Промена во начинот на оценување во училиштата?

Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Според мене треба да се направи со бодови (од активност, од редовност, тестови) , како на некои од факултетите. И на крај да се соберат сите бодови. Ако поминуваш ОК, ако не преполагаш.
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
1. Да се воведат измени во програмата по која учиме. Мора малце да ги средат материјалите и да воведат поквалитетни учебници. Факт е дека не треба секому да се дозволи да напише учебник, а уште помалце тој учебник без размислување да се вметне како задолжителен во образованието.
2. Да се отпуштат буквално сите професори кои не си го заслужуваат работното место и на нивните места да се вработат способни професори и педагози (има начини)
3. Да се укине матура и да се воведат приемни на сите факултети; оценките во средно да немаат многу влијание врз бодовите за прием, но поголемиот дел од знаењата кои ќе требаат за (соодветниот) приемен да бидат опфатени во средното образование (по соодветната, новоизготвена програма).

Мислам дека со вакви промени образованието колку-толку ќе ни’ се среди, бидејќи во оваа точка сега, е катастрофа. Насекаде има билдање оценки, ученици со сите петки на секој чекор... па дури и да повишат критериуми во една или две школи, професорите се свесни дека во другите училишта децата ќе имаат повисок успех иако имаат помалце знаење. И ним тоа им е проблем, се чувствуваат како да ни’ ги скратуваат шансите за прием на факултет. Доколку оценките од средно не би влијаеле толку за факултет, колку стекнатото знаење во тие неколку години, тогаш учениците би учеле заради знаење, а не заради бројче во дневникот.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.736
Поени од реакции
17.431
самите оцени 1-5 се малце за да се разликува знаењето од дете у дете.И време е малце да им се даде слободни раце на професроите да бутаат година..Не може секој да завршува средно коа очигледно нема потенцијал..Треба да се стегнат за да сватат дека нема од жал да им се попушта.
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
+1
Ем во материјата ем и во оценувањето.3та година смер општествено А зошто има уште биологија,физика и хемија?Искрено подоро да ми стаат 5 општествени предмети него ли овие 3.Во 4та останува само математиката али ајде математика ок али никад не ми било јасно зошто биологија,физика и хемија има во оваа програма.Тие што идат на тој смер значи планираат да се запишат на некој од општествените факултети и непотребно е да се изучува овој материјал.
За оценувањето башка.Како е возможно јас како активен ученик никад сум немал повеќе од 30 оправдани во година да имам иста оцена со некој кој што дали 2пати иде во неделата.Активност исто не се оценува како што треба.Што се однесува до екстерни исто мислам дека е непотребно.Ако веќе воведуваат екстерно нека биде само екстерно а не и двете.Кое трошење време е да го повторувам истиот материјал а да ми се трупа уште.Нека даваат ондак екстерно како за оценување али да бидат со точно определни дати за да има доволно време за да се спремиш.Треба доста да се менува во образованието.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
1.333
Поени од реакции
504
50 procenti od ocenkata godisna treba da se pismeni i sumeni izlaganja 15 posto esei/proekti, 20 posto redovnost i 15 posto aktivnost na cas, porealno zdravje
--- надополнето: 15 декември 2011 во 03:43 ---
sumeni+=usmeni
 
Член од
21 јануари 2018
Мислења
109
Поени од реакции
32
се е џабе кога ти ставаш една оцена па телефони фрчат од сите страни да се поправи под итно. Класните ќе се тепаат со тебе ако им рушиш просек
 

Kajgana Shop

На врв Bottom