Промоција на мерка за отворање работни места во граѓанските оранизации

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.634
Поени од реакции
4.936
25.10.2017 | 12:20
Македонија
Прочитано: 266
Активната мерка за отворање нови работни места во граѓанските организации, како дел од оперативниот план на активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот ќе биде промовирана денеска во Скопје.

Мерката ќе ја промовираат министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, постојаната претставничка на програмата за развој на Обединетите нации, Луиза Винтон и директорката на агенцијата за вработување Билјана Јовановска.

Оваа мерка за вклучување на граѓанските организации е дел од оперативниот план за вработување со кој треба да бидат опфатени 41.562 невработени лица до крајот на годинава. За мерките се издвоени шеснаесет милиони евра, а планирано е зголемување на вработувањето на младите до 29 години.
------------------------------------------------------------------
Има ли иднина во НВО за вработување и колку и дали се корисни овие работни места? Какви се условите за работа и колкави се платите?
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.067
Поени од реакции
3.213
Има ли иднина во НВО за вработување и колку и дали се корисни овие работни места? Какви се условите за работа и колкави се платите?
Ако си поврзан со тие на кого е НВО-то (спонзорот) има иднина,
овие работни места се толку многу корисни, без нив не може да живее една држава, видете сега што се случи, сите невладини станаа владини и нема повеќе критики кон власта,

условите за работа се многу поповолни од државните фирми/администрација, немаш некое фиксно време имаш огромна слобода во тој дел, додека платата варира и тешко е да се каже точна сума, имаш 3 илјади евра плата за броење мигранти, но имаш и 250е за броење оФци, после имаш 150е за пишување на форум, се зависи колку пријателски и роднински врски имаш со главниот на НВО-то.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom