Прозни искри

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Човечката глупост е како гравитација и без прашање ги повлекува сите.
Ако решиш да се бориш, ќе бидеш како вкусно парче месо пред наострено стадо од хиени.
Ставањето маска станува уште потешко, бегањето е веќе бајка на дизни...оние со белите принцови и коњи кои што не серат туку се само елегантни.

Го пцујам докторот што се сомневам дека при продување без никој да види ми ги тргнал розевите наочарчиња па сега морав да ве гледам сите вас гниди за вистинските дегенерци какви што сте...и уште јас сум виновен за тоа нели?
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
4.48 Психоза

Сите ние сме психотични. Е зошто де, психоза/
... Општа психоза во секој од нас пошо постои расчекор меѓу посакуваното и присутното. Психоза, пошо не е нешто просто причинско - последично, по рамна линија. Психоза, пошо не живееме добро... ! Шмркање мозоци, пливање во своите и општествените бљувотини, презир од оние кои треба да помогнат, преповторувачки прашања и ситуации без смисла, во круг. Психоза пошо човек е пеколно оставен сам на себе во пеколен свет. Начини да побегне - минливи!

Психоза, пошо секој од нас е виновен. Зошто се давиме редовно во заблуди, сакаме луѓе кои реално не постојат, очекуваме да сме совршени, а во тие очекувања и последователни разочарувања, успат го правиме најлошото сами станувајќи си најголеми непријатели. Сами свои маченици.

Психоза е пошо стравот го врти светот, а стравот убива. Стравот од крај. Страв од смртта, но и страв од животот. Од нелинеарност, од план Б, од несовршенство, од новиот лист. Страв од мене, од тебе, од светот. Страв пошо иако имаме добри мозоци и сите други еволутивни срања поради кои сме кралеви на џунглата, срцата ни се кревки. А повредата раѓа повреда. Светот не е толку бездушен колку што е повреден. Свет без душа. А душата е смислата, душата е љубовта. И можеме да трчаме по цели колку сакаме, но се` тоа е Сизифово кога смислата ја нема.

Прашањето на самоубиството има поврзаност или две со она на кокошката и јајцето. Природната бездушност на светот го прави самоубиството здраворазумно. Но, ако светот не е бездушен по природа, ондак да се потпреме на Диогенското. Психоза е пошо секој од нас е Диоген. Психоза е пошо се надеваме, психоза е пошо се брзаме а неретко брзодобиеното лесно се губи. Психоза е пошо сме добиле па сме изгубиле, самата последичност. А вистински губиш кога губиш нешто што го сакаш повеќе од себе.

Психоза е пошо сите сме лузери и си носиме по некоја пукнатина со себе, не се додека не се покаже дека самата игра е лузерска и дека никој жив не искача од неа, лузери победници ќе бидат оние лузери кои продолжуваат да се обидуваат.

Обиди да се приграбат неколку моменти среќа успат обидите да зачуваме добро ментално и физичко здравје. Психоза е пошо кога нема здравје, паѓаат во вода сите оние филозофски кованици за самоволното ковање на својата судбина. Испишани во школските заклучоци, во приказните во кои сме доени од мали, во секоја охрабрувачка книга и слични срања.

Што ако животот не е фер/ Тогаш работата е многу посложена од егзистенцијалистичката оставеност сами на себе штом паднеме на овој свет. Зошто можеме да негираме судбина, можеме да негираме Бог, можеме да ги негираме луѓето, но не и животот. Психоза, заради свесноста дека негирањето на животот е кукавичко откажување од играта.

Игра! Колку само наивно тоа звучи. Психоза, пошо сме тотална спротивност на децата кои сме биле. Зачудувачки! Психоза, пошо сме ја изгубиле насмевката. Психоза, пошо секој проблем нема решение. Психоза пошо се` може да се прави колективно, но се умира сам.
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
115
Поени од реакции
13
Илузија...


Што е илузија?

Само соништа на наивните. Искрена верба на верниците. Последна ронка надеж на вечните оптимисти.
Сите три сплотени во една човечка душа создаваат убиствена комбинација која резултира со - утопија.
Да, утопија. Еден совршен свет на перфектно склопени замисли. Свет полн со настани кои го забрзуваат ритамот на срцето. Свет во кој постојат насмевки...држења за раце кои симболизираат повеќе и од бакнеж...прегратки кои велат "убаво ми е со тебе"...зборови...ахх преубави зборови полни со привлечни приказни за блиска иднина и ветувања....работи кои се случуваат за првпат...желба да слушнеш искрено "те сакам" од личност која ти значи повеќе од се...

И сето тоа мислиш дека постоело, се до еден момент. Се до моментот кога дознаваш дека постои паралелен свет во кој постојат истите нешта, твоите нешта кои требало да бидат единствени, а сега изгледаат како бледа рефлексија на нечии други. Во тој свет постојат други бакнежи, други прегратки, други држења за раце, но исти зборови, исти приказни, исти ветувања....

Се што се случило, всушност никогаш вистински не било. Испаѓа дека сите избледени спомени кои чекаат да бидат засекогаш избришани од меморијата, постоеле само низ призмата на толкувањето на твојот ум. Работите кои се случувале навидум за првпат, биле само така кажани за да дадат друга димензија на една убедувачка цел. Моментите кои си ги делел со некого не значеле ништо...никогаш реално не постоеле...се било лага...се било заблуда...Дури и личноста која си мислел дека ја познаваш не била ништо друго освен проекција на сопствените желби и соништа. Реалноста завршува кај себичноста, дволичноста и безчувствителноста.
Тоа е илузија...Илузијата е дел од мене...Јас сум илузија...

Знаеш дека ризикуваш кога си играш со оган, но сепак се приближуваш се повеќе и повеќе . Зошто? Зашто сакаш да сонуваш, сакаш да веруваш и да се надеваш. Зашто сакаш да љубиш искрено како дете. Ама таа искреност не се враќа во ова општество со искреност. На неа и приоѓаат само лаги, манипулации и искористувања.

Пропаѓа потрагата по невиното и чистото.
Моменталната мачнина од рушење на еден свет со време исчезнува, но урнатините од него ќе останат да сведочат за сопствената глупост, наивност и идиотштина.
Само кога ќе се сетам....направени убави работи за некој така безвреден...потрошено време во залудни надежи....
Искуството учи, да. И учи само на едно-треба да си кучка!
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Џони запали цигара. Знам дека е нервозен. Ги крши прстите почесто од вообичаено. Џони е лудак, заради кој соседите затвораат ролетни, а децата бегаат од патот. За воља на вистината, јас го обожавам. Неговиот светоглед е апсолутно уникатен, дури би рекла ужасен. Џони верува во чиста суровост. Како огромен почитувач на ликот и делото на Џони Штулич си го зеде тој прекар сам за себе и им забрани на сите да го користат неговото вистинско име. Наводно Трпе било многу обично име и не му прилегало, па затоа тој ја зеде правдата во свои раце и ја корегираше техникалијата. Го гледам вечерва, не нарачува ништо. Само вода. Ова мора да е сериозно.

- Добро бе мајке му, до кога ќе ги трпам ова шупциве? - ми вика дури замавнува во воздухот со рацете како кога италијански фудбалер се жали на судија.
- Кои шупци бе Џони, биди попрецизен?
- Сите бе, сите до еден. Уствари, ти не. Ова другиве.
- Ај не ми прави услуга - му викам - втерај ме во ќош со другиве, слободно.
- Ма не бе, не се зезам. Сите ми идат на нерви, освен ти. Еве денес, она комшијана мој решил да чисти теписи во седум, период во кој секогаш сум во рем фаза и најчесто ја сонувам Анџелина Џоли или Александар Македонски, и сега ради тоа што него жена му го тера да прави генералка јас да страдам. Нема шанси!
- Добро и? Што му направи на папучарот?
- Го пријавив во полиција. Им кажав фино лепо, комшијата како прво ми го срами полот, а после тоа ми го нарушува сонот, видете таму кој закон го крши и конфискувајте му ја тепалкана.
- И?
- И ми спуштија, мамата. Ама имам јас план Б, ич да не се секираат. Веќе напишав едно писмо до Гордана, па она нека се справува со своите неспособни кадри.
- Батали кадрите, што бидна со твојата рем фаза и комшијата?
- Го средив тоа. Веднаш после полицискиот повик се јавив на жена му и и кажав дека секоја недела во 2 часот попладне додека она е кај мајка и во Побожје, папучарот ја вика комшиката кај него на кафе. Ќе ги откријам само нејзините иницијали, за да не излезе работата од контрола. Сомнителната комшика е со иницијали И.И. После разговорот, комшијата беше веднаш повикан на распит во дневна, а јас се фрлив на рем фаза. Експедитивен човек сум јас.
- Знам Џони, знам.
- Знаеш како не знаеш. Туку ај јас да бегам треба да идам на протест. Лебот пак го поскапиле 2 денари, а и цигариве гледам пак ќе ми ги покачат.
- За што ќе идеш на протест, за лебот или за цигарите?
- За двете бе. Ќе протестирам пред маркети, прво идам пред Веро, па после пред Тинекс.
- Ај со среќа ко така.
- Мене среќа не ми треба знаеш ти тоа. Имам јас партиска книшка. ( ми намига)
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.274
Поени од реакции
4.617
Бесмислен живот што го сакаш?
Каде си,знаеш?
Љубов на сребрен послужавник посакуваш?
Три пати,сто пати безброј пати побогато...од моето
Убава насмевка од винил,воспитување домашно
на памет научено,секогаш пристојно...животно
И кога сакаш сериш,и кога љубиш плукаш
размислуваш да не бидеш ист,ебеш да бидеш поинаков
или да те ебат...оти така треба
Техники,колорити и убаво наредени зборови
прслучиња со жици за цицки кренати
Диспропорционално сразмерни нејаснотии
за нејасни,за туѓи,за изедени...
И шо сега,треба да ти се поклонам?
Ке ми дадеш чаша вино оти ти мирисам на комина
или само својата помија како што носи редот
за утрински кучиња...засушена
Не оти нешто сакам да знам
само зборови празни или полни...празни или полни
Секогаш сам,секојпат три пати
сто пати помалку од своето ретро
Ти замисли,да те нема тука во праските со цут и снег
бескрај од ништо а ти се јади,ти се јади ти се плачи
Стомакот е торба полна со очекувања
таму има малку ебење
Повеќе...би рекол врзоп од страст и пекол
ако има некој,ако има некој...
Ќе заврши,ќе дојде некоја друга
исто така како овошка,исто така као супа од кокошка
Утре е нов ден,треба да го платиш
утре е нов ден,треба да го наплатиш
Вчера е траума за твоето
вчера е убаво за минатото,вчера Ти денес Јас
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Деца на темнината
Градските гробишта беа особено тивки таа вечер. Сите тројца уживаа во бездејствието кое еманираше од околината. Градот кој се гледаше во далечината беше небаре мртов. Го немаше џагорот од дискотеките, брмчењето на автомобилите, гласните пискоти на пијаните шмизли и сељаци кои се враќаа од биртиите. Тоа беше една совршена ноќ.​
Void, Rust и Loss седнаа над гробот на некој одамна починат. Ги избегнуваа свежите гробови затоа што беа многу нерамни и немаше простор каде да ги остават пивото и грицките. Направија импровизиран круг и ги оставија намирниците и тетратките во средината.​
Void, Rust и Loss беа нивните вистински идентитети. На ова место имињата кои им беа дадени без нивна согласност, заедно со животот кој им беше даден без нивно барање, немаа влијание. Овде, овие две момчиња и девојката беа ослободени од бремето кое го носеше со себе интеграцијата во општеството. Овде беа слободни.​
Void ја отвори тетратката.​
-Напишав нешто денес. Кратко е и хаосно, но сметам дека секоја рефлексија на душата е необременета од разумот, промислата или прифаќањето на кодексите и нормативите на тоа што треба да има вредност. Вредноста доаѓа од искреноста на напишаното, па така, мојата болка, мојот помор и мојата темнина поради искреноста ја имаат таа еквиваленција со секое друго дело кое поминало низ процес на евалуација од трета рака. Го оставив мојот краток изблик онаков каков што е првично напишан и како таков го споделувам со вас...​
The abyssal wound of my soul pales the knife,​
that i willingly guide through my veins,​
the pain is an anticlimax of expectation,​
feeds into the bodily in a bleak and hollow manner,​
as any flesh wound would,​
so i stop and reflect of what pain truly could accomplish,​
the search for material resemblance of the pain i feel inside,​
and i conclude: not through a knife...or needle or scissor,​
for I am the Ambassador of the Void, the epiphany of Pain,​
i am its Matter.​
Loss, додека Void читаше, со прстот црташе пентаграм на земјата. Кога тој заврши, таа не го крена погледот.​
-Сум размислувала за тоа какво задоволство носи таквата болка. Сум седела сама во собата со часови и сум гледала во жилетот. Флертував со идејата да се повредам. Во занданите на мојот ум преку болката ми се трасираше пат до некоја катарза, амброзија која е скриена само за храбрите, само за оние кои не се заробени во телесното. За оние кои бараат излез од предетерминантите.​
Моето тело, сепак, е само средство. Дали го уништувам или не е ирелевантно. Мојата кулминација лежи во моето доживување на она што го гледам и на она што го чувствувам. Ако јас цел мој живот чувствувам болка, таа болка е моја. А јас сум себична и нема да ја проституирам за секој да ја види. Нема да се сечам за нивно задоволство. Тие гниди нема да бараат утеха во мојот "лош пример" и со мене да си ги оправдуваат нивните потрошени животи.​
-Добра поента.-- продолжи Rust -- не смееме да им помагаме. Со физичкото уништување на нашето овоземско манифестирање завршува и нашата потрага. Да, можеме да флертуваме со поимот, но никогаш не смееме да ја изедначуваме физичката сензација на болката со онаа која ја носиме во душата. Но, доколку некогаш се одлучиме на тоа заедно да експериментираме со физичката болка, мораме да го земеме во обѕир фактот дека душевната болка е...хмм...дедуктивна. Тоа е чувство на венење, на бавно паѓање, евтаназија, премрзнување. Обратно-пропорционално на кулминацијата, на експлозијата од болка која е проследена во голем процент од последните моменти на живот при физичката смрт. Ако ние тројца се решиме на таков чекор и ако го правиме заедно, тогаш мораме да одбереме начин кој патот до смртта ќе го испише со...дедукција на болката. Од страшна и неиздржлива, до мирна и пријатна. Да биде тоа патешествие кое ќе не' рефлектира сите тројца, еден одраз на оваа матрица која се создаде низ времето и која се матријализира веќе толку долго.​


Тројцата придонесуваа за комплетирање на сликата се до полноќ. Го испија пивото, ги изедоа грицките, го собраа ѓубрето во ќесето и тргнаа да си одат. Loss тргна пред нив со забрзан чекор, за да го фрли ѓубрето во контејнерот. Void остана последен, за да провери да не си заборавил некој нешто на гробот. Тргна по нив двајцата и на патот кон излезот, длабоко замислен, се спрепна од камен, изгуби контрола, му летна ногата во водух и тресна силно на земја.
-Аааааааааа! Ракатааааааа!
Rust, кој одеше пред него, веднаш се стрча кон излезот.
-Марооооо! Иди ваму, Коле си ја скрши ракатаааааа!
Loss го слушна крикот и пискотот и веднаш се стрча.
-Шо стана бе?
-Ракатааа раката раката! Ааааа, болииииии.--извика Void.
-Си ја скрши ли?--во паника го праша Loss.
-Не знаааааам! Ме болииии!-- Плачешкум возврати Void.
-Каде те боли?--се обиде да дознае Rust.
-Me болиииии....ме боли аааааааааа!
-Знам дека те боли. Може ништо не е. Може малку си го натратил местото.
-Aаааааааа! Уааааааааааа!--почна хистерично низ солзи да извикува Void.
-И сега шо правиме? Да те носиме дома?
-Неееееее! Ѕвони на маааамаааа! Да дојдеееее!
-Како бе да и ѕвониме на мајка ти?--се замеша Loss--ако види каде сме биле, ќе не' каже и мене и Панче на нашите и не ни бега ќотекот. И тебе ќе те испотепаат дома. Мисли малку.
-Нееееее! Мамааааааааа! Ѕвони и на мама ме болииии!
-Де бе Коле, имаш дваесет и две години ебате, стисни заби малку, да се тргнеме од местово па ќе и' ѕвониме.
-Ѕвони ииииииииии!

Rust ја повлече Loss малку подалеку од Void, кој се препелкаше и клоцаше во воздухот, вриштејќи на цел глас.

-Маро, ако и' се јавиме на мајка му, ја наебавме.
-Знам. Ќе не' каже дека сме иделе тука. Тато ќе ме убие.
-Остај тоа. И џепарацот отиде и колата нема да ти ја дава. Мене нема да ми дозволат од дома да излезам. И базенот ќе ми го забранат.
-Па нејќе да мрдне овој!
-Може стварно скршил нешто. Ако не се јавиме, има шанси да умре од...кој го знае, внатрешно крварење. После ќе не' дознаат дека сме го оставиле... и губиме и кола и џепарац, ем и досие ќе ни отворат.
-Ау неее!
-Епа не можеме да го влечеме бе Маро. Стока, сто кила има. Плус глеј го како прета. Како свиња. Може ќе не' удри.
-И? Сега?
-Ништо. Ќе и' се јавиме. Мајка му ја бара, нека дојде, нека си го земе. Дај ми го телефонот.

Loss, со солзи во очите го гледаше Rust додека овој го бараше бројот на мајката на Void. Знаеше што се' таа ќе загуби кога мајка му на Void ќе се огласи на повикот. Но беше немоќна. Rust го пронајде бројот, го повика и ја стави слушалката на увото.

-Добра вечер, госпоѓо Лена. Овде Панче....
 

outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
.
Во присуство на неколку пролетни зраци навлезени во темна соба, стариот човек тивко го подигна шишето со ефтин алкохол, а потоа френетично го тресна на подот. Не милуваше кога контекстот на мислите ќе го напушти така ненадејно, без довидување и благодарам за сите риби, или сите букви, сеедно. Сурово и несфатливо. Тој сепак немаше никој на кого ќе му го испрати гневот. Освен шишето. Шишето со ефтин алкохол.

.
.
 
С

Сатори

Гостин
Архитектурата на емоционалната палета секогаш ми беше омилениот алат. Совршена во неговите усни, механички конструирана за да привлекува внимание. Како приказна за добар ден, некој вид на боженствен дизајн. Минимализам и поштенски марки, моите уредно наредени во албум, затоа што колекционерот никогаш не може да згасне. Бидејќи знаеме и јас и он, дека старите навики тешко умираат, новите се трупаат над пластите пудрa и карактерни осoбини замислени и продуцирани во добар филм, серија. Затоа што јас сакам продолжетоци, а тој кратки приказни.

Секогаш кога манипулацијата со речениците завршува на мојата перница знам, дека тој создава уметничко дело, мојата цигара после добра забава. Тонот и бојата се различни, накитени со епитети и преголема доза на перфекција, толку проѕирни што можам да го почувствувам прекорот на мојата кожа дека се пластични. Како ноктите, трепките и насмевките. Овални се моите очекувања и верувања, допираат длабоко во утробата и секое искуство се везе толку романтично во мојата свест што не можам повеќе да ги одделам утрата од неговиот мирис и појава. Се прашувам дали ме лаже мене историјата или него искуството од претходната генерација. На слики и текстови, чија вредност ја мериме со очите на туѓинци, вештаци и експерти во различна гранка на креација.

На мојата завеса, поставена за да не можат другите да ми веруваат, за да можат оние кои што добро ме познаваат солидно да ме заштитат, наоѓам поезија во утринското кафе и верувам во моќта на амајлиите, навиките и симболите. А во неговите неколку емоции, кои што ги засрамуваат сите мои описи, мислите немаат проток и квантумот и квалитетот на изведените докази станува, небитен.

Можеби затоа и не знам, колку тежи основаното сомневање во неговите раце, дали алтернативите и факултативите се само знак на тоа колку страни има што не ги познавам, а јас носам неколку прстени на мене, затоа што сакам да флертувам со сите ветувања кои што не можам, ама копнеам да ги остварам, за него. Во последните мигови, димови он знае дека јас сум победила, дека не можам никогаш да го оставам или заборавам и сите заслуги се мои иако он бил тој што ги извојувал.
Во суштината, длабоко и на површината, ние сме една сосема обична љубовна приказна. Со неколку почетоци и веројатно неколку краеви, секој повозбудлив од претходниот, затоа што секој само повеќе не поврзува.

It's you, it's you, it's all for you.
Everything I do.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.507
Поени од реакции
1.722
Ладен канцелариски мебел. Купишта документи кои чекаат потпис и купишта мејлови на кои треба да се прати повратен одговор а само една ноќ да се заврши сето тоа.
Животот ми постана едно турбулентно движење во кое полека губам се што еден ден може да ми измами насмевка и расположение на лицето.
Далечни се и зборовите на едно добро сеќавање дека никогаш ништо нема да се смени и дека без разлика на сè, ние ќе останеме заедно.
Сето тоа сега е заменето со непотребни документи на кои едноставно мора да фигурира нечиј потпис и по некоја случајност тоа е токму мојот.
Сликата во рамката која ја чувам на бирото не е од кучето кое најмногу си го сакав. Не е ниту од родителите кои и ден - денес стојат покрај мене. Не е ниту од братот кој секогаш беше на моја страна и покрај грешките кои ги правев.
Не беше ниту од љубената која секоја вечер легнува со мислата дека премногу се грижам за работата и не и посветувам доволно внимание, а сепак е со мене и неизмерно ми ја враќа љубовта.
И токму таа вечер, во најголемиот метеж кој до сега сум го имал, на сликата го гледам моето насмеано лице до никој друг туку до најдобриот пријател. На сликата сме насмеани од уво до уво и имаме само по десетина години. Е, токму таа слика го заслужи приматот пред сите други.
Во тој момент ми текна на една песна која неодамна ја слушнав. Текстот одеше вака:
Then the busy years went rushing by us
We lost our starry notions on the way
Се чувстував изгубено додека низ глава ми се моташе остатокот од песната кој навистина ми ги спобрка мислите:
Those were the days my friend
We thought they'd never end
We'd sing and dance forever and a day
We'd live the life we choose
We'd fight and never lose
For we were young and sure to have our way.
Иако беше 3 часот по полноќ, го кренав телефонот и го завртев одамна заборавениот број. Одговори телефонската секретарка. Оставив порака. Бидејќи стиховите навистина ги разбудија спомените не можев да кажам ништо друго освен: Јави ми се.
Сега сум посреќен човек.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
8001: A Space Morbidity​
-Господине Магистрат, не сакам да ви одземам од времето, имам целосно разбирање за вашата презафатеност околу војната во Горбачов Гама 4, но сметам дека мораме да најдеме солуција за проблемот.​
-Вие сериозно мислите дека исфрлање на ковчег-капсули е проблем?​
-Јас не мислам ништо. Мојата организација работи исклучиво со факти, за тоа говори и нашето реноме. Во овие пет илјади години во кои го колонизиравме за нас познатиот универзум и изградивме инфраструктура со трасирани безбедни зони за патување, популацијата достигна бројка која статистиката не може да ја следи. Онаа статистика која донекаде успеавме да ја прифатиме консензуално е таа дека секој поединец минува половина од својот живот по бродовите. Оттаму, смртта која настапува во вселената е скоро еднаква со таа во нашите колонии.​
-Да, да, да. И луѓето ги испукуваат мртовците во ковчег-капсули директно во вселената.​
-Така. Стотици милијарди ковчег-капсули во еден 24 часовен циклус. Исто толку наредниот циклус. Во една земска година, имаме цело астероидно поле од летечки мртовци, Магистрате.​
-Во ред. Сакате да ми кажете дека имате естетски проблем со тоа што на луѓето им прејде во навика своите најблиски да ги испратат на вечно почивалиште во вселената?​
-Камо да беше естетски. Не. Овој проблем станува суштински. Ова е веќе прашање на граѓанска безбедност. Вие не сте запознаени, ниту заинтересирани за индивидуални случаи, но имаме информации за несреќи во кои дошло до судир помеѓу помала транзит-капсула, од фамилијарните модели, со ковчег-капсула.​
-Поновите модели на фамилијарните капсули можат да издржат таков удар.​
-Некои не можат да си ги дозволат, Магистрате. Ги добиваат како подарок од Конфедерацијата. Обично тие подароци се постари модели и под голема опасност и од најмала колизија, да бидат уништени. Ние сме овде да се погрижиме семејствата кои би настрадале од ковчег-капсула да бидат обештетени.​
-Молам?​
-Размисливме долго за тоа дали ќе побараме од Конфедерацијата да го забрани целосно исфрлањето на мртовците во вселената. Дојдовме до заклучок дека за да тоа се постигне, треба да се променат навиките на луѓето, а за да се променат навиките, пак, треба широка кампања и многу средства. Знаете, во античко време, луѓето своеволно ги палеле или, како што во тоа време се нарекувало, "кремирале" починатите.​
-Таквото богохулие е забрането.​
-Но би било и многу економично. Се' до ширењето на Интегритетијанството, кремирањето не се сметало за богохулие. Но, тоа е тоа.​
-Што предлагате?​
-Драконски казни. Секој брод кој ќе исфрли ковчег-капсула, мора во црна кутија во самата ковчег-капсула да го носи името и серискиот број на бродот, името и идентификацискиот код на капетанот и армадата под чија закрила плови. Доколку се работи за помал модел, во црната кутија потребно е да има...​
-Зошто?​
-За да се најде виновникот кој ја исфрлил ковчег-капсулата, во случај таа да биде учесник во некоја наредна несреќа.​
-Не ве разбирам.​
-Знаете, господине Магистрат, во античко време исфрлањето на мртовци во вселената се сметало за некој нов романтизам. Античките луѓе на неколку наврати и го практикувале тоа на Земјата. Познати луѓе, богати луѓе, астронаути... биле испукани во вселената после нивната смрт. Денес стигнавме до таа точка во која таквиот чин е хазарден, носи потенцијална опасност по нечиј живот и доколку има жртви, крајно време е да стане и кривично дело за кое мора да постои виновник.​
-Вие сакате виновни за таков чин да бидат....кои?​
-Размислувавме долго за ова. Дали треба вината да ја бараме кај луѓето кои изразиле барање мртвите да ги испукаат во вселената, или пак кај капетаните на бродовите кои тоа барање го одобриле. Втората опција, според нашите пресметки, ќе даде подобар резултат во долгорочна смисла. Одговорните ќе размислуваат каде испукуваат ковчег-капсули, ќе се потрудат тоа да го прават близу гравитационо поле на планета која не е тераформирана...или пак ѕвезда, затоа што чинот и кариерата ќе им зависат од крајната дестинација на мртовецот. Досега немаа таков проблем и стотици преку стотици милијарди мртовци беа исфрлени во густо населени области, луѓе настрадаа и никој не сносеше одговорност.​
-Во ред. Вашето барање ќе биде разгледано од Магистраториумот.​
-Еве ја документацијата. Имате овде материјал тежок седумнаесет лумптабајти....и, уште нешто сакам да ве прашам, ако смеам.​
-Слободно.​
-Знаете ли што е тоа зомби?​
-Познат ми е зборот.​
-Овој се изгуби кога настапи линвофузијата. Зомби, во античката митологија, е опишан како жив мртовец. Суштество кое еднаш било човек, тој човек починал и потоа се вратил меѓу живите, со цел да ги убие и да ги преобрати во Зомби.​
-Хммм​
-Ако денешната цивилизација минува половина од својот живот во вселената, а таа станува претесна и за нив, живите луѓе, ова што се случува со ковчег-капсулите, за неколку генерациски циклуси ќе се претвори во вистинска Апокалипса.​
Зомби-Апокалипса.​
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
935
Губење на невиноста


Не, ова не е приказна за невешто изведен сексуален чин. Иако има извесна поврзаност со мембраната, која треба да е чувар на редот и мирот во етичкиот кодекс... Ама, поврзаноста е повеќе во врска со вината, секогаш во вината дали е направен правилниот избор на човек, време, место, начин...

Ei incumbit probatio qui dicit, non qui negat - глорифицираната де јуре презумпција на невиност и не помага многу. Сите влечат одредена вина кон самите себеси, кон своите родители, бивши и сегашни партнери, пријатели и рандом лица, кои ги сретнале понекогаш и еден единствен пат... И не мора да се говори за истата, се чита во умртвеноста на погледот, во музиката која ја слушаат и книгите кои ги бираат, во благата свиеност на ‘рбетот под нејзиниот терет.

Вината е виновна за сите воени, економски, глобални, транзициони, економски и сите останати кризи, бидејќи нејзиниот извор е во кризата на идентитетот, обидот да се биде човек во некој компаратив или суперлатив, наспроти потфрлањето пред себеси и пострашното - кон оние кои навистина ти значат, многу повеќе отколку што било кога си им дал вербално до знаење.

Губењето на невиноста е поврзано со сознанието дека трите прасиња ги испекле на ражен, Пепелашка останала стара мома и тоа без омилените штикли, а грдото патче извршило суицид кога станало прекрасен лебед, Пинокио настрадал од некој локален пироман...

Луѓето трагаат континуирано по вистинската концентрација на Вениш или Доместос, која ќе ги отсрани флеките од нивната вина, бараат евтини супститути за да ја пополнат празнината во себе и се обидуваат, неретко и присилуваат да се воодушеват од нискобуџетни драматизации...

И чудо е колку е секој мал и беден и немоќен, кога ќе се соочи со својата вина. Непокорните и силни се уништуваат самите себе, непокорните и слаби - уништуваат други, останатите покорните - се уништени од моментот кога го распарале етерот со својот прв плач.

Додека калкулираме дали најдобра стратегија за офанзива е рамнодушноста или циничниот подбив, смртно сме преплашени од новиот напад на животот, кој е најголемиот силувач, напаѓа без разлика на тоа дали имаш мигрена и мачнина, дали си депилирана или благо алкохолизирана, не е баш пребирлив тип (да, иронијата е што е од машки пол, но впрочем дали и во обратнополова ситуација не е подеднакво настрано), те зграпчува бесрамно шепотејќи ти - are we having fun yet?! Вината секогаш пенетрира до болка, горда на својата хиерархиски надредено организациона улога и потсмешлива кон своите избраници - поданици.

Човекот ослободен од вина, би господарел со животот или барем со она парче од светот, под неговите стапала. Ама, кој јунак да се јави и спротивстави на своите внатрешни толку гласни, а неми пискотници за ослободување?!
 
А

Антоние

Гостин
Таа играше на подиумот во бaвни заводливи движења. Нејзините разголени ноџиња цела вечер носеа жед во моите очи. Сигурно ќе играше цела вечер да не ја замараа нејзините другари сакајќи да ја одвлечат дома. Конечно, кога ја убедија да си оди и почна да си ги бара работите, ја фатив за рака и се доближив до нејзиното увце.

-"Каде планирате да бегате?"

-"Сите по дома најверојатно."

Се тргна од мене и продолжи да си ги бара работите. Мислејќи се, по неколку секунди повторно и ја фатив раката и уште еднаш се доближив до нејзиното увце.

-"Сакаш да се вратам дома со тебе?"

Таа ја сврте главата и ме гледаше напнато неколку секунди. Продолжив да зборувам.

-"Кога ќе ги откачиш овие досадни луѓе, отиди си дома и јави ми се. Ќе наминам во ноќта да те посетам"

Мојот шепотлив глас пенетрираше во нејзиното малечко увце, пореметувајќи и го сенсот за рамнотежа.

-"Гледав во твоето похотно округлесто газе цела вечер. Ме потсети на тоа колку многу сакам да те разнесам од ебење. Планирам да те приклештам за креветот...... и да те ебам во ритамот на твојот сопствен врисок.
Го имам слушнато твојот врисок....
Тоа е нешто што неверојатно ме попалува....
Нешто што го буди животинското во мене....
и ме прави многу агресивен."

Почнав нежно да и ја галам косата, шепотејќи и дека попосле ќе и ја истегнам толку силно, што целиот р'бет ќе и се вжешти и очите огнени.
Потоа почнав нежно да и го милувам вратот, шепотејќи и дека ќе ја гризам и ќе ја гребам толку силно, што нејзините врисоци и воздишки ќе предизвикаат целото тело да и се тресе од агонија. Од добрата агонија.
Одеднаш ноџињата забавено почнаа да и се мрдаат лево десно, нејзиниот врат беше малку потопол од претходно.
Продолжив...

-"Твоето мало газе го има најслаткото и најсимпатичното дупче, и јас сакам да го злоставам......
Ми дава задоволство фактот дека ќе уништам нешто толку невино и слатко.....
Сакам да влезам во тебе на начин на кој никој никогаш до сега не влегол.....
И кога ќе влезам, секој сензорен нерв во твоето тело ќе вришти.......
Врелиот воздух што ќе го испуштиш ќе доаѓа директно од твоето вжештено и убрзано срце.

И најлошиот дел од ова е што, веројатно ќе ги искусиш најзадоволувачките моменти што некогаш си ги искусила."

Усните и станаа жар црвени. Гледаше во мене со подзаспан но сепак силно присутен поглед.
Уште еднаш го повторив моето прашање. Таа размислуваше неколку секунди, а потоа со нејзините тенки и долги прсти ме стисна силно за врат, и го доближи нејзиното црвено усте до моето уво за да ми го каже одговорот...
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Тој ги сучеше мустаќите и си играше со крстот на градите, а едната веѓа му беше шеретски крената. Го викаа Антон Марконие, или акронимски Еј-Ем. Сакаше да проектира имиџ на искусен познавач на литература и жени. Обожаваше да се понаша и сакаше сериозно да го сфаќаат. Живееше во Квинс и не беше до крај сигурен дали потеклото му е од Буково или од Букојчани. Ама беше сигурен дека е нешто поврзано со она благородно дрво кое расте насекаде во Македонија. Дедо му му всади љубов кон делата на еден голем македонски писател со потекло од тие краишта -- Санде Букоски (во литературните кругови попознат како Чарлс Буковски). Еј-Ем знаеше цели пасуси од неговите дела наизуст. И мечтаеше кога еден ден и него ќе го сметаат за сериозен писател. И ебател.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
...Знаеш ли дека ми ја украдота тетратката? Уствари не ми ја украдоа. Ја заборавив во трамавајот. Со неа и ракавиците од Ена. Баш ми е мака. Ена, бившата на Арес.
И викав: „ТИ цуро многу сакаш. Ем да е паметен, ем да е богат, ем да е фраер, ем да те сака. А знаеш дека фрајер воли само себе. И воли другу само једном у животу, а онда још није фрајер!“
Хахах ! Со неа најмногу ми оди кур ташак муабетот. Леле, ама вулгарно звучи. Да беше овде Арон веднаш ќе ме исправеше и ќе почнеше да тупи за тоа дека „к *р т*ашак значи се и не значи ништо“. Со него се сакавме француски. Секогаш бевме на вие. Знаеш ли дека во него се вљубив по грешка?
Во тоа време тој се дружеше со сликарот Н. кој беше симпатија на сите жени, мајки, девојки, вдовици, кои сонуваа да имат барем негова скица ако не слика. Бев чула многу прикаски, ама не знаев како изгледа Н.пред кој секоја жена сакаше да рашири нозе, но метр уот.
И еднаш седиме, влегуваат двајца, и Жана ми вика: „Еве ма, тој е М. И мене од нив двајцата, Арон ми се виде како М.
„Е што толку убав го правите? -велам јас. Сите збеснале по него, мислиш потоп се спрема.“
А ми се допадна, иако не признав. Арон, не М.
Го сретнав на една изложба и му пријдов. Веднаш укапирав дека тој и М. не се иста личност. Беше невин како дете.

Не можев да не се вљубам. Личеше на Сергеј Есенин. И почна да преде за Чомски, Хајдегер, Пикасо, а јас од радост ќе се помочав во гаќи. Мижуркаше со кусогледите очи и скришум ми го даваше чоколатцето што го даваа со кафето.Имав цела колекција на златца од неговите чоколатца. Ми има подарено и 5 пластични лажичиња од капучино. Од нив имав направено букет.
Арон ми пееше руски песни. Беше тотален антиталент за музика, а јас иако немав појма кои се песните, пеев со него. Не знаеше ни да се бакнува. Секогаш имав чувство дека ќе ми ја промаши устата. Не знаеше ни да ме допира, некако нашата интимнст беше гротескна, целата аглеста и остра, ама тоа не ми пречеше лудо да го сакам. Сонував за денот кога ќе ме пречека на железничката станица во Варшава. Ќе бев облечена во карирано здолниште и бела ролка, ќе беше ладно, и ќе тој ќе ми ги грееше рацете, а после ќе ми згрееше вода да си ги стоплам нозете. Пусти мечти.

Арон ме остави на најподол начин. Заради бившата. Го сретнав со неа, му ја вратив книгата, се напив лексилиум и отидов на плач-партија кај Џули. Таа понуди раме за плачење и домашна ракија за бришење прозорци. Бргу не фати и го пуштивме радиото што не фаќаше ниедна станица, па пеевме на суво и игравме клекни-стани.

Го сретнав после многу години. Беше тоа космичка средба. Од сите кафеани во Скопје, само мене може да ми се случи да седнам со случајни луѓе, кои треба да го сретнат Арон. Не ми се веруваше кога седнав во колата, додека пијаниот сликар се обидуваше да ми го помилува зглобот на ногата, а јас не можев да дојдам на себе заради среќната околност. Арон како по обичај, прво ми ги забележа цицките, па потоа мене. Не беше изменет. Мислам дека Арон никогаш не бил бебе. Тој е роден стар. Си паднавме во прегратка во сред кафеана. Ми ја бакнуваше косата.
-Секоја Татјана си има свој Онегин, шери...
Не се прашавме ништо. Само се држевме за раце. После бевме доволно пијани за да се разделиме со бакнеж во образ. Му ветив дека ќе му пишам. Не му пишав никогаш. Ни тој мене.
Секоја Татјана си има свој Онегин, шери -милуваше да каже...
-Да, шери, секоја...
А Арон не беше мојот Онегин... И јас не бев неговата Татјана...
 
С

Сатори

Гостин
Во кањонот на дественоста и промискуитетноста се прпелкаат мислите оформени од традиција, проста граѓанска цесија и софистицираната либерална мисла на оние понапредни од Русо во неговите стари години. Можеби контрадикторностите се создаваат токму во затворена просторија, некоја хала преполна слики и исeчоци од весници, оние што го креираат карактерот на персоната пред таа да биде свесна дека е подложна на сите надворешни влијанија, несвесна за својата емоционална состојба, но доволно повредена за да детектира дека нешто чувствува. Оштетена, а не доволно.
Како небулоза на маса преполна интелектуалци запиени од зашеќерено вино, софизам што вреди да се дебатира во судница, пред портата на девојката која што очајно ја сакаш, а таа тебе не, на скалите пред неговиот старо-нов стан близу Рузвелтова. Па ти одекнува некој клише стих во главата за да те потсети на тоа колку си обичен во вкусот и убедувањата, нешто од Здравко Чолич, Еј драга драга, да ја срече, била би са мном, али ти се нече!

Затоа јас сонувам за љубов, амајлии од тигрово око и совршената шминка која ќе ме скрие од светот, а сепак ќе ме одведе до крајот на денот. Свештеникот на кој никогаш нема да му се исповедам, затоа што ќе ги обезвредни сите мои гревови, ќе ме испере со 10 Аве Марии, а со совест ме наполни мајка ми како перница со пердуви. И има песни кои што не ги сакам, како клучевите што моите пријатели ги забораваат пред да си дојдат дома, хектични, присилени да живеат во општествена радијација. Зарем не сме сите постмодернисти што се создаваат преку замислени вредности? Да, сме. Аксеолошка концепција на виртуелна филозофија. Што не дефинира само преку неспособноста да бидеме неискрени. Колку е смешно тоа кога те боли забот и оние што ги сакаш се само луѓе, вообичани, просечни луѓе што не ја разбираат твојата болка, зошто е твоја.

Кога се смрачува, надвор и внатре, во миговите на очај, познају ме сви клошари, познају ме сви конобари, знају у чије име ја ночас пијем, па трепкам кокетно, а во суштина нападно пред огледалото и ја замислувам сцената одново и одново. Он ја отвара вратата, он ме чека на автобуска, он ме чека пред Рамстор, он ме изненадува, јас го изненадувам него, ние постоиме само на скали, зошто се транзитни, небитни, исто како мојата тага и среќата на светот кон која што сум рамнодушна. Дури и враќањето назад во платентите пантолони и деколтираната блуза со цветови која ja што сака го нема повеќе истиот вкус.
Јас плаќам на чекови, а он разменува меници. Ние бевме билатерален договор, чиста трговија, зарем не е тоа тажно во вака романтични времиња?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom