Проблематични лоши деца.

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
За отварање на темава инспирација ми дојде она дете кое по социјалниве мрежи го спомнуваат Гоце Цветковски GP.

Детето од 13-15 години е проблематично. Често објавува видеа на тик ток каде се тепа со некој од фамилијата, пред нив пцуе, пуши..

Да не навлагам многу за детево што се не прави. Поентата на темата ми е што мислите кој е крив за ваквите однесувања на децата уште од мали години. Дали се криви родителите?

Јас мислам има дел кривица и од родителите што не ги усмеруваат во правец во кој треба да се движат нивниот раст и размислувања. Е сега зависи и во каквa средина живеат и растат.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
А што е проблемот?
Што се тепа? Што пуши? Што пие?
Или што се тоа го објавува на интернет?
И јас кога бев 14-15 имаше вакви брливи, па ене ги се опоравија. Деца се, интересно им е, ќе им помине.

А некој ќе реагира кај оваа што постирала јавно слика од малолетник?
Или па во овој контекст е ок?

И не се прајте со сила добри вили, сите тука ги заболе патлак за детево. Само ќе му удрат сеир а може и популарен ќе го напраат.
Зашто бе не отворивте тема за она момчено математичар?
Или се е кажано на таа тема па ајде лаф муабет за некој кој правел глупости на тикток и сега твитер заедницава мн. загрижена како растела младинава и како тоа било погрешно. Драпај си меот.
Многу големи замаранти македонскиве твитерџии. Или се партиски ботови, или трач муабет. Нема друго што да се прочита кај 80% од нив.
 
Член од
11 јануари 2021
Мислења
63
Поени од реакции
261
Поентата на темата ми е што мислите кој е крив за ваквите однесувања на децата уште од мали години. Дали се криви родителите?
Очигледно е дека на детево само не му текнало да пцуе, да вреѓа и да има тантруми. Неговото однесување е огледало на она од неговите родители. Посебно фразите што ги користи се некои што би можеле да ги слушнеме од возрасна личност.
Кој е крив? Нормално дека неговите се криви што не му обрнуваат внимание доволно, па тоа само си наоѓа начини како да се занимава. И можеби исто така се криви што не се способни да го контролираат она што го создале.
Сите сме биле деца и сме правеле глупости, но секогаш постоела граница до кај сме смееле да одиме, како да се однесуваме со родител, како со баба и дедо.
Ај што неговите не се свесни за, извинете на израз, распрденово дете, ама дали има некои служби што би требало да се погрижат за него? Па детево на секоја социјална мрежа беше објавено, нема шанси никој да не го забележал од институцииве.
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
Па во ваква држава нормален човек не може да живее, треба да си ненормален или да забегаш тотално за да ти стане сеедно за се што се случува околу тебе. Колку деца станале пијаници и наркомани, поради нефункционални семејства и самото општество. Јас имав колега на работа што се дрогираше и кога ќе го прашаа зошто, тој велеше дека му помага да заборави на се со што се соочува секој ден. Плус во какво опкружување растеш и се развиваш како личност, таков и ќе станеш доколку дозволиш да влијае врз тебе. А и системот е виновен што дозволува да излезе сето ова од контрола и да имаме се повеќе такви деца, кои подоцна ќе станат криминалци или пак ќе бидат рак рана на општеството од некоја друга гледна точка.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
А што е проблемот?
Што се тепа? Што пуши? Што пие?
Или што се тоа го објавува на интернет?
И јас кога бев 14-15 имаше вакви брливи, па ене ги се опоравија. Деца се, интересно им е, ќе им помине.
Да имало и јас кога бев дете во шоло почнуваа на тие некој години да се тепаат, пцујат, пушат ама поготово пред родителите или фамилија се имало мерка што смее а што не смее да се прави. Овој гледав видео се тепа со некој таму во фамилија и пред нив се однесува неубаво.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
... јас не би се сложила со насловот, проблематичните деца не се секогаш „лоши“ , а често лошите деца не се проблематични!
Зашто бе не отворивте тема за она момчено математичар?
... уште пред некој ден планирав, можеби ќе го поставам само кај „Талентирани деца“ ,
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.330
Поени од реакции
4.895
Па добро пази сега в комшии има еден копиљ од 10год кој звони по ѕвончиња, пцуе кого стигне, може да ти мане бокс в плешти, в маде, в слабина, ти бираш кај ќе те удри. Чкрта по коли, демолира канти. Стапали по ѕид
И сега си викаш. "МЕНЕ ќе ми прави така? Ќе ебам и мајката и татко му заедно!" Е, ама татко му е наголем наркоман и многу тежок лик. Ќе му чепнеш фамилија? Па те лежи тука на место.
И така сите ко пички ќутат додека овај 10годишниов ги ебава в мозок а потоа и кај ќе стигне.

Значи не е до детето, туку е до родителите.
и до тие што немаат мадиња да се спротистават? А Зошто? Затоа што некој некому му дал сила да се постави над останатите.
Така да кркајте и ќутете.
 
chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.294
Поени од реакции
13.156

Не брат,до системот е.Ти треба само слушалка да кренеш,се останато службите да решат.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.515
Поени од реакции
34.564
За отварање на темава инспирација ми дојде она дете кое по социјалниве мрежи го спомнуваат Гоце Цветковски GP.

Детето од 13-15 години е проблематично. Често објавува видеа на тик ток каде се тепа со некој од фамилијата, пред нив пцуе, пуши..

Да не навлагам многу за детево што се не прави. Поентата на темата ми е што мислите кој е крив за ваквите однесувања на децата уште од мали години. Дали се криви родителите?

Јас мислам има дел кривица и од родителите што не ги усмеруваат во правец во кој треба да се движат нивниот раст и размислувања. Е сега зависи и во каквa средина живеат и растат.
Во малиов има потенцијал за иден политичар :D
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.330
Поени од реакции
4.895
Не брат,до системот е.Ти треба само слушалка да кренеш,се останато службите да решат.
Е тоа е. Ако функционира системот, ќе функционира и општеството.

И овај е нечији син
Видете статија од 2012година.
Ќе одговарал за злодела, Леле Мајко Му се фатија, со џамче ќе му го бричат.
 
chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.294
Поени од реакции
13.156
Е тоа е. Ако функционира системот, ќе функционира и општеството.

И овај е нечији син
Видете статија од 2012година.
Ќе одговарал за злодела, Леле Мајко Му се фатија, со џамче ќе му го бричат.
10 години подоцна,Аце Веруш стана фактор у државава... ееее земјо недојдио
 
Член од
15 април 2019
Мислења
234
Поени од реакции
810
Се цитирам себеси од друга тема, на оваа тема:

...
Тоа е пропагирање дека родителите треба да израснуваат деца кои се социјално пожелни, оперантно условување во текот на развојот итн., децата се перципирани како глина која треба да се обликува, не како битија со свои желби, потреби, барања кои имаат потреба нивната автентичност да биде почитувана без да им биде загрозено битието. Во 12 животни правила зборува за постоењето на „тежок син или ќерка“. Зошто, според мене, постои такво нешто во умот на луѓето како „тешки деца“? Бидејќи во многу раниот развој веројатно имаат интернализирано шеми од родителите. Бидејќи децата учат како да се справуваат со емоции и како да ги изразуваат истите од самите родители. Бидејќи кога родителот ја негира вистинската автентичност на детето, се ствараат секакви силни емоционални реакции. А единствената причина зошто родителот би ги негирал автентичноста и емоциите на детето е бидејќи самиот не знае како конструктивно да се справи како прво со своите емоции, а следствено на тоа и со емоциите на детето (ова се практично сите родители на планетава денес - не се тие виновни, генерациски се пренесувало во воспитувањето).

Пропагира создавање на „добри“ деца, значи, „авторитет“ родител кој е неавтентичен и нема поим како здраво да се справува со емоции ќе условува дете со арбитрарна линија за тоа кои емоции се „добри“ а кои „лоши“ базирано на своето трауматично животно искуство (хинтхинт: не постојат добри и лоши емоции, постои само несоодветно справување со истите) и потоа ќе продолжи на детето да му ја дава пораката дека ќе биде сакано, а со тоа ќе преживее (така се преведува во мозокот на децата) ИСКЛУЧИВО ако ги пројавува реакциите што родителот ги сака, а за сите други реакции емоции итн. кои се автентични за детето а не спаѓаат у таа арбитрарна категорија на „добро“, детето ќе биде отфрлено, казнето, затоа емоциите мора да бидат потиснати, детето ќе се чувствува несакано за тоа што е, ќе вирее во свесна или потсвесна себеомраза, ќе биде под постојан стрес, ќе има голема сенка и секакви разни нездрави адаптивни/одбранбени механизми, заедно со континуираните проблеми понатаму во разни области од животот.

Во контекст на идеологијата на „создавање социјално пожелни деца“, ќе го цитирам A. Huxley - Brave New World:
“The real hopeless victims of mental illness are to be found among those who appear to be most normal. Many of them are normal because they are so well adjusted to our mode of existence, because their human voice has been silenced so early in their lives, that they do not even struggle or suffer or develop symptoms as the neurotic does. They are normal not in what may be called the absolute sense of the word; they are normal only in relation to a profoundly abnormal society. Their perfect adjustment to that abnormal society is a measure of their mental sickness. These millions of abnormally normal people, living without fuss in a society to which, if they were fully human beings, they ought not to be adjusted.”
...
Децата што гледаат и што внесуваат тоа пројавуваат, тоа изнесуваат. Тоа што децата пијат, пушат и пцујат воопшто не е чудно ако ја земеме во предвид културата на овој народ (а и западната култура од која имаме големи влијанија, во која знаеме што е тоа што се смета за кул и прифатливо), заедно со социоекономските услови и психолошката зрелост на лицата околу децата, последователно и психолошката зрелост на децата.

Според мене одговорноста е многу поголема и подлабока од тоа да го научат како да се однесува, бидејќи ние имаме подлабоки слоеви освен бихевиорално функционирање. Тие биле и сеуште се одговорни и не успеале да му дозволат да биде автентичен, да се љуби себеси и не му покажале како на здрав начин да се справува со своите емоции.

Не постојат „проблематични“ и „лоши“ деца... тоа се само деца кои се повредени и деца кои не ги разбираме.

Присутност и емпатија, за сите страни инволвирани... друг лек нема.
 
Последно уредено:
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.240
Поени од реакции
3.137
Очигледно е дека на детево само не му текнало да пцуе, да вреѓа и да има тантруми. Неговото однесување е огледало на она од неговите родители. Посебно фразите што ги користи се некои што би можеле да ги слушнеме од возрасна личност.
Кој е крив? Нормално дека неговите се криви што не му обрнуваат внимание доволно, па тоа само си наоѓа начини како да се занимава. И можеби исто така се криви што не се способни да го контролираат она што го создале.
Сите сме биле деца и сме правеле глупости, но секогаш постоела граница до кај сме смееле да одиме, како да се однесуваме со родител, како со баба и дедо.
Ај што неговите не се свесни за, извинете на израз, распрденово дете, ама дали има некои служби што би требало да се погрижат за него? Па детево на секоја социјална мрежа беше објавено, нема шанси никој да не го забележал од институцииве.
Детево јас ко што знам нема родители, со баба му живее.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom