Програмери (Вработување)

Член од
23 ноември 2011
Мислења
108
Поени од реакции
14
Ме интересира колку програмери сме без работа, услови што ги бараат фирмите (години искуство, технологии, течно зборување англиски и тн.) и како да ги исполниме условите ако никој не ни дава шанса?
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890

Конкретно кој услови не ги исполнуваш?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Само диплома изгледа.

Пиши што знаеш.

Sent from my Mi MIX 2S using Tapatalk
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.181
Поени од реакции
17.991
Ме интересира колку програмери сме без работа, услови што ги бараат фирмите (години искуство, технологии, течно зборување англиски и тн.) и како да ги исполниме условите ако никој не ни дава шанса?
Колку време си без работа? Што знаеш да работиш?
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
Што знаеш, каде си аплицирал и што ти барале штом не ти даваат шанса? За практиканти обично им даваат тестови и според резултатот ќе решат дали да продолжиш пракса или не. Ако си немал никакво искуство и сакаш да те вработат без пракса малку потешко.
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
Друже за искутво се претерува од фирмиве стварно. Кое искутво ќе го имаш ако не ти даваат шанса да работиш? Никој со искуство не се родил...

Инаку за англиски е сосем оправдано и тука нема мрдање...без тоа не се може.

Краен случај може и сам да работиш фриленс...зошто во фирма да го делиш профитот со некој (газдата)...демек дома немаш интернет, биро и столица.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
108
Поени од реакции
14
Само диплома изгледа.

Пиши што знаеш.

Sent from my Mi MIX 2S using Tapatalk
Студирам на ФИНКИ.
Автоматски споено мислење:

Друже за искутво се претерува од фирмиве стварно. Кое искутво ќе го имаш ако не ти даваат шанса да работиш? Никој со искуство не се родил...

Инаку за англиски е сосем оправдано и тука нема мрдање...без тоа не се може.

Краен случај може и сам да работиш фриленс...зошто во фирма да го делиш профитот со некој (газдата)...демек дома немаш интернет, биро и столица.
Пробав и фриленс едни исти индијци, пакистанци само се вртат и на нив им ги даваат проектите!
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
Години и англиски (степен А2).
Без Англески, извини ама во ИТ нема што да бараш... мора да го научиш. За годините и искуството работи на свои проекти, барај на upwork работа, барај пракса со тек на време ќе собереш доволно искуство.
 
Член од
5 август 2020
Мислења
95
Поени од реакции
117
Друже за искутво се претерува од фирмиве стварно. Кое искутво ќе го имаш ако не ти даваат шанса да работиш? Никој со искуство не се родил...

Инаку за англиски е сосем оправдано и тука нема мрдање...без тоа не се може.

Краен случај може и сам да работиш фриленс...зошто во фирма да го делиш профитот со некој (газдата)...демек дома немаш интернет, биро и столица.
Како фриленс? И за тоа треба да имаш добри reviews, success rate etc. И јас сум во некое слично сценарио, премногу сакам да почнам да се занимавам со фриленс ама стварно тешко е за тоа, или барем јас не знам како. Некој типс анд трикс? Ако работиш како си почнал итн. Што е до мене би сработил и нешто за без пари само да набилдам нешто на профилот па потоа да продолжам за можам да заработувам.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
108
Поени од реакции
14
Како фриленс? И за тоа треба да имаш добри reviews, success rate etc. И јас сум во некое слично сценарио, премногу сакам да почнам да се занимавам со фриленс ама стварно тешко е за тоа, или барем јас не знам како. Некој типс анд трикс? Ако работиш како си почнал итн. Што е до мене би сработил и нешто за без пари само да набилдам нешто на профилот па потоа да продолжам за можам да заработувам.
Да фатиш некој проект (средна големина) и да изработиш и да ти дава на тежина.Јас Django почнав првин од youtube има еден дечко кој прави добри туториали Dennis Ivy https://www.youtube.com/channel/UCTZRcDjjkVajGL6wd76UnGg.Проблемот е што документацијата за Django не баш добра.Инаку од youtube ќе изгледаш многу видеа а малку ќе научиш у суштина само основни работи.Подалеку од да проработи веб сајтот нема да стигнеш.Документацијата е со сложени примери.Ќе ти се појави проблем треба 100 видеа да изгледаш за да го решиш.
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
Како фриленс? И за тоа треба да имаш добри reviews, success rate etc. И јас сум во некое слично сценарио, премногу сакам да почнам да се занимавам со фриленс ама стварно тешко е за тоа, или барем јас не знам како. Некој типс анд трикс? Ако работиш како си почнал итн. Што е до мене би сработил и нешто за без пари само да набилдам нешто на профилот па потоа да продолжам за можам да заработувам.

Абе шо типс анд трикс...треба работа и треба да најдиш ниш во кој и нема баш конкуренција, не мора програмирање да биде само.

Немој да мислиш дека фриленс е полесно, да полесно е послем две три години работа...во првите две три години ќе работиш дупло појако него да си во фирма а ќе земеш дупло помалку пари.

И јас понекогаш сакам да сум во фирма да ми се знае работно време, иде сабота недела да планирам кај да шетнам...ама тоа е, се има позитива и негатива.
Автоматски споено мислење:

Студирам на ФИНКИ.
Автоматски споено мислење:

Пробав и фриленс едни исти индијци, пакистанци само се вртат и на нив им ги даваат проектите!

Пробувај друже што да ти речам, и без навреда не секој е печен за фриленс, многу подобро некои се снаоѓаат во фирма. Нема ништо лошо во тоа.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.085
Абе шо типс анд трикс...треба работа и треба да најдиш ниш во кој и нема баш конкуренција, не мора програмирање да биде само.

Немој да мислиш дека фриленс е полесно, да полесно е послем две три години работа...во првите две три години ќе работиш дупло појако него да си во фирма а ќе земеш дупло помалку пари.

И јас понекогаш сакам да сум во фирма да ми се знае работно време, иде сабота недела да планирам кај да шетнам...ама тоа е, се има позитива и негатива.
Автоматски споено мислење:

Пробувај друже што да ти речам, и без навреда не секој е печен за фриленс, многу подобро некои се снаоѓаат во фирма. Нема ништо лошо во тоа.
Па што не одиш во фирма?

И не можеш на почетник без никакво искуство да му викаш да почне фриленс пошто едноставно не е способен за тоа. Ако под фриленс подразбираш со Индијцине да се такмичи на апворк тоа е губење време. Едно што е малку платено, друго што 90% од огласите се ставени од девелопери кои не можат да се снајдат во тоа што се бара од нив па го стваат на некоја таква платформа за минимален буџет. Имаш златен Линкдин, секојдневно имаш безброј огласи за работа со полно работно време. Е за да таму некој те примети треба и скилс да имаш градено со години, како и одличен англиски. Не сте свесни комуникацијата со клиентите колку значи во IT сферата.

Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.652
Поени од реакции
38.837
Многу е гужва на пазарот моментално, еве ви една статистика што се дешава, за 92 работи се борат 7400+ луѓе, можеби бројката е и наместена но еве да речеме и 2000 да се, сепак не е мала бројка. Луѓево се тргнати у тој смер и фирмите играат курташак кога ќе видат на секој оглас со над 50 кандидати. Ја кога бев у една фирма од поголемиве на тестирање влеговме едно дваесе души плус тоа не беше само за тој ден, башка што тестирале цела недела, и тоа све беше за две практикантски позиции, па сеа видете. Е сеа за да влезеш меѓу подобрите треба да го дигнеш левелот над туду апс и да знаеш да работиш самостално, да развиеш една самодоверба што без ментор е релативно тешко да се створи.
Screenshot_31.png
 
Kajgana Shop

На врв Bottom