- Член од
- 4 јули 2008
- Мислења
- 6.134
- Поени од реакции
- 1.896
Со завршувањето на 2014 година заврши и проектот Скопје 2014. Можам да кажам еден одличен проект кој ја воздигна и овековечи македонската историја и значајно го подигна моралот и патриотизмот кај македонските граѓани. Ова го кажувам од лично искуство бидејќи секогаш кога гледам слики од ново Скопје добивам ерекција и морам да гледам Телма за да ми помине. Освен моралот и патриотизмот кој овој проект го крева кај македонците тој има и многу други позитивни страни. За првпат во историјата Македонија им покажа на западните земји како треба да изгледаат барокни згради изградени по сите најсовремени светски стандарди, за разлика од барокните згради во, на пример Италија, кои се стари по неколку векови и се изградени по застарени стандарди. Исто така македонскиот народ, а и странските туристи кои со нетрпение чекаат на ред да дојдат да го посетат Скопје, имаат можност одблиску да се запознаат со хероите и градителите на Македонската држава.
Откако владата го заврши овој фантастичен проект, кој мене ме фасцинира, сметам дека треба да се продолжи со исто темпо низ цела Македонија. Многу ме радува фактот што тој проект е веќе започнат со преименувањето на разни објекти со имиња на македонски херои како Александар Македонски, Филип втори, Пердика четврти и слично. Јас, како патриот, ова го доживувам оргазмично и сум многу мотивиран да пренесам некои мои предлози за проект кој би сакал да биде наречен Македонија 2019.
Пред се со овој проект би сакал да се опфати цела Македонија, особено таму каде што наталитетот е под 10 промили. Со овој проект би се изградиле споменици и барокни згради во сите градови, села и позначајни локации во Македонија со што би се кренал патриотскиот дух и самосвеста на македонскиот граѓанин.
Би започнал со предлог за градење на споменици на Александар Македонски на 20-те највисоки врвови во Македонија. Со тоа се одсликува рељефот на Македонија која е претежно планинска земја, а исто така и големината на нашиот храбар Александар Македонски.
Сл 1. Александар Македонски на Титов Врв*
Следно нешто што треба да се направи е секоја општинска зграда во Македонија да се промени во барок стил. Со тоа граѓаните би добиле чувство на еднаквост и привилегијата да работат во барокни згради нема да биде само на вработените во министерствата, музеите и театрите туку на сите вработени во државна администрација. Исто така тука е многу важен естетскиот дел. Пример колку подобро би изгледала зградата на општина центар во барок.
Сл.2 Општина Центар нов изглед
Во Македонија во последните години бројот на жртви на патиштата се зголемува и полицијата прави се за да се намали овој број. Јас, како загрижен граѓанин, имам брилијатна идеја за тоа како може со помош на барок овој број да се сведе на минимум. Планот е едноставен. Да се постават интерактивни споменици на патиштата кои ќе комуницираат со возачите и ќе ги мотивираат да возат подобро и да внимаваат на патот.
Сл.3 Александар Македонски спасува животи
Како што е општо познато во светот после Русија и Србија, Македонија има најмоќна армија во светот. Меѓутоа, поради нашите злобни и љубоморни соседи, Македонија нема излез на море и со тоа нема сопствена морнарица. Но со мала инвестиција тоа може да се смени. Овде целам кон опремување на галиите со соодветно оружје и платформа за слетување на македонските авиони и хеликоптери. Тоа би се извело лесно бидејќи владата веќе превзема конкретни чекори за развој на сопствена научна програма со тоа што професорите ќе издаваат научни трудови со ипакт фактор. Некој од тие трудови може да се погоди да биде за бродови па ќе може да се примени.
Сл.4 Прототип на галија G24/7-O
За крај би сакал да го дадам и мојот последен предлог кој се однесува на обезбедувањето на погоре наведените објекти. Како што знаеме денеска ситуацијата во Македонија е розова, но на идилата и се заканува една багра на луѓе наречена опозиција. Во главно се состои од луѓе кои повеќе од 15 години на најгнасен и најпоган начин ја силуваа Македонија и уништија се што им дојде под раце. Бидејќи после толку време правење зулуми тоа им е станато навика тие мораат на некој начин да си ги лечат фрустрациите. Тоа го прават со т.н. бомбирање по медиумите. Според ТМП** овие објекти би можеле да бидат цел на овие зулумџии па затоа мој предлог за нивно обезбедување би било поставување на мини барокни собранија со близина на објектите. Ова се должи на општо познататиот факт преку кој може да се согледа дека секогаш кога не се на позиција кај нив се јавува фобија од рационално однесување и приближување до собрание. Со поставување на овие мини барокни собранија тие не би можеле да се приближат во радиус од 500 метри до горенаведените објекти.
* Да се преименува во Александар Македонски
** ТМП - Тајна македонска полиција