Просечно семејство може да преживее со барем 500 евра

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Не е проблем во тоа да сакаш да имаш повеќе од 30 000 месечно за животни трошоци. Напротив. Ама дискусијава е неоснована бидејќи синдикатот вика 30 000 се доста, вие неколкумина не се. Никој не излегува со точна анализа да видиме што тоа е доволно или што недостасува. Затоа е бесмислено да се продолжи со овој дијалог.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460
30 000 за четиричлено семејство е доволно за да преживееш само, а не за нормален живот... нормално може и со помалце ама не треба да се стремиме на преживување туку барем на нормален живот.
Пример во станов моментално сме 2ца, месечно само за сметки (вклучувајќи интернет, телевизија и мобилен нешто што не го сметам за луксуз во денешно време) идат околу 7-8 000 денари. Да бевме 4ца сигурно ќе беше повеќе. Како што спомна Таруно за излагање да не збориме, 1-2 пати месечно ќе искочам и 1000че ми иде сигурно на искачање и тоа без онакво опуштање туку нормално искачање со 3-4 пива. Студент сум, за превоз месечно иде 1000че. Трошоци на факултет кога ќе останеш некогаш по цел ден треба да се јаде или огромни паузи меѓу предавања мораш да седнеш во бифе на кафе од прилика за ова 1500.
Се собира, нека подразмислат малце тие што зборат дека е сосем доволно за четиричлено семејство, посебно ако двете деца се прилично подраснати и се или во школо или на факултет. со 30 000 едвај се крпи крај со крај а не па да се кажува дека е нормално за живот... може е ама само за 2члено семејство.

И да тие што зборат за Солун и такви ствари... јас не одам на шопинг во Солун меѓутоа знам луѓе кои одат само кога ги има тие огромни попусти и купуваат работи што тука се поскапи него ли таму така да поисплатливо е од таму да се купи него ли од тука...
Нормално не рачунајќи ја шутка каде што све е ефтино и не трае повеќе од 1-2 месеци (лично искуство за 2-3 работи)
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.767
Темава е од 2011 година.

Према инфлацијата и растот на цените денешниве 500 евра се соодветни на 430 во 2011 година...

Денес со 500 евра не може ни двочлено семејство да преживее, а не пак четиричлено...

Ама пак луѓево се убедени дека убаво се живее бидејќи биле полни супермаркетите, и кафичите со луѓе којшто едно кафе го лигават цел сат...

Во една куќа ако имат две коли, ќе речат луѓето кујзнајт колку пари имет овие... Еве на пример некој човек може да земе 2 коли од по 500 евра произведени 1997-2001 година, ама ќе земи кредит од банка и башка заеми од роднини и пријатели. И од секоја сметка да речеме има 3-4 месеци заостанат долг. И што богато ли тој живее???

Друга работа секој човек што ќе ојт еднашка двапати годишно на одмор во Грчка, Будва, Улцин, Бар го сметаат дека имат пари за пристоен живот. Пак некој да ојт на одмор во Шпанија, Италија, Холандија тајкун, магнат или олигарх ќе го напрает...
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.767
90% од населението во Македонија поседуваат мобилни телефони. Значи 90% кај нас живеат во една благосостојба..

20 - те Симболи кај нас за добра живеачка и благосостојба:

1. Користење мобилен телефон

2. Имање на компјутер

3. Кабелска

4. Интернет

5. Плазма/ЛЦД телевизори

6. Одмор во Грчка/Црна Гора/Албанија

7. Имањето на автомобил произведен во претходниот милениум

8. Замена на дрвените пенџериња за ПВЦ пенџериња

9. Кафе макијато мало/големо четири пати во неделата.

10. Одење по кино/театри

11. Купување на стан од 45 - 50 квадрати годинава го купуваш ама ќе го отплаќаш на рати 2039 година или евентуално 2044 година...

12. Користење на ладно цедено маслиново масло.

13. Одење по бутици.

14. Клима уред

15. Изчезнувањето на патиштата на колите Застава 101, 128, фичото, тристачот, пезетката, ладите и москвичите.

16. Поседувањето на електричен алат бормашина, шлајферица, убодна пила, друго косилка за трева и моторна пила...

17. Реновирање внатре во домот.

18. Ѕидање на фасада

19. Честото Одење по супермаркетите Тinex, КАМ, Рамстор, Веро, Стокомак.

и

дваесеттата работа

20. „Абе никој не умрел од глад во оваа држава бре“

Сомалијците и тие убаво живеат бидејќи често одат на одмори те во Кенија те во Етиопија..

Угандинците одат често по одмори во Руанда..

Руандинците пак тие обратно одат на одмори во Уганда...
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911

Да бе ,ама на рати значи мешаш баби -жаби и го подржувате сдс хунта и педерска парада без семејни вредности
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.277
Поени од реакции
791

Заборај Плејстејшн 4 и Најк патики :),сеа зависи какви телефони коли, имаш многу класи бидејќи сме повеќекласно опшество,vo ssrr i остали истоиделошлки држави ,имаш еднокласно опшество ,па ќе имаш еден мобилен телефон за сите ,еден модел на кола например лада :) нема порше ферари не се произведува такви лусксузи и нема потреба ,значи нема друг тој тие е флагшип и буџет .
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.767
Заборај Плејстејшн 4 и Најк патики :),сеа зависи какви телефони коли, имаш многу класи бидејќи сме повеќекласно опшество,vo ssrr i остали истоиделошлки држави ,имаш еднокласно опшество ,па ќе имаш еден мобилен телефон за сите ,еден модел на кола например лада :) нема порше ферари не се произведува такви лусксузи и нема потреба ,значи нема друг тој тие е флагшип и буџет .
Чекај вака сега од овие работи денешниве технологии и убај коли и брендирани облеки и обувки ги имаш во сите 207 држави во светов. Па тоа не значи дека цел свет живее убаво...

Дури и во најсиромашните држави во светов доста луѓе ги поседуваат денешните технологии убаата облека и убајте коли и теренци.

Еве земете еден пример градовите со преку 15 милиони жители како Киншаса( Конго), Лагос (Нигерија), Каиро (Египет), Луанда (Ангола), Мумбај (Индија), Џакарта (Индонезија), Дака( Бангладеш) Бангког (Тајланд) имаат многу повеќе гужви од коли во сообраќајот дури и од Скандинавските држави па дури и од една Швајцарија. Но тоа не значи дека живеат побогато од Скандинавците и Швајцарците...

Порано секое семејство имаше по една кола, а сега има доста четиричлени семејства што поседуваат по 4-5 коли, а некои сега воопшто немаат кола.

И доста семејства што имаат по една кола мораат да ја продадат за да преживеат, и тоа за сума Пошто - зошто, дај што ќе дадеш бидејќи им излегол некој непредвидлив трошок како лекување во болница еден месец, или евентуално останал некој од фамилијата без работа на 50 и кусур години, а во денешно време кој те зема/сака за работа во тие години!!!
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.767
Ќе напоменам една работа дека скоро повеќето што одат на одмор во Грчка не ги сметајте дека живеат во благосостојба... Па макар и 1.000 евра да имаат месечни примања...

Знаете ли повеќето што одат на одмори во Грчка во какви места се сместени? Во камп приколки и тоа рушени, скапани, расклатени и 'рѓосани ко ќе врнит да ти капит одозгора, одздола комотно може змија да ти влезе, во шатори, во бунгалови и во приватен смештај... И тоа во приватен смештај во некои села 10 - 15 км од градот и во куќи изградени пред втората светска војна... Има и доста што в кола или во џипот си спијат... Тие места каде што се сместени нашите во Грчка се слични на кампојте во населба Даљан во Охрид (Извиднички, камп партизан, кампот Андон Дуков) и кампојте во Струга (Автокамп Струга и камп Ливадишта)...

Зошто нашиве ко ќе одат на одмор во Грчка четиричлено семејство багажот го полнат со гајба пиперки, гајба патлиџани, вреќе крастајци, мало вреќе компири, љубеници, дињи...Ако имаат пари одвишок де што не си купат од таму??? Некои земаат и мини фрижидерче од 40-50 литри...

Зошто нашиве ко ќе одат на одмор во Грчка повеќето си земаат и по два шатори???

Едно сабајле еден мој пријател го начекав како со неговото семејство тргнува за Грчка. Гледам во багажникот клава 2 шатори. И го прашувам кај ќе си сместен? Тој ми вика во хотел. Јас му климнав со главата и се направив ѓо демек му верувам. Ако е сместен во хотел тогаш што барат да носит со себе шатори???

Сакам да кажам дека повеќето што се фалат бев во Грција во тој и тој хотел не се за верување.

Фалењето е едно ама реалноста е друга.

Јас бев лани септември месец една вечер во Острошкиот манастир Црна Гора тоа е едно 50 км после Будва...Прво бевме 4-5 сати Будва, а после вечерта спиевме сите на отворено небо пред влезот од манастирот.

Ама можев да сликам во Будва некој луксузен хотел со 5 ѕвезди и од внатре и од надвор и да се фалам на многу луѓе бев јас во овој хотел...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom