Силата и издржливоста се релативна работа.
Ти може да си способен да дигнеш 200кг 10 пати, да се дигнеш на вратило 15 пати, или да турнеш на бенч 100кг а да не си способен да товариш два трактори со песок, некој кој не влегол во теретана, а го работи тоа подолго време ќе издржи да товари и 10 приколки без проблем.
Зависи каде ти е потребна практична примена на мускулите, на кој начин и кои мускули ги активираш.
А вежбање чисто за изглед е сосема друга димензија, се знае горе долу што е добар изглед за на плажа, низок процент на телесни масти (ако ти е само за женски не сакаш да си апла со вени и изрендан, туку чисто да се знаат стомачни, заоблени рамена, добра форма на гради, бицепс, малку набабрен грб, оформени нозе и тоа е тоа, нешто налик на физик категоријата дури и со помала маса). Класичен бодибилдинг веќе забегува и од таа посакувана форма за плажа и за мамење на погледи од понежниот пол, особено ако си апла надуен како балон, а пак некоја стока што се бави со пауерлифтинг со 30% масти, стомак како трудна жена и гушка како да ја голтнал вангла не мами погледи ни од мажи ни од жени, така да изгледот пак ти е подобра опција од пауерлифтинг од моја гледна точка.