- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
„Проектот ’трето дете‘ дискриминаторски“
Коментари (17)
09.03.2009 17:14
Груевски: Владата ги почитува одлуките на судовите
Стратегијата на Владата за зголемување на наталитетот е дискриминаторска, оценува Хелсиншкиот комитет. Според Комитетот, доделувањето на родителска помош само во општини со природен прираст од 2,1 промил е неправедна во однос на мајките кои живеат во останатите општини.
Хелсиншкиот комитет обвинува и за етничка дискриминација, бидејќи само албанските општини Зајас и Осломеј го исполнуваат условот за родителска помош.
„Се доби заклучок дека со овие закони е направена дискриминација на граѓаните, пред се врз основа на поделеност на општини. Прашањето е, врз што е определено да биде процентот од 2,1% и зошто не е определено да биде на цела територија на РМ“, рече
Ваквата стратегија на Владата се најде и пред Уставниот суд бидејќи законските одредби не важат на целата територија, и со тоа, според Хелсиншкиот комитет, создаваат нееднаквост и не се во функција на заштита на мајчинството и децата.
Премиерот Груевски сепак останува на ставот дека законот делува поттикнувачки за брачните парови.
Дали ако падне на Уставен, ќе биде прогласено за цела територија на Република Македонија?
„Не можам да претпоставувам, ниту да нагаѓам што ќе се случи, како ќе се движат работите, така ќе правиме. Во секој случај, Владата ги почитува одлуките на судовите“, изјави Никола Груевски, претседател на Влада.
Од први јануари годинава родителите кои ќе добијат второ дете имаат право на месечен надоместок од 5 илјади денари во траење од девет месеци, а 8.250 денари оние кои ќе се одлучат за трето дете.
Помошта родителите ќе ја добиваат 10 години. За четврто дете родителите 15 години месечно ќе добиваат по 11 илјади и 500 денари. Но, тоа не важи и за општините со стапка од над 2,1 промил.
Извор А1