Промена на пол? За или против?

Промена на пол?

  • Вкупно гласачи
    258

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Што мислите за операциите за промена на полот, ги поддржувате или строго сте против? Зашто ако сте за, зашто ако сте против?

Гледав една емисија кај Опра и тоа ми беше инспирација за темава. Имаше неколку гости кои си го промениле полот, велат дека уште од деца се осеќале дека се заробени во погрешно тело.

Дали сметате дека е подобро да го сменат полот и да се ослободат или сепак сте премногу против тоа?

И образложете си ги мислењата се разбира.:smir:
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Против, секој е роден онаков каков што требало да биде, полот не е мала работа како усните или ушите па ај да ги корегирам. "Се осеќале заробени во телото" и демек после операцијата се ослободиле.... т.е после низата операции по кои ќе се претворат во... кукли, буквално во кукли или ако сакате во човечки суштества кои не се тоа што се и се тотално бесполезни како такви, новосоздадени, не се ни способни да ги вршат основните функции кои им се новоздобиени т.е насадени.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ете сега ми текна, се сеќавате на Фифи? Детето има апла женски хормони, женски глас, можда е подобро да си го смени полот, кога се гледа дека требал да биде женско. Јас се уште сум неопределена по однос на ова прашање.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Каква промена бре, тоа уклучува хируршки интервенции. Малку да си ја пресечеме раката, и да потече многу малку крв ќе се отепаме во офкање, а па замисли некој да ни го сече половиот орган, тоа остава духовни последици за цел живот. Иако операцијата се прави под опивка сепак последици има. Не сум против хирургијата таа спасува животи. Ама против оваа ненормална глупост сум.
Има причина зошто човек е машко или женско, и има причина зошто се чувствува заробен во тоа машко или женско тело. Ако ја најди таа причина нема да има потреба да му го сечат неговото или нејзинотото тело.
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Јас сум против менување на полот.
Не е тоа едноставно и лесно да од маж станеш жена или од жена маж.
Тука станува збор за комплексна работа. Кога веќе сме се родиле како машко или женско, тоа е со причина и така треба да живееме до крајот на животот.
Има момчиња и девојчиња кај кои доминира обратниот хормон, но јас не би ги подржала за операција за промена на полот.
Пред се тоа не е лесен зафат, може да има компликации, цел живот се подложуваат на хормонски терапии и го оптеретуваат организмот, плус операциите не се едноставни, а посебно премали се шансите за успешност на промена од женски во машки пол. Значи промена на полот со успешност е возможна посебно кај машките, а на женските не се препорачува и ретко се практикува.
Кога веќе си се родил како маж или жена научи се и живеј во своето тело и сакај го истото.

Последен случај кој ми беше одвратен мене е дечкото што го промени полот од жена во маж, но притоа ги оставил репродуктивните органи и остана бремен. Одвратно мажите се породуваат :tapp:
Светов збудалува со технологииве и со напреднава медицина. Колку што овие работи се добри, толку се и лоши и се забораваат основните карактеристики на човекот.
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
шо е до мене шо сакат нека прат ич не ми е гајле, само нека се држат понастрана од мене не можам да смислам такви „луѓе„ :pov:
 
Fama

Bombin' thru the speakaz
Член од
10 февруари 2009
Мислења
518
Поени од реакции
19
шо е до мене шо сакат нека прат ич не ми е гајле, само нека се држат понастрана од мене не можам да смислам такви „луѓе„ :pov:
Потполно го подржувам постот на GODLIKE.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Јас сум за. Во поголем дел од случаите за тие луѓе постои медицинска оправданост поради нивната состојба и не гледам причина зошто не би можеле да се го сменат полот.
 
Сталин

Висарионович
Член од
24 декември 2008
Мислења
239
Поени од реакции
11
Овие луѓе тоа не го прават од што го сакаат туку од што мораат. Уште додека биле фетуси во мајката имаат пореметување на хормоните, односно на пример ако има машки полов орган детето како и изглед машки, има женски хормони. Кога се раѓа детето и во текот на неговиот живот иако е машко сепак бендисува машки, се облекува како жена и се осеќа како жена, бидејќи има целосно женски хормони, дури и се однесува како жена. Тоа не е за смеа, тоа е пореметување односно мозокот и хормоните тргнале кон два различни патишта уште во текот на создавањето на детето во утробата на мајката. Тие се оперираат и го менуваат својот пол и изглед бидејќи не можат да се поднесат во туѓо тело.
Bacio и Apocalipto замислете како вие имате изглед на женско, а сакате и гледате жени, се осеќате и се облекувате како мажи. Промената на полот во овој случај е пожелна, бидејќи доколку не го направат тоа овие луѓе, не може да живеат нормално како што треба.
Ве земав вас како пример бидејќи сте строго против промена на полот.
 
Ок. Тогаш вероојатно ќе му бев новиот дечко на Аут Бој т.е ќе бев хомич.
 
Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
Не сум за, оти немам намера да си менам полот. Но не сум ни против, луѓето имаат право да прават што сакат со себе. :smir:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.523
Па додека од САД излегоа сите можни девијации уште малку и кучиња ќе има можности да се стане.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Овие луѓе тоа не го прават од што го сакаат туку од што мораат. Уште додека биле фетуси во мајката имаат пореметување на хормоните, односно на пример ако има машки полов орган детето како и изглед машки, има женски хормони. Кога се раѓа детето и во текот на неговиот живот иако е машко сепак бендисува машки, се облекува како жена и се осеќа како жена, бидејќи има целосно женски хормони, дури и се однесува како жена. Тоа не е за смеа, тоа е пореметување односно мозокот и хормоните тргнале кон два различни патишта уште во текот на создавањето на детето во утробата на мајката. Тие се оперираат и го менуваат својот пол и изглед бидејќи не можат да се поднесат во туѓо тело.
Bacio и Apocalipto замислете како вие имате изглед на женско, а сакате и гледате жени, се осеќате и се облекувате како мажи. Промената на полот во овој случај е пожелна, бидејќи доколку не го направат тоа овие луѓе, не може да живеат нормално како што треба.
Ве земав вас како пример бидејќи сте строго против промена на полот.
Го прават тоа затоа што мораат. Што мора човек? Еве почнувајќи од мене, морам да станам на сабајле, а нејќам. Морам да станам за да си го заработам лебот кој што го јадам, зошто без храна и вода човек не може да преживее.
Читам овде пореметување на хормони дрн, мрн, фрн. Хормоните не го контролираат телото, туку самата личност преку хормоните го контролира сопственото тело. Има луѓе кои што можат само со својата воља да го контролираат својот пулс, дишењето, па дури можат и да запрат помало крварење.
Не можат да се поднесат во туѓо тело. Па нивно е телото и нивни е полот каков и да е, не е мој сигурно. Има причина која не можат да го прифатат тоа.Еве и јас сакам да бидам Вил Смит, ама не можам :icon_lol:.
Тој маж ако требало да биди жена ќе се родел како жена што е нормално, а не е нормално да легни на маса па да му го пресечат :icon_lol:. И потоа да го трујат со огромни дози на естроген.
 
Чим ти можеш да си ги контролираш машките хормони што ги имаш ајде да видам сакај машко и имај секс со машко, ако го можеш тоа, односно да се заљубиш во машко направи го. Али мислам дека нема да можеш бидејќи не е тоа твоја природа, си имаш машки хормони тие те прават машко и прават да сакаш женски и да бидеш со женски. Можеме да си го контролираме понашањето доколку е во наша природа, но ако е нешто со нас не во ред не можеме. Шизофреничарите не можат да се контролираат бидејќи имаат ментална болест во мозокот, така и овие луѓе со спротивни хормони не можат да се конторлираат бидејќи хормоните ја контролира нивната природа, природата на човекот, така е роден.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Јас сум против. Тоа што некои ги чеша газот, не значи и дека е исправно и оправдано.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom