...да речеме дека не се толку страшни симптоми да би се јавил на лекар, немаш чешање, пецкање ниту болка, ама имаш црвенило на главичката од пенисот како точки, како што објасни предходно тоа може да биде како последица од некоја сексуална пренослива инфекција ,
balanitis е медицински израз за воспаление на пенисот генерално во пределот на главчето и може да биде поради лоша хигиена (посебно миење под кожата на главчето т.н. смегма), често црвенилото настанува поради габична инекција (може после употреба на антибиотик на пример) или по интимен однос со
партнерка која има кандида (како што може да има твојата партнерка, ама да не ги чувствува симптомите како првиот пат кога и се докажа дека ја има ), оти кандидата не може засекогаш да се излечи....се лечи па пак доаѓа, па пак се лечи, но да речеме „нормално прифатливо“ до пет пати годишно, ако кандидата се појави почесто тогаш се прават дополнителни испитувања поврзано со имунитетот и сл...оти голем број на микроорганизми посебно Lactobacillus ја сочинуваат нормалната вагинална микрофлора која ја одржуваат pH на вагината од 3,8 до 4,2, со што се оневозможува развој на патогени микроорганизми (вакви микроорганизми нели го има јогурт, па при немање услови за користење на медицински препарати се инпровизира доста успешно, ама да не пишувам околу тоа, оти овде на форумов доста со потсмев го прифаќат тоа укажување) и доколку се наруши нормалниот баланс на вагиналната микрофлора, може да настане инфекција на вагината (вагинитис) и бројот на габи абнормално се зголеми, настанува габичен вагинитис...
значи примена на Канестен 2% крем ( ако пишува вагинално се става со апликатор кај жена , ти ќе го примениш мачкајќи го главчето,
инаку обичниот Канестен крем 1% е послаб... лечењето ќе трае подолго одтколку првиот пат, и внимавај со што сапун го миеш и што долна облека носиш (памучни и боксерки) и би требало да бидеш ОК ! ( не заборавај партнерката МОРА исто да мачка и да става вагиналете доколку имате сексуален однос)