"Продишани" прозори?

Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Прилично сум сигурен дека нешто такво нема во кривичен законик
Јас не знам за тоа ама мене ми личи за добра оснва за тужба,човекот платил нешто а добил сосем друго,у таа смисла ми беше муабетот,сепак нека праша некој саглам адвокат оти и меѓу нив има класи и квалитет :)
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Кривичен е за тешки прекршоци на закон. Ова е по облигациони, ако има гаранција на станот, најчесто првите две години, има право да рекламира. Е сеа, ако влезе у спор со кучиња како Ванчо од Радовиш, шо на суд ја добиваат државата, не е искључено и без стан да остане.
И како израз "оксидирање" или "оксидација" е реакција на хемиски елемент, метал со кислород. А ова е чиста промаја, циркулација на воздух во простор во кој треба да се наоѓа гас или вакуум.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.790
Поени од реакции
15.695
Адвокатот на одбраната ќе најде дека сега пошто се замаглени стаклата купецот заштедува на завеси, а Судијата ќе му прифати...
а бе крадеа квадратура на станови, па на судови 300 далавери се правеа... 2 години гаранција а и тогаш не е лесно... пред 30 години пријавивме во сиз за домување, продавачот, дека од кровот тече, ТИПСКА грешка во ПОЛА НАСЕЛБА, мал е лимот од опшивањето на оџакот и кровниот прозорец на гарсоњерите, течеше тогаш дури до приземје... доаѓа некоја архитектка и кажува абе горе има купатило...горе гарсоњерата заклучана ( само гарсоњерите беа општествени), не беше доделена, тужена ранг листа ;одиме во другиот влез, горе во гарсоњерата кај оџакот нема купатило... ама распоредот не е ист, тврди таа од Сиз..во дрг влез станарот од гарсоњера Пријавува дека тече од кров, таа од Сиз го набрка, аба не си ти газда, треба од МЗТ да се жалат.... Исто така, одводна канализација на одредени вертикали во ПОЛА НАСЕЛБА е со КОНТРА ПАД, поради дебелината на плочата од скривницата, решение било да се направи нова шахта на другата страна кај што нема скривница, ама тогаш грешката ќе излегла на виделина... на крај сами луѓето во приземје, прекопуваа НИЗ КУЈНИ и ја врзаа канализацијата во шахта за атмосферска канализација од друга страна на зградата, против законско решение, но сите молчат..
еве нова зграда, пред 7-години, вселени луѓето ама незавршено, не беа ставени первази на врати на влез во становите... на 70% станови архитектот погрешно земал мера, па накнадно го кршеа бетонот од надворешна страна, ај прашина туку сечеа и АРМАТУРА, тежок криминал... ама никому ништо...
Главна табла за струја ја поставил под канализациона вертикала , наместо да ја дислоцира таблата, ставиле корито... главниот во градбата кажува ќе издржи до технички прием и гаранција, а јас после во пензија ќе одам... еве најново, изгоре Глобал, ај да видиме дали МВР детално ќе исоита а и да најде грешки дали некој ќе одговара ???
Изгоре човек во гарсоњера во населба, инвалид бил во количка, не успеал да избега.. типска грешка на електрична инсталација во дрвени конструкции на кровови, тогаш градоначалникот Пенов се закани некој ќе лежи; баш зборевме со еден правник од државен правобранител, кажува ништо од тоа, само изборен маркетинг, кај НАС НЕМА ЗАКОН, само 2години гаранција.. и така бидна.
Едини што е затворен е тој инжинер што во облакодерот на Дом на Синдикатите пред земјотресот вградил НАВОДНО премногу арматура во столбовите... по Земјотресот е ослободен, АМА немаше никаква истрага и судење за тие што ги проектирале зградите 13 и 11 во Карпош, а кој беа срамнети до доле поради слаби столбови, со многу мртви..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom