Целта ми беше да има конструктивна дебата за одредено прашање од општествена важност.
Знам знам, го укапирав тој момент одма. Браво за иницијативата у секој случај.
Само според мене, ова доаѓа од човек што е капиталистички и проевропски настроен, моето мислење е дека овде веќе треба да се повлече црта.
Во секој бизнис, во секои преговори, секаде има одредени моменти каде што буквално треба да си станете од масата на која преговарате затоа што одреден предлог е предрзок, дури и навредувачки по вас. На долг рок така си ја зајакнувате позицијата со тоа што се ствара една почит спрема вас бидејќи имате достоинство. Ова е тој момент за Македонија.
Да остануваме без мнооооогу пари од европски фондови и се останато, но од друга страна кога би немало кој да замајува очи со тоа еве сеа ќе отвориме преговори со ЕУ, ќе треба да се понуди суштинска програма за зајакнување на државата на сите полиња. Па здравје ако кај јавачите од истокот се јави common sense у тоа тиквите, би можеле пак да седнеме на маса да разговараме.
И искрено мислам дека ова треба да е размислување на секој еден од нас, без разлика дали сме леви, десни, црвени, сини, на крајот на денот си Македонец. Можеби и последната шанса да се фатиме за јажето од возот за да ја средиме вукојебинава, затоа што возот отиде, само јажето по него остана. Толку ни се мали шансите да е оправиме :/