Промена на лична карта

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Во право си, ама на црвено кога минеш ќе добиеш казна, ако и само ако те види/фати службено одговорно лице.Јас тука кога ја обновував личната карта, тоа го правев пред одговорно службено лице и ништо не ми рече во врска со плаќање казна.
Се во ред ама и многу што ги фатиле поминале со гледај друг пат или поздрави го ...., Македонија е ова, некој некаде ќе си го ниси за успомен и дуго сеќавање :D
 

mickey mouse

Багабонти
Член од
5 септември 2011
Мислења
992
Поени од реакции
2.765
Јас летото 2007 ја извадив првата лична карта, а ја изгубив летото 2008 а во 2012 ја пријавив за изгубена и си извадив нова таа година
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
476
Поени од реакции
316
B
Од Април минатата година ми беше истечена личната карта, во петокот бев да ја обновам, ништо казна не платив.:X3:
Брат, јасно ми е се, јас само нагласував колку е глуп законо :)[DOUBLEPOST=1424277986][/DOUBLEPOST]
Од Април минатата година ми беше истечена личната карта, во петокот бев да ја обновам, ништо казна не платив.:X3:
Брат, јасно ми е се, јас само нагласував колку е глуп законо, ништо друго :)
 
Член од
14 септември 2011
Мислења
11
Поени од реакции
0
Па најубаво да ги прашаш дирекно, ќе ти кажат најубаво. Мислам дека треба согласност, и документи од сопственикот, пр. имотен лист, лична карта или извод итн. и твој документи секако.
Договор за закуп не верувам дека треба.
Ти се пријави на адреса кај роднина или си под кирија и како би изгледала таа изјава/согласност?

Мене денес ми кажаја дека ако не ми се блиски роднини(татко/брат/мајка/син) морам да имам договор за закуп. А на договорот за закуп морам да внесам цена, што фактички потоа треба да пријавам данок.
 
Последно уредено:

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.253
Поени од реакции
2.237
Да ја воскреснам темава.

Сакам да сменам лична карта од друг град во Скопје. Во Скопје сум 8 години, од лани и во сопствен стан. Од станот имам само преддоговор, уште немам имотен лист на мое име.

Бев денес во соба 34 во МРТ и ко што ми кажа човекот таму, штом немам имотен лист, треба да ме пријави тој од кој го купив станот како потстанар и со тој документ заверен на нотар да идам. Не сакам тоа да го правам, глупо ми е во сопствен стан да се пријавам како потстанар и на тоа да мора да плаќа некој данок. Веројатно може да завршам со изјава од носителот на станот дека станот е во моја сопственост и слично, ама убеден беше службеникот дека не може. Дали има некој упатен во ова, бидејќи ми изгледаше дека не е баш запознаен службеникот со сите работи?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Да ја воскреснам темава.

Сакам да сменам лична карта од друг град во Скопје. Во Скопје сум 8 години, од лани и во сопствен стан. Од станот имам само преддоговор, уште немам имотен лист на мое име.
не може. Или со имотен или со изјава дека живееш кај родител или дете или под кирија (со што ќе се плаќа данок). Пробано, прашано. Глуп закон со оглед на криминалите со зградите. Има луѓе од Скопје што ради инвеститорите со години не можат да извадат лични документи со регуларна адреса.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.253
Поени од реакции
2.237
не може. Или со имотен или со изјава дека живееш кај родител или дете или под кирија (со што ќе се плаќа данок). Пробано, прашано. Глуп закон со оглед на криминалите со зградите. Има луѓе од Скопје што ради инвеститорите со години не можат да извадат лични документи со регуларна адреса.
Како оди ова со данокот? Може да направам јас договор со човекот дека сум потстанар на 2 години на пример и дека кирија е 60-70 евра. Веројатно нема врска квадратура или локација на стан со колку кирија ќе се плаќа, колку сакам на крај толку ќе го издавам. И колку е данок за издавање стан? На 60 евра месечно кирија не би требало да е многу голем данокот, би се нафатил и ја сам да си го плаќам.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Како оди ова со данокот? Може да направам јас договор со човекот дека сум потстанар на 2 години на пример и дека кирија е 60-70 евра. Веројатно нема врска квадратура или локација на стан со колку кирија ќе се плаќа, колку сакам на крај толку ќе го издавам. И колку е данок за издавање стан? На 60 евра месечно кирија не би требало да е многу голем данокот, би се нафатил и ја сам да си го плаќам.
колку што знам, се плаќа персонален данок на доход, 10%. Што значи ем пари ќе дадеш ем повторно при проверка од мвр, адресата на живеење и под закуп нема да е иста со што повторно шансите за глоба се големи. Ако се пријавуваш во свој стан како потстанар, на страна зошто нема имотен. Ако толку време нема, документација не е во ред. Со таков документ прашање е утре судот што ќе заклучи при евентуални спорови. Чиј е станот. Треба за ова да побараш совет од сериозно адвокатско друштво. Обично прв совет е бесплатен.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.253
Поени од реакции
2.237
колку што знам, се плаќа персонален данок на доход, 10%. Што значи ем пари ќе дадеш ем повторно при проверка од мвр, адресата на живеење и под закуп нема да е иста со што повторно шансите за глоба се големи. Ако се пријавуваш во свој стан како потстанар, на страна зошто нема имотен. Ако толку време нема, документација не е во ред. Со таков документ прашање е утре судот што ќе заклучи при евентуални спорови. Чиј е станот. Треба за ова да побараш совет од сериозно адвокатско друштво. Обично прв совет е бесплатен.
Има имотен лист, ама не е на мое име туку на човекот од кој што го купувам. Ќе го преведам на мое име откако ќе го исплатам станот, така сме договорени тоа е се во ред.

Инаку ко што читам по интернет изгледа може да се издаде стан без надомест. Се правел некаков договор за издавање стан под закуп без надомест. Ако ова е возможно тогаш најмногу би ми одговарало. Ќе се пријавам ко потстанар без закуп и нема да плаќам данок за ќирија и ќе можам да сменам жителство. Сега ми треба адвокат да најдам што е запознаен со ова и да ми направи таков договор.
 
Член од
19 февруари 2015
Мислења
1.772
Поени од реакции
2.075
на 26ти декембри ми истекува лична к, закажав утре за сликање у мрт и сега ми кажа 1 другар он у бутел вадел...
а не ми се и до телевизија сега ова блиску ми е, може да се презакаже или што ке се деси ако не отидам а имам закажано?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom