Промени во платежниот промет влегува ли Пејл пал и компанија?

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.037
Поени од реакции
4.411
Народната банка ги усвои подзаконските акти кои овозможуваат ефикасна примена на новините во платежната сфера

Автор:Деск

26/11/2022

Советот на Народната банка усвои сет подзаконски акти со кои се операционализира новата правна рамка во платежната сфера која ја поставува Законот за платежни услуги и платни системи, чија примена ќе започне од 1 јануари 2023 година.
Примената на новата правна рамка се очекува да ја засили конкуренцијата на пазарот на платежни услуги со тоа што ќе овозможи влез на нови даватели на платежни услуги кои ќе треба да добијат соодветна дозвола од Народната банка. Така, од почетокот на следната година, покрај банките платежни услуги ќе може да даваат и платежни институции, штедилниците, како и институции за електронски пари. Новото конкурентно окружување се очекува да ги мотивира постоечките и новите даватели на платежни услуги и оператори на платни системи да им понудат на клиентите иновативни решенија за извршување на побрзи, поудобни и поевтини плаќања.

За извршување на платежните трансакции, граѓаните и бизнисите, односно правните и физичките лица, ќе може да отвораат сметки кај платежни институции и институции за електронски пари. Паричните средства на правните и физичките лица на овие сметки нема да претставуваат депозити и на нив нема да се пресметува и исплатува камата. Исто така, паричните средства кај платежните институции и институциите за електронски пари ќе бидат заштитени, со тоа што ќе се чуваат на посебни сметки во Народната банка, во деловните банки или штедилници, а нема да влегуваат ниту во стечајната или ликвидационата маса во случај на престанок со работа на институцијата или на банката и штедилницата каде што се чуваат.
Новата регулатива ќе овозможи и поголема заштита на правата на корисниците на платежни услуги, а особено на физичките лица кои се потрошувачи, преку стандардизирање на содржината на рамковните договори кои ги склучуваат со давателите на платежни услуги и обврзување на давателите на платежни услуги да им даваат целосни, јасни и навремени информации за платежните услуги кои ги нудат и условите за

Особено значајна новина за потрошувачите ќе биде олеснетото споредување на надоместоците за услугите поврзани со платежната сметка. За оваа цел, Народната банка ќе објави листа на 11 најрепрезентативни услуги поврзани со платежна сметка кои потрошувачите најчесто ги користат. Со цел појасно претставување на понудените услуги на потрошувачите и нивна споредливост, давателите на платежни услуги ќе бидат должни, пред склучувањето на рамковен договор за користење на платежни услуги, да му дадат на потрошувачот информативен документ за надоместоците на услугите, според стандардизираните термини и дефиниции од листата на најрепрезентативните услуги. Воедно, ќе бидат должни да ги достават до Народната банка и податоците за надоместоците за најрепрезентативните услуги што ќе ги нудат на потрошувачите. Тие податоци ќе бидат објавени веб-страницата на Народната Банка, што ќе им помогне на потрошувачите на лесен начин да да ги споредат надоместоците што ги нудат различни даватели на ваквите услуги. На овој начин, се очекува да се зголеми информираноста на потрошувачите и да се олесни донесувањето на одлуки од нивна страна за користење на платежни услуги од конкретен давател на платежни услуги. Споредбата на надоместоците на веб-страната на Народната банка се очекува да биде овозможена најдоцна до 30 септември 2023 година.
На оваа седница, Советот на Народната банка усвои и други подзаконски акти со кои подетално се регулираат прашањата поврзани со капиталните барања за новите даватели на платежни услуги, стандардите за работење на платните системи, известувањето до Народната банка и надзорот кој ќе го спроведува Банката над нивното работење
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
693
Поени од реакции
670
Ова е одлична вест и законов најверојатно ќе овозможи влез на интернет банките ко Revolut, N26, Curve, Wise. Се надевам ова ќе влијае и врз воведувањето на Apple Pay во Македонија
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
3.839
Поени од реакции
3.574
ме изгуби кога слушнав “иновативно„ што е индикатор дека ова што кажуваат е пуно со гомна.
И електронски пари? Дали збориме за криптовалути овде? Моја перцепција беше дека сите пари се во електронска форма на сметка, додека не се извадат во кеш форма од банка или терминал.
Чим слушнав нбрм и рамковен ми делува ова како нешто што има да води до превара.
 
Електронски платежни системи се ова. Најголем дел немаат врска со крипто. Но може некои да имаат. Примери се Пејпал, Али Пеј, Апл Пеј. Добри се за интернет трговија и услуги.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.037
Поени од реакции
4.411
Имам користено за интернет купување. Префњерирам директно од сметка оти не ми се дава еден долар маржа за трансфер.
Генерално позитивна вест за тие што нудат услуги онлајн и продаваат производи во МК. И некои кои сакаат брз трансфер на пари во странство. Олеснето ќе биде и купувањето и трансфер на пари и во МК. Можно е да има и некои злоупотреби и криминал. Но Генерално е добра вест за бизнисот.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.448
Поени од реакции
3.202
Имам користено за интернет купување. Префњерирам директно од сметка оти не ми се дава еден долар маржа за трансфер.
За интернет купување PayPal има кај нас одамна, ама со години се чека да може да се примаат пари на него. Нема врска темата со крипто.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
3.839
Поени од реакции
3.574
За интернет купување PayPal има кај нас одамна, ама со години се чека да може да се примаат пари на него. Нема врска темата со крипто.
Не тоа што зборев.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.037
Поени од реакции
4.411
Не тоа што зборев.
Ти објаснив. Дечково знае што зборува. Потрошувачите добиваат поголем избор на производи, побрзо и посигурно плаќање и најверојатно пониска цена на производи. Плус може брзи лични трансфери на пари и помалку кеш носење што е побезбедно од арамии. Плус и решавање на глупиот проблем "немој со 2000 денарска оди раситни во недела во 02.00" и проблемот "кај да се чекаме за да ми дадеш 500 денари за кило ореви". Или во превод секој може да стане сега бизнисмен.
 
Последно уредено:

Се шегуваш? Сива економија најдобра економија. Зошто да давам данок на држава што прави тендери и потоа краде?
Всушност зошто во опште да давам увид на државата каде ми идат парите?
 
Ок ај чао. Немам време за вакви глупости.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
5.758
Поени од реакции
4.575
Revolut имаа дозвола у старт у Македонија после се повлекоа, дури студирав во Холандија ги користев и се буквално беспрекорни, трансфери, плаќања синхронизација со апликација се е перфектно. Ако ја отвори вратата за Македонија music to my ears :)

Има временска рамка кога би се случило ова?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
14.453
Поени од реакции
17.237
Не ми се верува дека Пејпал ќе влези во Македонија, ова како што гледам е сеуште многу комплицирана работа за компанијата да се занимава за пазар од 1.8 милиони народ.

Ќе треба со Народна Банка да имплементираат некој работи, а тоа со среќа нека му е на секој кој не е длабоко интегриран во нашиот коруптивен систем за правење на големи пари.
 
y2k

Член од
4 октомври 2022
Мислења
283
Поени од реакции
448
Не ми се верува дека Пејпал ќе влези во Македонија, ова како што гледам е сеуште многу комплицирана работа за компанијата да се занимава за пазар од 1.8 милиони народ.

Ќе треба со Народна Банка да имплементираат некој работи, а тоа со среќа нека му е на секој кој не е длабоко интегриран во нашиот коруптивен систем за правење на големи пари.
Ништо нема комплицирано
 
Kajgana Shop

На врв Bottom