Сметководителот кажуваше дека треба да бидам пријавен како продавач и да бидам присутен во бутикот.
Ова ако единстени пријавени на фирмата се пријателот како управител и еден продавач па ти како втор мора да си таму заради сменско работење (ако бутикот е отворен повеќе од 8 часа на ден, пет дена во неделата)
Инаку мора да си присутен инаку единствено ако пријателот те пријави како вработен по некоја од мерките на владата за што би бил субвенциониран како работодавач. Знам дека ако некој зема пари за вработување од државата кога дојде инспекција мора тој вработениот да има доказ дека навистина работи. Ако ти пријави самостојно, на твој трошок, да ти му даваш пари за сопствените придонеси и плата кога после поминувањето на сметка сами би си ја повлекол, би ги „озаконил“ твоите пари, ти си слободен како птица