Пријави фирма која не ги пријавува вработените, не им дава плата и сл.....

Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
Проблем е во големата корумираност на инспекторите од најнизок до највисок ранг до министри, ако е голема фирмата и не работи законско ќе се договори со министерот и нема да му праќаат инспекции воопшто. Од друга страна ако дојде инспекција во некоја мала компанија-фирма газдата лично ќе си се договори и ќе ги поткупи инспекторите и сите среќни освен вработените.
Па познавам пример на најниско ниво да речам, дечко кои си има кафанче и нема ни еден пријавен келнер или готвач или работник, а работи турбо, кога ќе му дојде инспекција ги седнува ручече плус нешто кеш и лесно си поминува.
 
Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
736
Поени од реакции
660

Кратко кажано:
Шупак држава
Шупак фирми
Шупак институции
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Трудов инспекторат бел ден да не види. Сигурно досега сум пријавувал повеќе од 10 пати за тоа што на работа ни даваат 10 работни дена годишно одмор, еднаш немаат постапено.
 
Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
736
Поени од реакции
660
Трудов инспекторат бел ден да не види. Сигурно досега сум пријавувал повеќе од 10 пати за тоа што на работа ни даваат 10 работни дена годишно одмор, еднаш немаат постапено.
Ооо другар жално и бедно е да се роди овде човек нормален без грб од дедо му кој крадел или се стекнал нечесно со проневери со пари. Толку се нефункционални институцииве толку се корумпирани тие смрдливите инспектори да место за обичните работливи луѓе нема. Да ти се гади од од нечовечност и лакомост во секој ебан сегмент во животов. Има случаеви што ги тераат и к-15 да враќаат. И јас работам во "висококотирачка" фирма во која што се случуваат работи како прекин на одмор, прекувремени саати еден куп и слободни денови неискористени и неплатени и ангажирање на луѓе за работа за која немаат ни право ни врска со истата ангажирање на луѓе во слободно време во име на фирмата и ангажирање на луѓе во слободно време за приватни потреби на директорот и уште милион неправилности. И сето тоа е само за одреден број на луѓе. Имаше една случка пред две години една жена и дојде преку глава и ги пријави гадовиве во трудова истиот ден ја дознаа која е и се знае што понатаму. Санитарна инспекција доаѓа и оди право кај директорот веројатно за брис од шупакот да му земат. Тоа е брат мизерна проклета корумпирана државичка
 
Знаат да се пуваат во јавност дека "високодрапајмудачки" фирми, со не знам какви стандарди и квалитет во работата блалблабла, и тоа само за на сајтот, ФБ, или реклама, а у реалност е мизерија од човечки аспект, непочитување на основни права, иживување, кратење плата, одмори итн.
Јас не знам да му ебам матер бе милион и нешто останавме во државава, и тоа да не може да се среди, да фаќаш врски, да се снаоѓаш, да даваш 5-7000 евра за решение, митно... не еба системов тотално. Може и грешно се изразив не е систем, лоповлук е.
 
Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
736
Поени од реакции
660
Ќе останат ама уште колку време ќе останат луѓе за угнетување во смрдеш државата што претходните ја опљачкаа а сегашниве ќе ја распродадат. Затоа пепел ќе се стори се, им снемува на говедата потрошен материјал, истоков се испразни, младиве не им работат за 250 € во добростоечките им компании и се чудат зошто.Се наѕира крајот некако освен ако не се јави некој генијалец да увезе бангладеши и буркина фасовци
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.397
Поени од реакции
7.846
Реакција на ЛЕВИЦА по повод отпуштањето на работници од “Ки Сејфти Системс”

Левица најостро го осудува отпуштањето на десетмина вработени од странската инвестиција „Ки сејфти системс“ која свои погони има во индустриската зона во Кичево. Работниците тврдат дека се отпуштени поради формирањето на синдикална организација. Членувањето во синдикална организација не смее да биде основ за отпуштање од работа, а синдикалниот претставник ужива и посебна заштита согласно Законот за работни односи. Со ова уште еднаш се покажува бескрупулозниот однос на странските инвеститори кои се тука само за да ги искористат привилегиите и бенефициите кои ги добиваа од претходната влада. Што е уште потрагично, ниту сегашната влада нема намера да го преиспита односот кон странските инвеститори и продолжува праксата на сервилен однос кон крупниот капитал. Левица започна со кампања за пријавување на кршења на работнички права до трудовиот инспекторат. Па затоа, ја користиме оваа прилика јавно да го повикаме инспекторатот да го истражи овој случај и да не дозволи негово заташкување. Синдикалното организирање е најмоќното оружје во рацете на работниците кога нивните права се кршат. Тоа оружје не смее да им биде одземено, по ниеден

На протест ќе се кренат работниците од странската инвестиција „КСС“ во Кичево

Вработените во фабриката за производство на воздушни перничиња „Ки Сејфти Системс“ ќе излезат на протест незадоволни од условите, но и поради тоа што десетина работници беа избркани откако формираа синдикална организација. Се очекува стотици вработени да му се приклучат на протестот кој ќе се одржи утре во раните утрински часови на влезот од индустриската зона во Кичево.

Во најава на протестот се засилуваат притисоците на раководството врз нив. Вработените тврдат дека деновиве се почесто добиваат закани дека ќе останат без работа доколку го поддржат протестот. „Кој излезе на протест, ќе си оди дома“, им велел супервизорот во една од линиите, тврдат вработени.

Во кичевката фабрика вработените се пријавени на 10.100 денари. За да го заработат максимумот, или 17.000 денари, мораат да работат цел месец без ниту еден ден слободен. Велат дека се експлоатирани и дека одговорните се однесуваат со нив силеџиски, со присилба и закани. Работат во три смени. По трета смена мораат да дојдат на работа на втора, а по втора на прва смена. Со тоа им остануваат само осум часа одмор. Неретко, велат, вработените се онесвестуваат од превработеност.

-Ми се случи еднаш колешка да падне пред мене во несвест, не можеше да издржи цел месец без одмор. Тогаш ми прекипе. Имаше таков случај и неодамна. Дечко на околу 23 години исто се онесвести од премореност. Не можевме да го освестиме додека не дојде болничарката. Тоа често се случува. Цел месец одиме на работа под присила. Ако одбиеме да се појавиме на викенди, ни се закануваат дека ќе не избркаат – вели Слободан Страшеноски, претседател на синдикалната организација кој беше избркан од работа по нејзиното формирање.

Вработените се жалат од оброците кои ги добиваат по макторпната работа на линиите. За време на трета смена добиваат конзерви со сардини, туна или месен нарезак, и изобилство од леб, велат тие.

Условите под човечкото достоинство ги натераа пред еден месец да формираат синдикална организација. Но само неколку дена потоа, договорите за вработување на определено од шест месеци им беа намалени на еден месеци. Потоа следеше принуден одмор за десетина членови од синдикалната организација, по што им било соопштено повеќе да не се враќаат на работа, тврдат тие.

Американската инвестиција „Ки Сејфти Систем“ своите погони во Кичево ги отвори во 2015 година со најава дека ќе бидат вработени над 1000 луѓе. На отворањето, тогашниот премиер Никола Груевски, изјави дека девет години траеле преговорите со Американците да инвестираат во земјава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom