Моја сугестија кон вас порталџиите е да припазувате на квалитетот на флеш што го добивате. Јас прекинав да го посетувам Он нет, оти Мозилата неколку пати крахира, процесорот скоро секогаш е на 80-90% (знам дека треба машина, и имам машина, п4 со 2 гб рам, ама ако на оваа кочи тогаш на послаба којзнае што ќе прави).
Од искуство знам дека флешот е многу захтевен за процесорот, особено за не-виндоус машини, ама порталите треба да пазат колку одзема секој банер посебно, заради квалитетот на порталот, т.е. сигурно не сакаат да губат на посетеност поради преоптеретеност со захтевни банери.
Многу ме изнервираа он нет, и до ден денес ако го отворам, го отварам во Гоогле Хром, оти таму бар можам да затворам еден таб (посебен процес е за секој таб) без да ми крахира цел броусер со сите табови.
Знам дека се наплаќа пара од банер, ама банери во флеш со тешки математики (како тие на оннет со колата што беа и др. слични) мислам дека не им е место за банер, особено ако има уште 5-6.
ЕДИТ: Па сега откако излезе АС3, неверојатно е на подолг период колку се гуши процесорот (ова поради недоброто собирање на „ѓубрето“ (искористени објекти кои не секогаш добро се собираат и исфрлаат од меморија). За ова и до ден денес тврдам дека е најголем недостаток на АС3, кој мислам дека се на добар пат во 10 верзија да го подпоправат.