Прозни искри

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Спомени

Во старата визба на дедо ми, посакав да ги разбудам спомените низ миризбата на слатко од смокви што се шири од полиците. Ме потсеќа на детството, на деновите од пубертетот. Во најтемниот агол пронајдов стара, како со кожа од прав, прекриена кутија полна со години. Ја отворив и таму, во најдлабокото дно, го пронајдов споменарот. Го зедов и почнав полека да го читам. “Кога ќе пораснам сакам да бидам новинарка“. Еден неостварен сон. “Кога ќе пораснам сакам да напишам книга“. Уште еден. Сега им пишувам само на комшивчињата состави на ситни ливчиња, да за препишуваат на писмени. “Кога ќе пораснам сакам да живеам во Америка“. Сè уште сум си дома. “Кога ќе пораснам сакам да пеам во група“. Пеам само под туш. И сè така до крајот на тетратчето. Неостварените сништа знаат да заболат. Годините кои ме делат од овој ракопис што не го препознавам само се намножуваат. Старееме. Но тука сме. Со грст спомени, неостварени соништа и нови амбиции. Можеше да биде и полошо...

Елла
--- надополнето: 9 март 2013 во 08:46 ---
.
.
Ритуал
Влегувам во бањата. Водата тече во новата када. Леплив, нечист товар на денот врз мојот грб. Ме притиска како грба од камила. Јас сум за када, а не за кабина за туширање. Последнава ме потсетува на телефонска говорница лоцирана на автобуска станица, за широка употреба. Отчукува три часа пред полноќ. Стрелките безмилосно го убиваат денот. Меури од сапуница и мирис на лаванда. Да лизне ткаенината од кожата. Да се истрие пластот меѓу нив. Ме сепнуваат неколку ноти од невозможна мисија и со сила ми се пикаат во увото. Ме дразни продорноста. Ја допирам вибрирачката кутија врз школката. Слушам. Однапред сè ми е познато. Среќа што можам да ги предвидувам нештата. Среќа што сè уште сум во униформа. Среќа што не работи кутивчево на струја, па можам да си буричкам со прстот во пенливава течност додека надоаѓа кон рабовите. Како договорени, и другото кутивче, со пискав глас бара парче од миризливата магла што ја полни бањата и... почнува да ме задушува. Што да правам со овие пренадразнети кутивчиња, помислувам. Полни се со заразни бактерии. Треба да се дезинфицираат, да се ослободат од опседнатост. И додека неутешно треперат, ги спуштам во проѕирниот флуид и ги притискам кон дното. Николина Нолевска
 

Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338
Заспана со изгрејсонцето, го преспивам денот и целата убавина кој тој ја нуди. Не можам и не сакам да станам. Темната соба и празниот кревет како да се единственото место на кое можам да лежам спокојно... или барем така да изгледам. Се трудам од петни жили да заборавам што доживеав ноќеска. ..
Одсекогаш сум мислела дека најважно е да сакаш, зошто љубовта те води напред, зошто ти станува патоказ, ти дава мотив и сила, а целтта ја прави појасна и подостижна. Важно е да сакаш, а да си сакан е друга приказна.
Честопати наутро кога ќе станам помислував на тоа, колку сум среќна што можам да почувствувам вистинска взаемна љубов. Јас и ти. Утрата ги поминуваме заедно, капејки се во првите зраци на сонцето кој ѕиркаат низ прозорот. Ти велам добро утро со бакнеж, ја чувствувам твојата цврста прегратка и лебдам. Не ми треба ништо повеќе од тоа!
Тогаш јас сум најважна, јас сум најсреќна, целиот свет е мој, ти- најмногу!
Ама не знаев дека волку боли кога ќе те повредат.. А, и зошто ме боли мене кога ти грешиш? Зошто да платам јас, кога јас те сакав? Јас те почитував! Не те отфрлив, не глумев, едноставно сакав! Скршеното не се лепи, а и да може да се поправи никогаш нема да ја врати назад својата првобитна состојба. Секогаш некаде, сосем случајно иако толку внимаваш, ќе гребнеш, ќе оставиш лузна, ќе оставиш знак и секогаш ќе се потсетуваш. Дури и да го оставиш нештото некаде високо, далеку, ќе дојде ден кога повторно ќе го погледнеш и ќе се сетиш... И тогаш- пак болка. Можеби не толку голема, но длабока!
Не можеш да ги смениш нештата, едноставно животот таков. Се што сакам е само уште едно утро, како она од вчера, каде за последен пат ќе се разбудам гладна за новиот ден...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.641
Поени од реакции
13.091
Додавам нова боја во животот​

Црно е.
Ме засенува твојата безличност. Кога те гледам како бесцелно талкаш, со сведната глава. Погледот вперен во сенките на минатото. Без глас, без никаков мирис си сеприсутна во мислите мои. Само допир на студеност. Студеност која истекува од твојата душа. Пробувам да воведам некој неред, еден вид на спонтаност. Боја каква што ти некогаш си посакувала. Ти пишувам тебе, ги отцртувам контурите на твоето лице, му додавам детали какви што и двајцата би ги посакале.
А потоа капка по капка. Бојам. Прво очите. Секогаш прво тие мили очи во кои назира душата на еден некогашен сонувач. Првите снопови светлина. Ги чувствуваме заедно. Ти, со своите очи, јас со срцето. Потоа носот. Да го почувствуваш мирисот на растреперените раце кои ја држат четката. Вознемирен од исходот, ги чувтвувам твоите воздишки. Најпрво забрзани, подоцна длабоки. Па ушите. За да го чуеш срцето како забрзано чука. Само за тебе. Кога го слушаш, румена боја го обвива твоето лице. Се плашиш од совршенството. Се плашиш да не го загубиш како еднаш, многу одамна. Останува уште сосема малце. Запирам и те погледнувам откосо. Усните ми се судруваат со празниот простор. Најпрво студен и горчлив, но отпосле мек и топоч. Усните се раздвојуваат и во тебе се раѓа таа препознатлива прониклива насмева. Среќен сум повторно што успеав да ти го променам животот.
 
Член од
21 март 2013
Мислења
379
Поени од реакции
1.080
Темниот тунел по кој неуморно чекоревме, со надеж, со желба...место каде останаа сите наши спомени.
А, спомените...нема дел од моето тело кој не е покриен со нив. Да се живее со нив не е тешко, тешко е ако се заборави тој дел од животот.
Тешко е, бизарно е, да бидеш празен. Ниедно место, ниеден мирис, ниеден допир со нештата да не ти побуди некој спомен. Нешто што засекогаш останало врежано во најдлабокото катче во тебе. Нешто од кое душата ти трепери секое утро, кога ќе се разбудиш од сон.
А пак сонот, што е? Место каде можеш невино да се скриеш од реалноста. Да не и погледнеш во очи. Само да ја прескокниш бурата со еден ''еленски скок'', наместо да и се спротивставиш. Кој е излезот од безизлезот? Каде е крајот на темнината во тунелот?
Повторно сите нешта лежат во душата на намачениот човек. Како да се излезе кога силата се губи. Како да се даде уште некој чекор до целта, кога секоја воздишка е се потешка. А, како ли да не бидат тешки воздишките кога душата е уништена. Полна е од болка, што печи до бес. Што се пролева низ вените, и владее со нас. И, пред самиот крај, дамарите попуштаат. Светлината е се поблизу, но толку далеку. Можеби никогаш и нема да ја видеме...можеби желбата ќе остане засекогаш пуста во нас.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.641
Поени од реакции
13.091
Случувањата на розевата улица


Чекорам... Сосем сам... По дождливата калдрма. Некогаш толку препознатлива, толку мила и привлечна. Тоа беше таа улица. Каде погледите прв пат ни се сретнаа. Кога држејќи се за рака, си се смешкавме еден кон друг. Кога се корнев во себе за да ти признам дека си убава. Кога плачеше со мене штом ми соопшти дека заминуваш. Ја шетав и кога бев осамен, со огромна верба дека се е во ред со тебе. Дека кога ќе се вратиш, ќе направиме уште неколку низи на нашата улица. Поплочена со спомените кои и ден денес ми искраднуваат насмевка. Горчлива насмевка.
Траеше кратко потоа. Еднаш, два пати. Колку да ми кажеш дека не ме имаш заборавено. А ме имаш, откако замина оттука знаев дека е така. Уште тогаш. Последниот пат. Кога за прв пат ги слушнав зборовите кои издаваа болка. Дека нема повеќе никогаш да биде исто. Истата улица. Истите коцки камен тогаш обложени со среќа до заборавот. Сега срудени и влажни. Наеднаш се` пукна. Не беше истата, ни од далеку. Сите случувања од розевата улица ги обои со бојата на индиферентноста. Боја, која тек допрва ги заплискува моите чисти кондури.
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
На брзина го допи виното и стана.
„Се гледаме деновиве.“, рече гледајќи ја право во очи, како да се обидуваше во нив да пронајде нешто.
„Се гледаме.“, одговори таа, смело возвраќајки му го погледот. Одамна имаше научено да не дозволува очите да ја издадат.
Се разделија ладно и набрзина, со ветување дека ќе се видат наскоро. А знаеја дека нема. Обајцата знаеја дека од тој момент веќе ниту еден од нив не е дел од животот на другиот.
Излезе без да се сврти. Знаеше дека нема да го издржи нејзиниот ладен поглед.

***​
Ја затвори вратата зад него. Го изгасна светлото, седна на фотелјата до прозорот и запали цигара. Уживаше да го гледа градот од високо. Се се чинеше толку далечно и нестварно. Ја исцеди последната голтка вино од шишето директно во својата уста.
Се уште се трудеше да сфати што се случи. Не и беше јасно како луѓето толку брзо се менуваат. Се потсети на деновите кога беше луда по него. Кога излегуваше со другарките на местата кај што знаеше дека „случајно“ ќе го сретне. Кога бараше било каква причина да му се јави. Се сети на тоа колку пати ја повреди. Колку ноќи помина плачејќи, сама, скриена од сите. Се сети на се, но тие спомени сега изгледаа далечни и празни, како да не беа нејзини.
Единствено не можеше да сфати како баш сега, после се, се осмели да и каже нешто такво. После безброј прилики, после безброј невозвратени „те сакам“, нему му текна дека таа за него е се. „Епа сега е предоцна“, тивко прошепоти загледана во далечината. Го повлече последниот дим од цигарата и ја изгасна во пепелникот, веднаш до отпушокот од неговата цигара. Тој пепелник беше последното нешто што ги врзуваше двајцата.
Стана го отвори прозорецот и го фрли. „Сега веќе го нема“, рече и гласно се насмеа. Полека го затвори прозорот. Со бавен чекор се прошета до плакарот. Ги облече пижамите и се испружи на креветот. Таа ноќ, после многу време, не сонуваше ништо.

***​
Полека возеше низ темните улички. Не се брзаше да се врати дома. Обожаваше да се вози ноќе низ градот. Возењето обично му делуваше како средство за смирување. Му помагаше да го испразни мозокот од сите грижи. Не и овојпат.
Не можеше да ја извади од мислите. Се уште го прободуваше нејзиниот смрзнувачки поглед. Тие очи го имаа погледнато милион пати. Полни со љубов, тага, па и бес, но никогаш ладни. Знаеше дека никогаш нема да го заборави тој последен поглед.
Се уште се трудеше да сфати што се случи. Не му беше јасно како луѓето толку брзо се менуваат. Се потсети на деновите кога беше луда по него. Кога се појавуваше секаде каде што беше тој. Кога го опсипуваше со телефонски повици и пораки. Се сети на тоа колку пати ја повреди. Колку ноќи помина убедувајќи се себеси дека не е негова вина, дека тој едноставно не е човек за љубов. Се сети на се, и тие спомени го пронижаа како лута стрела. Во еден момент сфати дека колата стои во место. Несвесно се паркирал пред својата зграда.
Кога влезе во станот прво што му падна во очи беше книгата што таа му ја подари за роденден -„Среќен е тој што умее да сака“. Никогаш не сфати зошто баш книга. Добро знаеше дека не е љубител на читањето. Но, таква беше таа. Спонтана и непредвидлива. Никој не можеше да ја сфати. Махинално ја зеде книгата од масичето и ја помилува. Таа книга беше последното нешто што ги врзуваше. Ја остави до перницата. Сакаше да ја има до себе, иако знаеше дека никогаш нема да ја прочита. Среќен е тој што умее да сака... „Епа сега е предоцна“, прошепоти истовремено тажно и луто.
Да, беше лут. Најмногу си беше лут самиот на себе. Беше лут за сите оние пати што не ги забележа малите нешта кои таа ги правеше за него. Беше лут за секој момент кој можеше да го помине со неа, а го прокоцка на забави, пијанчење и други жени. Беше лут за тоа што ја земаше здраво за готово, затоа што мислеше дека таа засекогаш ќе биде тука.
И беше лут и нејзе. И беше лут зашто го направи слаб и ранлив. И беше лут за тој ладен поглед од пред неколку часа. И беше лут и за тоа што во нејзините очи не можеше да пронајде ни траг од таа љубов која толку пати му ја изјави, а тој секогаш ја игнорираше. И беше лут затоа што го лажеше.
Но, длабоко во себе знаеше дека нема зошто да и се лути.
На крајот на краиштата, двајцата лажеа.
Тој ја излажа дека не ја сака.
Таа него-дека го сака.
И што е најлошо, не знаеше кое од двете повеќе боли.
 
S

StormRage

Гостин
одсекогаш се сметав за човек кој е тапа писател, иако некои други ми велеа дека сум океј. еден муабет ме натера да го напишам ова, не најдов доволно голем текст од песна за сево да се опише.

Се будам од некаков сон... сон или од толку инсомнијачко лутање низ темницата ми се чини дека е сон? Тоа е кошмар, секој мој сон е кошмар, незнам веќе ни што е сон. Незнам ни дали сум сонувал или сум бил буден, веќе несоницата ме мачи долго време. Зошто секогаш ставаме сол на рани, зошто кога бегаш од нешто само се враќа. Не, извини душо, никогаш не сакав да избегам од тебе, ти избега од мене, прерано, ми одлета од моите раце некаде на подобро место. Барем така велат, далеку си пред мене, но наскоро ќе те стигнам, ги чув тие вести во кои единствената позитивна работа беше дека можеби ќе се видиме некаде. Незнам зошто толку време живеев во лаги, после тебе се ми беше лага и одеднаш се будиш во тој, реалниот свет и гледаш уште лаги или сепак тоа е вистината. Ти беше далеку над мене, општо далеку пред мене, можеби ако јас заминев тој ден досега ќе беше среќна некаде и немаше да повредиш толку многу луѓе кои јас ги повредив. Зад себе остави скршен човек, чија кожа во овие темни ноќи се кине за да излезе врисокот од внатре, нешто што ги треси сите прозори на зградите во ноќта, касно во ноќта. Кога пробувам да отворам тема за тебе, единственото нешто кое ме слушало сиве овие години е чашата, таа ме разбираше секогаш, се додека не сфатив дека и таа слуша, но не разбира, само ми помага да се искажам некому. Пробав да најдам нешто внатре, нешто што вреди, кога некој би се осмелил да го отвори моето тело, мојата душа, внатре би нашол само празнина и една слика, таа твојата... Што сум јас без тебе? Човек кој лута без некаква смисла во животот, човек кој ја врши работата на другите во ноќта, ги пази останатите луѓе кои спијат и бара, бара нешто, но што? Зарем некоја нова ти? Да да да, некоја нова ти, еднаш една таква ги кажа твоите последни зборови: - Заборави ме, откриј им на сите колку си прекрасна личност и сигурно ќе најдеш некоја. Не сум и го кажал ова, а знам дека ќе го прочита. Но знам дека бев таа „прекрасна“ личност многу одамна, сега само живеам за да го најдам тоа убавото во мене, а го нема. Изгледам така, што на сите им е чудно како можам да имам проблеми... зошто секое утро јас не го мијам лицето, туку ставам нова маска, која ретко кој успеал да ја скрши. Ќе те стигнам некогаш, ќе се видиме се надевам, иако научив дека надежта е илузија сепак во ова се надевам, само знај, ќе биде за брзо... А сега, сега одам да најдам нешто убаво, да продолжам во потрагата по убавото во мене, може го има само не сум барал доволно или ми треба некој да го најде тоа во мене... Остана само едно мало дрвце на тоа место до патот, често одам таму кога имам време и останувам по цела ноќ, веќе неможам да спијам од сите тие кошмари, па тоа ми е сон.
Еј, па новиот ден почнува за неколку саати, сите тие непреспани ноќи чекајќи го изгрејсонцето, се сеќаваш? И јас, но веќе не го можам тоа, ме плаши светлината, се кријам зад завесата да се дружам со целата таа темнина што се собира долго време. А ноќта, ноќта е глува и се што сум го кажал, секоја солза и секоја песна ја проголтала тишината... се гледаме, наскоро...
 
Член од
6 февруари 2009
Мислења
50
Поени од реакции
5
Никогаш не ја сакав
Разочаран од љубовта, љубов во мене повеќе немаше, ниту едно чувство не се раѓаше во мене кон ниедна....А не се ни обидував некого да засакам, не ни дозволував некоја повторно да навлезе во мојот живот единствено нешто што сакав беше забава. Случајно и таа ми се најде на патот, мирна, паметна, згодна едноставно прекрасна многу ја посакуваа но јас можев да ја имам. Зборови не ни беа потребни едноставно се разбиравме со поглед, со нејзините ангелски очи се ми кажуваше ...Знаеше дека не ја сакам , но се надеваше се надеваше дека еден ден ќе ја засакам. А јас ? Јас не се ни обидував , таа ми беше уште една марионетка во животот, уште една играчка која успејав да ја добијам , не ги ценев нејзините чувства...Се губеше во мојот поглед, чуствував дека го наоѓа спокојот во мојата прегратка, многу не бараше но јас освен трошки надеж друго ништо не и нудев. Наместо љубов и подарував болка, повторно ја донесов тагата во нејзиниот живот , ја повредував , ја лажев, ја изневерував. Трпеше се , се топеше пред мене а јас не трепнував ниту со очите, сето тоа го гледав...А таа беше толку прекрасна, тоа не го заслужуваше а јас свесно продолжував. Успеав и неа да ја повредам, но еден ден се сврте и замина , замина пред моите очи ја пуштив тивко да замине ...Да замине со едно крило, да замине со пола срце, не заслужувам сега никогаш да ме погледне , не заслужувам ни да ми каже збор....не заслужувам. Не се обидов ни да ја засакам а беше толку посебна...но сега барем ќе знае како да ги препозае лажливците како мене , барем сега ќе стане посилна личност, сега жалам што толку ја повредив , а таа ? Таа сега сигурно жали што воопшто ме запознала, сега сигурно жали и за изгубеното време, жали што дозволи таков бедник како мене да навлезе во нејзиниот живот кој беше прекрасен и совршен исто како и нејзиниот поглед и насмевка, едноставно прекрасен како неа...
 
P

propoise

Гостин
Зошто толку многу з ништо пријателе, зарем при очи не гледате дека очите ве лажат, а оние кои и веруваат на лагата и ја земаат здраво за готово горат додека оние кои ја одбиваат и не се свесни дека некој лаже во нивно име нема да изгорат, оти мали сте и недораснати а тој ве сака и штити да така не беше земјава наша веќе ќе беше крвава.

Кој ќе ја брани која будала ќе се прекрсти со пушка и трг на фронт???

Кажете кој ќе ве брани вас од она од кое нема одбрана, кој ќе ве спаси кога нема спас проклети?

Ѓаволот не е на овој фронт но си доаѓа по своето точно на време и да си го зема она што божествено му припаѓа, затоа не плашете се но пазете се бидејќи вашата илузија ќе трае се додека тој не реши да ви ја покаже вистината, а дотогаш уживајте затоа е животот нели???
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Некогаш постои ритам, музика, нота ... постои нешто што успева да не однесе на непознато место и да не заборави таму.

Некогаш постои ритам од кој не можеме да избегаме. Постојат зборови кои се производ на тој ритам, зборови за кои не ни знаеш дека ги имам изговорено додека ритамот создавал нови движења. Има еден ритам кој твоето присуство го прави како пливање во заматена река, а допирот од алгите во таа река предизвикуваат потреба од продолжување. Постои и ритам на кој не му е потребна месечината за плима и осека, се бранува од сопствените мисли.
Некогаш постои музика со која чувствувам дека ти стојам пред порти, со звук закачен на насмевката, чекам сам да заѕвониш, за да излезеш. Од истата музика се соблекуваат чевлите и се почнува со познатиот танц на прагот од копнеж ... Од истата музика се соблекуваат сомнежите и се почнува со танцот на спокојот ...
Некогаш постои нота, која во една ваква вечер е цела една приказна.


Посакував секогаш кога ќе си играв со зборовите, како дете со нова кофичка на плажа, да умеев само слогови од нив да ти прикажувам. Со слоговите да можеше да формираш сосема нов збор, за да ја чувствував низата на продолжувањето ... А јас толку многу се заигрував со нив, што останував како светулка на напуштени шини.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
44
Поени од реакции
37


И тогаш низ мојата населба се прошета коњ. Мислев дека е празник, но не беше ниту петок. Го славев господа како и сите, а коњот упорно гледаше во мене. Се сепнав... зарем... зарем знае за монахињата од Ресен? Тажна, млада и сочна. Ах, не требаше да ја оставам да пие, а уште помалку да снима. Но, морав... верувајте! - врискав во себеси.
Одеднаш се разбудив и погледнав низ прозорецот. Грозјето од врбите беше натежнало.
 

Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Трудејќи се да се расонам, да го започнам секој нов ден, се разбудував со горчина која страшно ме турка надолу. Толку страшно и безмилосно турка што и челик би продупчила, да толку страшно. Но родени сме и тука сме, некој ни дарил храброст и надеж, но што ли е тоа ? Дали е битно тоа кога борејќи се со таа горчина не успевам да ја искористам на друго таа храброст и таа надеж ? И милион тони од хартија да испишат, стотици тони плоча да изгравират на илјада јазици да раскажат, верувајте не би успеале да ја опишат болката која боцка како игла под нокт. Не би успеале ни малку да ја исплакнат горчината за која говорам, пишувам и раскажувам.
Толкум, верувајте.
Но после долга и мачна загубена битка, талкам со наведната и поразена глава некаде во непознато. Како и стално реализирам одново и одново. Каде грешам ? Што е тоа што правам ?
Како ?
Зошто ?
До кога ?
Викна некој, се завртив, и тогаш ја видов светлината. Ме пратела долго но сепак била немоќна да ме осветли. Дури сега пронајде начин да се доближи до мене. Ми вети дека ако одам по реален и пат кој јас го креирам ке биде со мене.
Така и постапив. Правилно!
Се до денес кога сум горд на тргите оставени како стапалки на снег, и понатаму кога би ми дале шанса да променам многу работи, верувајте не ми променил нити една единствена работа. Така требало, така било, така и ќе биде. Денес кога можам да застанам гордо и да речам јас сум создал се, сум го создал ова име, ова репутација, овој лик зошто ми се потребни промени ?
Оставен од оние кој ме доведоа на овој свет, го запознав светот. Мислам на оние кои требаше да ми го покажат правецот, оние кои требаше да ме доведат на асвалт. Да, токму тие немаа време, правеќи си кеиф и делејќи насмевки со непознати лица кога јас се трудев да излезам од земјениот пат. Кога јас се трудев да го пронајдам правецот, кога барав утеха во се, за да излезам на асвалтот. Но тоа е.
Денес веќе ја нема онаа горчина. Ја нема во целост, но остави трага, остави дамка. Чудно но сепак позитивно е тоа што ја сакам таа трага, таа дамка која ќе ме потсетува како јас мојот плод да го направам најдобар. Дамката која претвора од негатива во позитива, сега се спои со онаа светлина која ме извлече. Цврсто згазнав на асвалт, сега по никоја цена не би се вратил назад по земјен пат. Макар и да е 10000 милји подолг.

( Иначе ова е мојот прв текст кој сум го напишал . Реален и се однесува на мене )
 
Член од
21 март 2013
Мислења
379
Поени од реакции
1.080
Собава е темна, мрачна, меланхонична. Милион јадови ми се тркалаат низ мислите. Душава е празна и пресушена. Како бунар без вода. Жедна е за нешто...
Koпнежот по неоствареното е неподнослив. Неуморно ме турка во забранети води. Јас незнам да пливам во нив. Самиот збор забрането ми создава трепет, ми создава грч по телото.
Знаејќи дека ќе потонам, упорно давам уште еден чекор. Која ли е силата што ме влече толку силно? Каде ли е отпорот мој?
Минатото ме радува, сегашноста ме гуши...иднината ми поставува искушенија. Предизвици пред кои телото и умот се ослободуваат, се радуваат. Само пред нив се буди фантазијата, чувството на слобода и предаденост на својот дух.
Лицето константно ја губи бојата, очите го изгубија сјајот. А косава, веќе ни ветерот не ја милува . Кожава се ежи од секој допир. Го нема веќе чувството на спокој и мир во таа прегратка. Тука царува само страв од повторен пад. Страв да не полетам во занесот. Страв од повторна болка, повторно истата...
Неуморно патувам низ мислите, качена на најбрзиот воз. Само слики ми се редат пред очи, но ниедна не е јасна.
И како ли да се одлучи...чекор напред, или да се вратам назад...знаејќи дека пак истото ме чека.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Собава е темна, мрачна, меланхонична. Милион јадови ми се тркалаат низ мислите. Душава е празна и пресушена. Како бунар без вода. Жедна е за нешто...
Koпнежот по неоствареното е неподнослив. Неуморно ме турка во забранети води. Јас незнам да пливам во нив. Самиот збор забрането ми создава трепет, ми создава грч по телото.
Знаејќи дека ќе потонам, упорно давам уште еден чекор. Која ли е силата што ме влече толку силно? Каде ли е отпорот мој?
Минатото ме радува, сегашноста ме гуши...иднината ми поставува искушенија. Предизвици пред кои телото и умот се ослободуваат, се радуваат. Само пред нив се буди фантазијата, чувството на слобода и предаденост на својот дух.
Лицето константно ја губи бојата, очите го изгубија сјајот. А косава, веќе ни ветерот не ја милува . Кожава се ежи од секој допир. Го нема веќе чувството на спокој и мир во таа прегратка. Тука царува само страв од повторен пад. Страв да не полетам во занесот. Страв од повторна болка, повторно истата...
Неуморно патувам низ мислите, качена на најбрзиот воз. Само слики ми се редат пред очи, но ниедна не е јасна.
И како ли да се одлучи...чекор напред, или да се вратам назад...знаејќи дека пак истото ме чека.
Преубаво напишано браво најискрено секоја чест за текстов мал но слатко читање му удрив (y)

Очекувам уште текстови :D
--- надополнето: 28 мај 2013 во 00:11 ---
Нешто од мене иако малце е глупаво но набрзина а и во 5 сабајле го пишував :icon_mrgr:

Секој ден правиме некако избор. За некои избори сме сосема свесни, за други не. Овие наши избори влијаат и на останатите, не само на нас себе си, и не на секогаш добар начин. Поради тоа мораме секогаш да донесуваме што можеме повеќе добри избори во нашиот живот. Откако ќе се одлучиме за својот избор ни е мораме да го следиме својот пат, без разлика каде не води тој пат. Многу често со нашите избори знаеме да погрешиме и да кажеме: премногу ми е жал ... се надевам ќе ми биде опростено за моите грешки. Не сум совершен. Многу често знам во својот живот да изберам погрешен избор. Знаете никој од нас не е совршен. Многу пати знаеме да се запрашаме себе си: Што ако го изберев ова или пак што ќе се случеше ако го изберев тоа? Изборите се ваши, постојат многу избори остануваат на вам да ги изберете кои се надевам ќе ги донесете со права одлука и ќе го изберете вашиот вашиот животен пат. На крај единствено е да се обидете, со својот избор вашиот живот да го направите поубав за живеење, исто и вашата околина да ја направите многу поудобно за живеење. Моментот е сега, изборот е ваш !

Текст: Тантур
--- надополнето: 28 мај 2013 во 00:21 ---
Зборовите даваат одговори, но создаваат и нешто помоќно, прашања.
Да кажеш нешто е моќно, но помоќно е да не го кажеш ... постојат моменти кога зборот нема потреба да се искаже, збор кој знаеме дека другата личност може да ја повреди. Но тие зборови ја создаваат и тишината, тишина од која понекогаш и самите се плашиме...
Постојат и зборови кои добро се чуваат и чекаат да бидат откриени, кои ние самите не сакаме да ги откриеме кои чекаме некој друг да ги открие ... Но често сме и неми и не знаеме кои зборови да ги употребиме. Без зборови ... нема тишина. А без тишина ... нема зборови. Кога ние молчиме, ги чуваме зборовите за себе додека некој или нешто не не натера да прозбориме. Понекогаш отвараме уста и самите ние создаваме ураган од зборови, за кои молскавично повредуваме нечие срце, ураган од зборови со кои создаваме лоша слика, слика со која подоцна се каеме и се разочаруваме од самите себе си, но и другите ги разочаруваме од нашите искажани зборови ... Но постојат и зборови кои кога ќе дојдат можат да те разбудат ... зборови кои можат да ја заташкаат измамата. Многу често користиме и лоши зборови, зборови со кои сакаме да го сокриеме нашето минато ... збор кој во иднина ќе биде пречка за убавиот збор. Постојат нешта кои секогаш ќе ги паметиме а тоа се зборовите, понекогаш добри но многу често тоа се лошите зборови. Зборови кои засекогаш ќе останат во нас, зборови кои некогаш молскавично го пресекле нашето срце, нашата душа која ја поделиле на милион скршени парчиња ... парчиња кои наликуваат на мали ситни стаклеца од кои самите ќе се исечеме ...Зборовите се мисли што се претвораат во акција, зборовите се таму. Спремни да се употребат. Зборовите провоцираат, не движат, не прават незгодни. Зборови кои не носат во немирните води, води кои порано или подоцна самите ќе се удавиме ... Понекогаш се прашуваме самите себе си чии се тие зборови? Кој е нивниот сопственик? Еден, двајца, сите? Што вредат нашите зборовите ако никој не ги слушне на другата страна, страна која толку многу посакуваме да ги слушне нашите зборови во истиот миг. Некогаш рекле: една слика вреди илјада зборови. Но кога зборот вреди, може да постојат илјада слики. Зборот е најмоќното оружје на човекот, кое постојано и постојано го користи за добри и лоши намери за разлика од моменталната ситуација наша ... Зборот вреди, секогаш постои убав израз и позначаен од она ''Ти давам збор'' Ти давам збор. Тоа чин на преданост, љубов, доверба, не е само обичен израз, тоа е нешто многу моќно оружје, тоа е поставување во животот. Тоа е чин на верба. Зошто на крајот кога во животот ќе се најдеме во безвредна ситуација, зборот е нашата последна надеж, тоа е последното наше оружје кое може да не спаси.
Текст: Ѓеорги Живковић Тантур
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.641
Поени од реакции
13.091
Moments... engraved in our lives, so tiny yet so mighty that are capable of diminishing our pure existence.
Now - as it is a state of our incompetence of detecting and deflecting obstacles such as carelessness. We are incapable of remembering or even planing our moves. Hence, we are utterly blindfolded by the present itself, lately causing memories of grief and despair.
Yesterday may be the best time we started changing, but always we think of tomorrow. So puny are we, so predictable, not even a slight movement we make to adapt our actions with time passing. Always we rush or postpone, never enjoy, never observe the moments we live in.
And yet we manage somehow to survive.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom