лево, два пати десно, да се палат огништа, да се врти околу храмот со свеќа во раката, да се јаде ваква храна, а не таква, кумот вака, невестана онака итн. Вакви обичаи нема меѓу протестантите. Како што кажав, тие се држат до Светото Писмо и само до Светото Писмо и го вредуваат истото како Божји Збор. Штом во Библијата нема заповеди или правила за празнувањето на Божиќ или Велигден, тоа значи дека ни протестантите немаат одредени регулативи кои мораат/требаат да ги прават околу овие празници. Тоа не значи дека никој не смее да бојадиса некое јајце и дека е грев ако го стори тоа. Едноставно тоа нема никакво верско значење за протестантот, туку чисто уметничка работа. Сепак ретки се тие го прават тоа и најчесто тоа се од оние фамилии каде што дел од нив се протестанти, а дел православни.
Еве на пример кај мене дома, моите се православни, а јас не. Мајка ми вапцаше јајца пред Велигден (според обичајот кој таа го следи). Јас си ја правев омилената салата (Мимоза) и сакав во неа да си ставам белки од варени јајца. Без никакво чувство на вина си земав од вапцаните јајца, си искршив (иако сеуште не беше Велигден) и си ставив во салатата. Православниот верник кој го следи обичајот дека кршењето на велигденските јајца мора да биде после полноќ (кога настапува неделата) тоа не би го направил, а доколку го направи, ќе го гризе совест дека направил нешто што не е Богоугодно. Но протестантот нема проблем со совеста затоа што, според Неговото убедување, Бог не поставил такви заповеди/регулативи во Неговата објава - Библијата, туку тоа се само обични народни обичаи - меѓу кои, како што и самата забележа, има и некои пагански. Паганските обичаи, особено со оние кои се косат со Библијата, строго им се забранети на протестантите и тие со такви работи не прават компромиси по никоја цена следејќи ја премисата дека првенствено да Му се послушни на Бог, наспроти луѓето. Јас неколку пати сум се нашол во незгодна ситуација (на пример да одбијам да бацам рака на поп, или да одбијам да се поклонам пред икона), но искрената вера во Бог ми дава сила да преминам преку тие незгодни ситуации.

Околу празнувањето на Божиќ или Велигден, бидејќи нема правила, регулативи, обичаи, секоја локална протестантска црква си ја прави прославата онака како што ќе си се договорат, по сопствен мекар. Бидејќи е празник, најчесто е попратен со пригодна музичка програма, со молитви на благодарност, со некоја пригодна Божиќна или Велигденска порака (проповед), потоа евентуално со частење (сокче, грицки), можеби заеднички излет со верниците од заедницата (бидејќи е неработен ден) и сл. Значи суштината е Христовото раѓање и воскресение и голем акцент се става на тоа, на придобиквите од овие настани, на славање за тоа што Бог го направил за нас. А формата, начинот на кој што ќе се направи тоа, си го одредуваат самите верници, зависно од тоа како се расположени, колку финансии имаат и сл.

Извини ако се расплинав малку, но во секое време можеш да ми поставиш и потпрашања :) Воопшто не ме мрзи да ти одговорам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom