Не е ќотекот решение, не ја слушајте
@Darling она е со авторитарни инклинации а и сигурно нема јадено ќотек како мала
Ок пишав погоре со прачката нешто, ама тоа не е некаква железна прачка да претепаш до смрт некој 5 годишник и да му скршиш некоја коска, туку поскоро како овчарска дрвена прачка, патерица бе. Ниеден (ментално здрав) овчар не си ги тепа овците, ами прво посматра да не залута некоја од стадото и да не застрани од патот и ако некоја застрани и почне да пасе од дек шо не треба да пасе овчарот прво ќе ја викне а доколку овцата не се озови и се праи наудрена тогаш овчарот ќе оди при неа и ќе ја удри онака лабаво по бутот и овцата ќе го испроцесира тој сигнал и ќе си рече шо бее, арно ај, ти си овчаро, јас сум овцата, од дека да знам шо и дек да пасам, ама ај арно шо ме викна да не залутам па да ме стемне па да ме јаде волкот, иначе не сум сигурна дали таа патерица поконкретно е наменета за волци или за овци или е само моден додаток, ама ај поарно и да не знам, дај носи ме на друга ливада, досадно ми е тука...
Значи сума сумарум:
прачка = авторитет, дисциплина, поправање, воспоставување граници
прачка ≠ ќотек, суровост, изживување врз инфериорно суштество
Бонус лекција:
Е ова е авторитет. Ајде сега со усул овчарството, мислев родителството де...