Просветлување

Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
„Што ќе се случи ако сега ги отфрлите сите ваши негативни емоции, разочарувања, стравови, грижи на совест...? Може најпрво да се појави страв, но продолжете да се прашувате, можеби ќе дојдете до големо откритие.’’
И кога на крајот ќе отфрлиш се- ќе го доживееш просветлувањето.
Ќе го спознаеш вистинското јас и светот ќе го гледаш поинаку.
Тогаш, го спознаваш ништото и стануваш дел од тоа.

Искуство кое го доживеав пред неколку дена и чувство на безкраен мир и хармонија.

Јас сум спокојна.
Фала Ти мајсторе.
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Какви се теми сум пропуштил.Просветлување е целта на животот.Целта е да бидеш свесен кој си,што си,зошто си,како си.Целта е да сватиш дека ти си Господ креаторот кој создал све.Ние сме сите едно без разлика дека функционираме преку повеќе од еден организам.Има само еден жив организам и ние сме тој организам.Јас иако го знам ова не сум просветлен бидејќи јас не го чуствувам ова кога ќе почнам да го чуствувам универзумот е тогаш ќе се просветлам.
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Мислам дека тешко некој може да достигне целосно просветлување.

Просветлен си онолку колку што на твојата душа и е удобно во твоето тело:smir:

Кога ја видов темата очекував дека дискусиите ќе бидат насочени во поинаков правец, но тоа е тоа немаме сите исти размислувања.

Јас би го додал само моето гледиште на работите:

Просветлен сум додека слушам омилена моја песна, просветлен сум додека го пијам утринското кафе, просветлен сум додека гледам насмевка на лицата на моите сестри, просветлен сум додека чувствувам љубовта на моите родители, просветлен сум кога имам слободен ден, само за мене, одмор за мојата душа и време да фантазирам со моите мисли.

Зошто ги посочив овие работи. Значи, јас не сум зависен од нив. Туку, кога ги доживувам, мојата душа е на нејзиното место и јас сум јас. Просветлување е уживање во дадениот миг, сатисфакција за самите нас.

Се е до начинот на кој ги доживуваш нештата.

На пр.
-Ја слушам мојата омилена песна, и уживам, зашто знам дека музиката е најсовршеното на овој свет (барем тое е мое мислење), а јас моментално го слушам најсовршеното од совршенството. За разлика од тоа, имало и моменти кога сум рекол "Аман со оваа песна, ја имам слушнато милион пати", а тогаш не сум доживеал буквално ништо, празнина.
-Пиење утринско кафе. Омилен ритуал, скоро секогаш сам го правам првото кафе, посебна шоља. Битен е соодносот на вода и кафе, температурата на која се пие кафето и терминот кога да запалам цигара. Значи, ако се поклопат сите тие работи, доживувам прогрес на просветлување. А лесно може да помислам, пиењето кафе е исто како и пиење на било која течност.
-Насмевка на лицата на моите сестри. Најголема среќа е да ги гледаш среќни, оние кои што ги сакаш. Исполнето чувство. А, нели лесно можам да не ја забележам насмевката на нивните лица.
-Љубовта на моите родители. Од љубовта на моите родители, настанале три деца. Тие три деца се одгледани со таа љубов. Таа љубов е пренесена на нас (зависи кој колку ја примил ) и се уште е во и околу сите нас (на моменти, различен е само интензитетот). А лесно таа љубов може да не се почувствува, и да помислам дека тоа е само обврска и грижа на моите најблиски.
Просветленоста асоцира на летот на една птица. Асоцира на слобода, на прелетување и гледање на светот од повисоко место. Колку е подолг и поуспешен летот, толку е поголемо просветлувањето.

Значи, со овие и со многу други работи се храни нашата душа. Но, никогаш не е доста и се посакува уште, уште. Тоа допринесува до осознавање на уште многу нешта, појава на прашања и нивни решенија, и пак појава на нови и нови прашања. Се така до бескрај. Барем тој пат никогаш не би требало да запре. Ако запре, душата ќе ни стане трула, не ќе можеме да се поднесиме самите себе. Затоа и реков дека "Просветлен си онолку, колку што на твојата душа и е удобно во твоето тело". И затоа мислам дека нема конечно просветлување.

Е сега , секое верување, обичај, традиција и суеверие, тука би ја додал и религијата, доведуваат до прекинување на тој пат, претставуваат пречка (барем за мене е така). Затоа што, верувањето во такви работи, само по себе носи и забрана за доживување на некои непознати работи. Верување, дека така се правело и се прави и дека тоа е исправно. Ама, од кај да знам јас, што е исправно, ако не пробам. Ако само слепо верувам. А за просветлување не треба страв, треба храброст, решителност да чекориш кон непознати работи.

На крајот, за просветлување се потребни позитивни и ведри мисли. Еден песимист, ни најмалку не може да биде просветлен. Негативен став на гледање на работите.

Не е битно кој колку е просветлен, битно е да се најдеш и прифатиш самиот себе со сите свои доблести и мани, да им се покажиш на сите оние кои што те опкружуваат и да се сакаш и цениш како таков.

Секој ден е нов ден, ни се случуваат нови работи кои влијаат колку ќе бидеме не/просветлени во тој ден. Ако денес не сме успеале, секогаш постои нов ден.

Мислам дека тешко некој може да достигне целосно просветлување.
 
S

smart ass

Гостин
Има луѓе кои го можат тоа и ги викаат сенсеи.

Ќе му речете просветли ме мастер!!

И он ќе ви одговори-Don't call me master.

а вие-yes master:pos2::pos2: и после ќе ве просветли...

КИНЏООООО!!!


Какви се теми сум пропуштил.Просветлување е целта на животот.Целта е да бидеш свесен кој си,што си,зошто си,како си.Целта е да сватиш дека ти си Господ креаторот кој создал све.Ние сме сите едно без разлика дека функционираме преку повеќе од еден организам.Има само еден жив организам и ние сме тој организам.Јас иако го знам ова не сум просветлен бидејќи јас не го чуствувам ова кога ќе почнам да го чуствувам универзумот е тогаш ќе се просветлам.
Е ова е уна малагро:vozbud:

дефинитивно ние сме го креирале универзумот.:pos2:

O,my god-чекај бе...сам себеси ли се обраќам.:tapp::tapp:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Потребно е да се воздигнеме над нашите желби, посебно сексуалните, бидејќи од нагонот се друго потекнува. После колку секс сеанси се постигнува вечна здосаденост од сексот да не знае некој?

Смарт Есс :), токму ти си единствениот што го створа светот во кој што живееш, тој процес не е завршен ниту ќе биде. Ти си алфа и омега за својот личен свет, и тоа е се што е важно за твоето лично знаење. Се друго освен тоа е само филозофија. :smir:
 

Amacord

high and might богаташ
Член од
24 август 2009
Мислења
474
Поени од реакции
15
Интересна тема . Буда(просветлениот) , претпоставувам само кога ке видиш многу подалеко од обичнот човек , и ке исконтактираш со самиот универзиум , за тоа што го направиле Буда и Исус тие биле просветлени , а не некои деца на богот . Тоест они тоа што го виделе е Бог (универзиумот) а не некој дедо со бела брада ...:tapp:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Многу повеќе и од универзумот, кога ќе сфатиш дека ти си СЕ за својот личен свет на постоење, сексуалниот нагон ќе биде автоматски исконтролиран, бидејќи веќе нема да постои она најпривлечното - туѓото слаткото. Се ќе бидеме ние, се ќе биде наше. Хаххахаха...
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Многу повеќе и од универзумот, кога ќе сфатиш дека ти си СЕ за својот личен свет на постоење, сексуалниот нагон ќе биде автоматски исконтролиран, бидејќи веќе нема да постои она најпривлечното - туѓото слаткото. Се ќе бидеме ние, се ќе биде наше. Хаххахаха...
Нема да бидеме се.Ние сме се само некој тоа го чуствуваат,некој само го знаат а некој пак се заслепени од мудроста(светлината која е добро прочуена како его или телесен матриален живот).Но и слепиот е жив,зар не?
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Аха. Само јас веќе не внимавам многу на точната рационалност во изразувањето, ионака нема фајде од неа. :)

"How does one seek union with God?"
"The harder you seek, the more distance you create between Him and you."
"So what does one do about the distance?"
"Understand that it isn't there."
"Does that mean that God and I are one?"
"Not one. Not two."
"How is that possible?"
"The sun and its light, the ocean and the wave, the singer and his song
- not one. Not two."


Не треба интелигенција за да се сфати ова, само срце. :)
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
кога ќе бидеме полни со љубов за се околу нас, кога среќата ќе ја тражиме во среќата на другите ,кога несебично и безусловно ќе помагаме ,кога ќе имаме разбирање за секого ,кога нема да ги делиме работите на добро и лошо,кога ќе немаме на кого да простуваме вклучувајќи се и себе си,кога ќе бидеме среќни со тоа што го имаме , на добар пат сме кон просветлувањето .
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
кога ќе бидеме полни со љубов за се околу нас, кога среќата ќе ја тражиме во среќата на другите ,кога несебично и безусловно ќе помагаме ,кога ќе имаме разбирање за секого ,кога нема да ги делиме работите на добро и лошо,кога ќе немаме на кого да простуваме вклучувајќи се и себе си,кога ќе бидеме среќни со тоа што го имаме , на добар пат сме кон просветлувањето .
Ееех... само тогаш ќе можеме да бидеме присутни секогаш сега и овде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom