Проблем со дечкото за пари

Член од
14 април 2012
Мислења
32.621
Поени од реакции
66.472
Здраво, ми треба непристрасно и објективно мислење од луѓе кои не не знаат..

Со дечкото имаме проблем околу пари.. Јас имам вујко кој добро стои со пари (во чија фирма раб) и он ме чува (полнолетна сум иам 19 години али сепак). Он е секогаш тука за мене, други немам. Е сеа, вујково ми дава и пари плус од платата онака за уживање.. Ама можда не требаше ова да го кажам на дечко ми. А дечково мој, он работи си има свои пари и плус му праќаат неговите, и тие имаат пари ама вујко ми има многу поише и тука настанува проблемот..

Јас коа ќе ги потрошам моите пари негде недела пред крај на месец јас сум стварно на 0 и тогаш вујко ми не ми дава пошто сака да постигне да ме научи да ми траат парите цел месец и заштеда да правам ама тешко тоа.. Значи јас кога ќе кажам немам значи стварно немам, а дечкото кога ќе каже нема тоа значи има минимум 300-400 евра на страна и не сака да почасти таа недела или и кога части, тоа го прави со многу зборење, да му се одмили на човек.. И цело време збори дека нема пари а тоа не е вистина..

И цело време ми набива на нос дека вујко ми има мн поише пари од нив а јас на него чекам.. Да има ама тоа си се негови пари а он ми вика "вие сте богаташи".. И неговите стално му праќаат пари, и мене вујко ми ми дава и поише него неговите на него али тоа е вујко ми кога ќе одлучи, а неговите му праќаат кога он побара. И поентата е - тлдр; моите пари се потрошени докај 20ти во месецот и после таа недела или 10тина дена зависи он не сака да споделува од неговите пари и лаже дека нема..

А верувајте јас пред вујко ми да ме земе да ме чува многу добро знам како е да немаш пари, значи зборот "немам" се знае што значи, а не "немаш" а имаш 300-400 евра во собата..

Исто така ми збори дека мојата раб била лесна (точно) и вујко ми со леснотија ја направил фирмата (неточно) а он и неговите се мачеле за парите..

Кој е во право во ситуацијава?
Jaс знам како е да немаш, ама парите што сега ги добивам, редовно ги спискувам до 20-ти? Кажи дека тролаш. И второ прашање, зошто ти очекуваш некој друг тебе да те покрива со пари откако ти ке спискаш цела плата? Ај вујко ти така те научил, ама зарем цел живот ке очекуваш некој друг да ти дава пари? Зошто некој што подобро менаџира со пари е должен тебе да те покрива, што не го правиш истото? Тој можеби си скратува до задоволства, за да ги има тие 300-400Е на крај на месец.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.622
Поени од реакции
26.449
Колку пари ти му даваш него месечно, а колку пари тој ти дава тебе, месечно?
Побитно прашање е колку пати месечно она му дава, не пари.
А и колку пати тој и бара нејзе, не пари.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom