Еве да си го кажам своето искуство со Конструктор,да треба некогаш повторно да ставам пвц нема ни да поглледнам што нуди оваа фирма,значи никако!Фино убаво кога одлучив дека ке ставам од нивните прозори типчето ми се наслика утредента уште рано рано на врата за да земе мерки и за неверојатни пет дена ги имаа направено прозорите и дојдоа за монтажа(си викам топ се овие).Прва работа што не ми фати кејф е кога ги слушнав дека вработените како си прават муабет и се жалат од работата во фирмата,од типот многу работа на малку луѓе за монтажа,требало откога ке ги монтираат моите да одат уште на две места,многу ми се брзаа и не беа доволно посветени на работата.Завршија работа но ги вратив за 15мин зашто една врата многу фаќаше при затварање.Интервенираше едниот,аве вака абе онака ми објаснуваше и ја среди.Ајдеее Саламандер и Рото за една недела ги барам повторно за истата врата и уште една друга и женана у канцеларија ми вика кога ќе биле на тој реон во градот ке наминеле(не важеше тоа мерки кога земаа).Дојдоа после 10 дена и ги подесуваа вратите и ме убедуваа као ич гајле, тие врати веќе нема да прават проблем.И точно беше но еден прозор клапна во мај годинава и веднаш им се јавив бидејки бајаги имаше шмирглање на механизам при отварање и затварање.Ме исфарба таа теткицата на тел дека ке дојдат наскоро на реон кога ке биле.Еве сме декември,ни трага ни глас од фирмиштево,алооо шест месеци ги нема аво меѓувреме ми клапнаа сите прозорци и врати,ама сите.Се јавив пред две недели па се испукав со тетката и викам дека се аматеришта и срамота,за големи пари фрлени за прозори се бркаме шест месеци за сервис од 15 минути,и таа ми вика ке ти се јавиме до петок да се договориме(понеделник беше).Ѓубриња едни поминаа два петока и трет се ближи и ги нема.Се мислам дали да се обратам на Пазарна инспекција,не сакам на тој начин да ги решавам работите.Само сакам да си го испочитуваат договорот и гаранцијата пишана од нив,дебилштини едни.Некои фирми имаат 24/7 сервис и подршка а јас со смрадовиве се расправам дека новна обврска е да интервенираат побрзо,дека ке си ги оштетам прозорите вака бидејки се повеке клапнуваат и потешко се затвараат.Мислам било која друга фирма да ја одберев подобро ке беше но ја направив грешката,бидна.Профилот е Саламандер германски но монтажата и услугата се Македонски,тоа научив.80 000 се опукав кај нив за да избегнам вакви заебанции а од нив ги добив,не ми се верува дека немаат тим сервисери што работи само тоа,срамота.И секако вратите што еднаш ги подесуваа пак клапнаа.Отварајте очи,размислете убаво кој ке ви мести пвц доколку менувате прозорци бидејки тие ке ги имате 20 години минимум.Да не мислите дека ги напаѓам нив а форсирам други фирми,а воопшто немам нивни прозори,пишете и одма ке ставам слики од прозорците и од папката со гаранција и сметка од Конструктор што ја имам.